Седницата на Собранието посветена на опозициски пратенички прашања беше прекината со едночасовна пауза, откако опозицијата реагираше дека во пленарната сала не се присутни министрите кои треба да одговараат на нејзините прашања. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, предупреди дека со барањето за пауза опозициските пратеници сами си го преполовуваат времето предвидено за прашања, па наместо два часа, на располагање ќе имаат само еден час. ...

Според Апасиев, проблемот произлегува и од составот на владејачкото мнозинство, кое го сочинуваат три политички субјекти – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Тој предупредува дека, доколку секој од нив побара по едночасовна пауза, практично може да биде оневозможено одржувањето на целата седница за опозициски прашања. Апасиев смета дека ваквото толкување на собраниските правила го доведува во прашање правото на опозицијата да ја контролира работата на ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го обвини собранискиот спикер Африм Гаши дека ја оневозможил седницата за опозициски пратенички прашања преку „креативно толкување“ на Деловникот. Во објава на Фејсбук, Апасиев тврди дека Гаши паузите ги пресметувал во двочасовното време предвидено за поставување прашања од опозицијата и за одговори од страна на власта, иако за време на паузите пратениците не работат. Според Апасиев, проблемот ...

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, го обвини претседателот на Собранието Африм Гаши дека ја саботирал седницата за опозициски пратенички прашања преку „креативно толкување“ на Деловникот. „Спикерот Африм Гаши само што ја саботираше седницата за опозициски пратенички прашања! Со изигрување на Деловникот и негово „креативно толкување“, земањето пауза (кога пратениците не работат), злонамерно го брои во ефективното работно ...

Пратеничката група на Левица реагираше на денешниот обид на претседателот на Собранието, Африм Гаши, да го прекине одржувањето на седницата за пратенички прашања на опозицијата, повикувајќи се на наводно исцрпување на предвиденото време поради искористените паузи. Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, посочи дека ваквото толкување на Деловникот е неправилно и претставува злоупотреба на претседателската функција со ...

По повеќемесечни барања, реакции и молби од пратениците од опозицијата кон собранискиот спикер Африм Гаши да ги обезбеди премиерот и министрите да дојдат на седниците за поставување прашања само од опозиционите пратеници, денеска пратеничката Рина Ајдари кога ги виде повторно празни столчињата за Владата, побара еден час пауза за Гаши да ги најде и донесе во сала. На тоа Гаши искоментира: „Во ред, но само си го кратите времето за опозициски ...