Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Вечерва, после еден темелен муабет со Милка Анчевска и Марина Колоска, по којзнае кој пат си поплакавме дека статусот во оваа држава ни е комплетно нерешен и дека сме до толку утепани што дури ни занимањата ни ги нема во регистарот на занимања, односно професии. И така јас го отворив документот наречен „Национална класификација на занимања“. Просто сакав да се пронајдам негде и да имам чувство на припадност во земјава во која живеам и плаќам ...
Висока руска црковна делегација предводена од митрополитот Антониј е во посета на земјава. Оваа посета предизвика многу прашања зошто се настојува да се држи далеку од вниманието на јавноста. За оваа посета реагираше новинарот и аналитичар Насер Пајазити, кој напиша дека оваа посета се обидува да се случи далеку од очите на јавноста. Тој понатаму напиша дека руската црква е силен поддржувач на рускиот диктатор Владимир Путин и неговите ...
Илустраторката од Бруклин, Карлота Фрајер, ги акцентира различните аспекти на секојдневното преку енергични, надреални композиции. Често работејќи по нарачка за поголеми едиторијали и рекламнни проекти, Карлота при изработката на своите илустрации најчесто тргнува од одредено расположение, наратив или убедлив факт кои се развиваат во живописни сцени, слични на сцените од соништата со надреални елементи. Во нејзините илустрации, Карлота си ...
„Невработен, јаде домат“ е стих од песна на Микис Теодоракис за млад човек што страда. Со тоа добро е опишан општествениот статус на доматот: доматот е најлесен зеленчук, зашто може да се јаде без подготвување, дури и без сол, и со леб претставува комплетен оброк, а притоа е евтин, особено во лето. Толку евтин, што за шпанскиот празник Ла томатина тони домати се расфрлаат по улиците на градчето Буњол во близина на Валенсија, за домашните и ...
Арон Шварц и неговите колешки и колеги ја направија дигиталната библиотека Open Library со цел да ги направат достапни книгите од јавен интерес, оние кои не потпаѓаат под авторски права или се истечени, или пак оние кои веќе не се во печат. Денес на openlibrary.org се достапни повеќе од 2,5 милиони книги. За овој прерано починат интернет активист, овозможувањето пристап до знаењето беше една од клучните цели во животот. Многуте проекти кои ги ...
Кинеската архитектонска фирма Condition_Lab решава да направи општествено влијание и да зачува дел од традицијата градејќи објект кој го истакнува архитектонското наследство на регионот преку елегантни, современи детали. Народот Донг е еден од 56-те етнички групи официјално признати од Народна Република Кина кои живеат претежно во источен Гуижоу, западен Хунан и северен Гуангкси, а може да се најдат и во провинцијата Тујен Куанг во Виетнам. ...
По низата немили настани и случаи на насилство врз улични кучиња, меѓу кои и убиените кучиња во Струга, група активисти преку социјалната мрежа Facebook, повикува на протест. Протестот кој ќе се одржи во петок, 13 јануари, пред Владата, со почеток од 16 часот се организира, како што велат, со цел да се запре убивањето и мачењето на кучињата. Ви го пренесуваме повикот во целост. Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за ...
Насер Џемаили од Тетово, кој по струка ветеринарен техничар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе. „Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите препреки да продолжам да ја развивам фармата. Пред четири години почнавме да се занимаваме и со рурален туризам, отворивме коњички клуб и организираме тури со коњи низ цела Шара“, вели Насер. ...
Идејата дека владата, политичарите или парламентот можат да им помогнат на работниците со ниски примања едноставно со наложување на покачување на платата е „прекумерна гордост кон или пркос кон боговите, што доведува до пропаст“. Иако реториката за минимална плата можеби звучи хумана, реалноста е сосема поинаква. Принудувањето на капиталистите да им плаќаат на нискоквалификуваните работници повисока од пазарната плата - во отсуство на какви ...
Три дијазепами не ми беа доволни да се смирам кога случајно на јутјуб-каналот налетав на едно видео направено од нашите „браќа“ Бугари, насловено „компилација македонизам“. Видеото е наменски создадено за да нè исмеат, да нè претстават како карикатури што се граничат со деловната и психомоторната способност. По тоа што го видов и повеќе сме од тоа. Имено, во комплотот од јавни настапи, говори и изјави на наши повеќе или помалку познати и ...
ПРВА ПОУКА НА ГАВРАНОТ Господ проба Гавранот на говор да го учи. „Љубов“, рече Господ. „Речи, љубов“. Гавранот зина и бела ајкула в морето се плувна, Се стркала прудолу, својата длабочина ја откри. „Не, не“, рече Господ, „Речи, љубов. Пробај. ЉУБОВ“. Гавранот зина и сина мува, це-це, комарец Збрмчеа и устрем фатија Кон нивните разнородни цели од месо. „Последен обид“, рече Господ. „Ајде, ЉУБОВ“. Гавранот се напна, зина и блувна, Необична ...
Чарлс Симиќ е реченица. А реченицата има почеток и крај. Дали е тој проста или сложена реченица? Тоа зависи од времето. Зависи од ѕвездите над нас. Што е подмет на таа реченица? Подмет е вашиот сакан Чарлс Симиќ. Колку има глаголи во таа реченица? Јадење, спиење, и ебење, тоа се некои од глаголите во неа. Што е објектот на таа реченица? Објектот, мали мои, Уште не е на повидок. А кој ја испишува таа незграпна реченица? Уценувач, вљубена ...
И покрај фактот дека последен пат Латимер го наводнил шишето во 1972 година, градината во запечатено шише сè уште расте енергично како и секогаш. Кога Дејвид Латимер засадил семе во стаклено шише, во неделата за Велигден, 1960 година, тој не ни помислувал дека тоа ќе прерасне во мини градина што ќе напредува недопрено со децении. И покрај фактот дека последен пат Латимер го наводнил шишето во 1972 година, градината во запечатено шише сè уште ...
По лошата година за нив, автократите ширум светот мора да се воодушевени: пред втората годишнина од бунтот на Капитол, САД на запрепастената глобална публика ѝ пружија спектакл на демократскa дисфункционалност. Републиканската фракција која како заложник ја држи цела Америка – најекстремната десница во рамки на Републиканската партија која де факто стана десничарска партија – сака да нè убеди дека тоа е демократија: фрустрирачки хаос кој води ...
На 7 јануари 2015 година, канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ беа цел на терористички напад. Пукањето во „Шарли Ебдо“, како и серијата терористички напади што ја потресоа Франција, и целиот свет во тој јануари 2015 година, ги одземаа животите на 17 лица, вклучително и 11 новинари и безбедносни лица во канцелариите на списанието во Париз. Овој терористички чин го фокусираше вниманието на заканата од милитантниот ислам, но ...
Дали децата треба да растат лишени од дигиталните уреди или сепак нивната контролирана употреба е вистинското решение за правилен развој на детето во современиот свет? Тригодишниот Лука од Ниш, град на југот на Србија, држи играчка - плишено кученце, под раката, додека минува со прстот преку екранот на мобилниот телефон. Неговата помлада сестричка пак, нетрпеливо го гледа, а потоа - на звуците на детската песна што тој ја избрал - двајцата ...
„Листата на вашите поранешни добитници е толку знаменита, што јас не сум чул за друга поетска награда каде било во светот што може да се мери со неа“ - Симиќ во Струга во 2017. (Фото: СВП) Почина Чарлс Симиќ (85 години), американски поет со српско потекло, есеист и преведувач, добитник на Пулицеровата награда и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017. Симиќ е роден во 1938 во Белград, а во САД емигрирал во 1953 ...
Почина архитектот Трајко Димитров, кој е дел од првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949, соопшти семејството. Имаше 92 години. Негови позначајни реализирани дела се Пристанишната аеродромска зграда „Скопје” во скопски Петровец, Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје, Природнонаучниот музеј во Скопје, Кошаркарската сала „Работнички” во Скопје, (со арх. Ж. Гелевски), ...
Вкупниот светски долг изнесува околу 350 отсто од светскиот бруто-производ. На прв поглед насловот наликува на хаику песна, но се работи за мисла на Харуки Мураками, која е толку вертикална и моќна, како да е термодинамички закон што е применлив буквално на просторот на целата вселена. Овој закон можеби ја утврдува непобитната вистина на секој ентитет во природата, а тоа е дека колку подолго постои, толку повеќе му „расте“ историјата, и толку ...
Секоја година во јануари се одржува “Денот без панталони” на кој многу луѓе, претежно од САД и Велика Британија, одат на работа, возејќи се во метрото без пантолони. Сè започнало пред 12 години, како шега на седум момци, која ја прифатиле и други луѓе, па набрзо се проширила и прераснала во настан кој се одбележува секоја година. Настанот го креирала групата Improv Everywhere во Њујорк при што секоја година се менува точниот датум, но во ...
Сузана В. Спасовска го започнува своето истражување на феноменологијата на слободниот стих мошне директно и храбро, без излишни заобиколувањa, со тврдењето дека оваа поетска форма воопшто не е нова појава и дека нејзината феноменологија е исто онолку стара колку и онаа на класичниот стих. Во прилог на изнесената теза говорат и поместувањата на солидната и авторитетна традиција на стихологијата, која како наука што ги проучува законитостите на ...
Грабнувачите праќаат фотографија на заложникот, исклештен, како држи вчерашен весник. Тоа го нарекуваат „доказ за живот“. Тие мали посекотини и инфекции на рацете од иверки и трње кои сведочат дека сум работел надвор неделава. Излудувачки необичното чистилиште на песната „Against the Wind“ на Боб Сигер и Silver Bullet Band која три дена непрестајно ми се вртеше во главата, додека четвртиот конечно не престана. Звукот на алишта што се вртат во ...
Уметницата Криси Луш од Флорида создава серија автопортрети кои ги изразуваат нејзините длабоки внатрешни чувства и тенденцијата цврсто да се држи до младоста наспроти минливоста на сите појави во животот. Во серијата автопортрети со наслов "Држи ме цврсто," Луш се осврнува на полнењето 40 години што официјално се смета за влегување во средна возраст, при тоа буквално држејќи се за младоста и замислувајќи се себеси на низа патувања со ...
Ако постои машина за патување низ времето која би можела да нè однесе во добата на Винсент Ван Гог и Клод Моне, веројатно би ни било многу тешко да им ги објасниме случувањата од 21 век: затоплување на планетата, сè пострашни последици од климатската криза, процес на фаќање јаглерод во индустриските постројки, обновливи извори на енергија и тенденција кон јаглеродна неутралност. Меѓутоа, без оглед што големите светски сликари не се тука да ...
Напад врз домот на демократијата, спречување мирен трансфер на власта, странски интервенции врз демократски држави, насилство, крв, трауми, партиски челници како организатори – ова се сличностите меѓу насилниот упад врз Капитол Хил, зградата на Конгресот на САД, на 6 јануари 2021 година и насилниот упад врз македонскиот Парламент на 27 април 2017 година. Домот на Конгресот на САД, Капитол Хил, на почетокот од годинава повторно се отвори за ...
Идеја за ријалити шоу од Reddit: 11 геј мажи и еден стрејт се заклучени во една куќа. Целта на гејовите е да откријат кој не е геј. Еднаш неделно некој е изгласан да си замине, сè додека не останат двајца, или не го исфрлат стрејт мажот. Доколку гејовите успеат да го откријат и изгласаат да си замине, ќе освојат милион долари. Ако стрејт мажот е меѓу двајцата последни во куќата на крајот, тој ќе го освои милионот. Е сега, тука е замката: ...
Да се сетиме на вицот за истражувачот со домородното племе. „Дали меѓу вас има канибали?“, прашува тој. „Нема“, одговараат тие. „последниот го изедовме вчера“. За да се конституира цивилизирана заедница јадејќи го последниот канибал, завршниот чин мора да се нарече поинаку. Тоа е еден вид првобитен грев кој мора да се избрише од сеќавањето. Така е остварена и транзицијата кон модерен правен поредок на американскиот „див запад“ преку брутални ...
Цената на природниот гас на берзите падна на 73 евра за мегават час. Оваа цена е пониска и од цената по која гасот се продаваше пред војната во Украина. Северна Македонија пак за јануари преку јавен оглас набави гас по цена од 115,9 евра, но и покрај бројните коментари дел од експертите велат дека кога е криза со енергенси најчесто се одбира понуда која е стабилна и сигурна, особено во најкритичниот месец во годината, но и со земја како ...
Како ќерка на стјуард и стјуардеса кои ја воделе на деловни патувања во далечни места ‒ Сингапур, Венецуела, Австралија, Индија ‒ фотографката Стефани Џенготи навикнала на живот во движење. Кога, значи, пред шест години почнала да ги следи семејните циркуски трупи ширум Европа, искуството ѝ се видело познато. „Чувствувам дека овие луѓе ми се блиски оти и самата потекнувам од семејство на патници“, вели Џенготи. „Се врзав за нив. Тоа ме ...
Пред неколку години американскиот психоаналитичар Џорџ Атвуд напиша интересен, но и многу духовит текст за психолошкиот проблем што го нарекуваме „биполарно растројство“ или „манично депресивна шизофренија“. Во својот текст, Атвуд зборува за мрачниот свет на „духовите“ и „демоните,“ често споменувани од страна на неговите пациенти во состојба на психоза. Тој се прашува, од каде доаѓаат овие „духови“ и други суштества кои плашат и прогонуваат ...