Селекторот на женската македонска ракометна репрезентација Игор Марковиќ го објави скратениот список од 19 ракометарки за турнирот во Анкара, а воедно тоа е и изборот за Европското првенство. Меѓу повиканите се наоѓаат 15 ракометарки, кои настапуваат во странство, а тоа се: Сара Ристовска, Јована Мицевска Митев, Ивана Џатевска, Јована Кипријановска, Драгана Петковска, Андреа Седлоска, Теодора Дукоска, Марија Гугуљанова, Ивана Арсениевска, ...
Селекторот на женската ракометна репрезентација, Игор Марковиќ го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за престојната ЕХФ недела и воедно турнирот во Турција. Нашите девојќи ќе бидат дел од турнирот во Анкара каде освен со домаќинот ќе ги одмериме силите со Италија и Финска, предизвици кои ќе бидат генерална подготовка за Европското првенство. Марковиќ се одлучи за 19 ракометарки од кои најголемиот дел од нив се интернационалки. ...

