Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Станувајќи взори да мочам, помислив дека те видов Склопчан на фотелјата со главата издигната да ме погледнеш Како што обично правеше во тоа време. Но следниот миг, Посвикнат на мракот, тука имаше само шише И крпа за лице. Доволно време сепак Љубовната одговорност да премине На мене. Особениот карактер на мртвиот Извор е на нашето чувство за жалост и загуба; Така, враќајќи се во постелата, одбивав да се сетам На она што знаев дека ми е ...
Во завршницата на 2022 година ни се заканува сериозна поплава предизвикана од крокодолски солзи од пуста севда по мечкина љубов. Оваа појава не и е непозната на нашата јавност, но овој пат емоцијата и фреквенцијата на нејзиното изразување заслужува посебно внимание. Токму заради тоа во оваа прилика ќе се осврнеме на три од најпромиментните примероци на причинетелите на овој дожд од крокодилски солзи по мечката. Првото место, секако, му ...
Еу воведе санкции против директори на „Јандекс“ уште на почетокот на војната, што предизвика оставка на неговите клучни луѓе во раководството. Претседателот Стево Пендаровски во разговорот за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека според она што може да го соопшти најголемиот дел од дојавите за поставени бомби во Македонија доаѓале преку рускиот интернет пребарувач „Јандекс“. Но притоа се огради околу можните испраќачи, велејќи дека ...
Ен Купер, аниматорката со седиште во Лондон, е авторка на новото музичко видео за композицијата “Јас само спијам” (I am only sleeping) на Битлси. Краткиот анимиран филм ја доловува заменоста карактеристична за преминот од будност во сон, сето тоа претставено преку 1300 кадри – 1300 слики во техника масло на платно, рачно насликани од страна на Купер, споени на целулоид. Композицијата која е првично издадена во 1966 година, сега е дел од ...
Сите знаеме дека би требало да ја рециклираме пластиката. На училиште, дома и на работното место нè учат за трите Р: „редуцирај, употреби повторно, рециклирај“ (reduce, reuse, recycle). Од мали нозе учиме да ја одвојуваме пластиката од отпадот со помош на триаголникот за рециклирање и да ги изнесуваме кантите еднаш неделно зашто тоа може да помогне во борбата против загадувањето, особено загадувањето на океаните. Нè научија дека сите можеме ...
Единствената специјализирана едиција Арго на издавачката куќа Или-Или посветена на преводи на дела од античката литература кај нас, поврзува авторски имиња со специфичен етхос, отвора простор за избор споделувајќи дела како места за мислење и начини на живот. Такви се имињата на прозаистот и беседник Лукијан од Самосата и неговата новела Вистинска приказна, која пародирајќи ги елементите на античкиот авантуристички роман денес се восприема ...
Американското Министерство за енергетика најави епохално откритие во производството на енергија од фузија: според првите извештаи на научниците од владината Национална лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија за прв пат, макар и за миг, им пошло од рака, со својата сложена и скапа машинерија да произведат повеќе електрична енергија отколку што им е потребно за да ја покренат истата. Овој напредок е од големо значење – всушност, ...
Кога гледаш одозгора, Пената во заоблениот залив, крило е гускино ‒ Кое се оперјува... оголува... само од себе. Кога гледаш одозгора, Полето е скут, а стоговите копчиња Што за земјата го закопчуваат. Кога гледаш одозгора, Куќата е нема направа чија намена Дамна застарела. Но кога ќе се симнеш долу, Големите бранови се ледена згура и Тревиштето буи од смраден живот. Кога ќе се симнеш долу, Полето е скудна, или изобилна жетва, извор На болка во ...
Неколку песни, раскази и записи на Дирјан, за птиците. Слики: Лаура Макабреску. ЧАС ПО ЛЕТАЊЕ Една малечка ластовица на својот прв час по летање, сосема неочекувано влета во собата, каде што се обидував да ја научам да полета тукушто напишаната песна. Толку лет во место, нагло удирање во ѕидот, па нов залет кон плафонот. Превртена наопаку, таа е бела пердувеста празнина, па црна мала чкртаница што го поместува нервозниот курсор на раката и ...
Најраниот пример за разнобојно печатење сега е достапен за очите на јавноста, дигитално, преку страницата на Дигиталната библиотека на Универзитетот во Кембриџ. Книгата која датира од 17 век, всушност е Прирачник за калиграфија и сликарство (Ши жу жаи шу хуа пу), и е толку кревка што претходно беше забрането да се отвора, а нејзината содржина беше целосна мистерија пред неодамнешното започнување на процесот на нејзината дигитализација. ...
Поради надминување на нивото на загадување, односно на присуство на ПМ 10 честичките во воздухот, денеска стапуваат во сила мерките и препораките за заштита од загадувањето во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, затоа што во текот на два последувателни дена е надминато дозволеното ниво. Од Министерството за животна средина и просторно планирање посочуваат дека во Скопје е забележано надминување на вредноста од 150 mg/m3 на мерните места во ...
Напуштање на пацифистичката безбедносна доктрина во Јапонија наметната по поразот во Втората светска војна и прилагодување на реалноста, така би можела да се оцени новата јапонска стратегија за одбрана која ја усвои владата на премиерот Фумио Кишида. САД ѝ наметнаа пацифистички устав на Јапонија. Но од завршувањето на Втората светска војна поминаа 77 години, околностите се променија, а променетите околности ги менуваат и обичаите. Моќното ...
Неодамна наидов на твит во кој пишуваше нешто вакво: „Објавувањето на 'грид' сега изгледа некако морничаво“. Зборуваа за Инстаграм - апликација чиј фазон беше објавување слики во 'грид'. И сфатив дека се во право. Заради некоја причина објавувањето на Инстаграм сега изгледа некако морничаво. Очигледно, ништо од ова не е важно ако не сте самосвесен тинејџер (да се биде кринџ значи да се биде слободен, итн.). Но самиот разговор сугерира дека се ...
Извор: Дојче Веле Последниот попис во Северна Македонија ги потврди претпоставките дека со забрзано темпо се празнат македонските села. За разлика од пописот во 2002 година, кога биле избројани 147 испразнети населени места, за 20 години, бројката е зголемена на 205. Последниот сет на податоци којшто го објави Државниот завод за статистика покажува дека во земјата има вкупно 1.781 населено место, а 205 се празни. Во дури 218 населени места ...
Низ непроѕирната ноќ бришачот Жнее заграб вода Од ветробранското стакло; трепериме И тешко се држиме до патот, Сè што можеме да видиме е исечок Од црниот светкав асфалт Со бришачот што по него се движи Чистејќи, флекајќи, чистејќи. Но за патот што да се каже? Едноличноста на неговата едвај Видлива закривеност, таинственоста На неговите далечни невидливи рабови, Ќе бидат ли секогаш со нас, И ноќта ќе се прекршува ли само Низ светлата на ...
Се разбира дека се обидував да му кажам но тој ја наведна главата без извинување. Му реков, небото го гони сонцето А тој се насмевна и рече: „За џабе“. Пак се осетив како демон и реков: „Но океанот ја гони рибата“. Овојпат тој се насмеа и рече: „Да замислиме дека можеме јагода да набутаме во брег“. После тоа знаев дека војната е објавена ‒ и започна двобојот; Рече: „Количка со јаболки небаре ангел‒метла чкрипат & се распаѓаат стари ...
Ти сакаш: градина на покрив со бродски под, минијатурни палми и градинарска гарнитура од бор, параван со дезен на пеперуга, неколку зимзелени ползавки, украсно стебло од јаболко во стаклена тегла од матирано стакло, со гранки што се свиваат под товарот на малите напупени плодови. Jас сакам: да ја премачкам твојата боровина со заштитен слој со боја на сонце, да напикам вртимушки во твоите тегли од матирано стакло и да испообесам големи ...
Гугл ја објави листата на најпребарувани поими за 2022 година на која се јавуваат и поими кои ќе изненадат многумина. Wordle е терминот кој се рангираше на прво место по пребарувања оваа година во светот. Се работи за игра со погодување зборови која стана исклучително популарна во последно време. Целта на играта е да се погоди збор од пет букви во шест обиди. Се чини дека милиони луѓе ширум светот ја играа оваа игра, или пак се интересираа да ...
Дебра Берние е извонредна уметница од Викторија, Канада. Таа во изработката на своите скулптури користи природни материјали, како што се дрво, глина и школки за да создаде скулптури кои делуваат хипнотизирачки поради деликатната изработка и уникатниот изглед. Овие комплексни парчиња уметност ги претставуваат, како што вели уметницата, "духовите на природата како луѓе кои се спојуваваат со природниот материјал. Скулпторката наоѓа инспирација ...
На неодамна одржаниот 20-ти конгрес на Комунистичката партија на Кина, Си Џинпинг го зацврсти апсолутното владеење на еден човек. Комунистичка Кина никогаш не била демократија, но нејзините лидери во периодот по Мао внимателно ги слушаа гласовите кои пристигнуваа од пониските нивоа на државната хиерархија и ги отфрлаа неуспешните политики пред да направат катастрофални последици. Централизацијата на власта на Си воведува поинаков пристап и ...
Проблематичната Ева се пробивала со својата убавина како тв водителка, па стекнала висок политички статус. Но како вечен фракционер во ПАСОК е испратена подалеку од националните граници. Така, вирусот од ова поднебје - не ми треба функција ако нема гоолема лична корист – се раширил на „трулиот“ Запад, кој за Балканците и онака е простор каде парите лебдат во воздухот како пелудот од тополата и само треба да се соберат. „Како што тргнало, овие ...
Вечерва (22 декември), со почеток од 19 ч. во Europe House ќе се одржи промоција на трите книги од едицијата АРГО на издавачката куќа Или-Или: „Вистинска приказна“ од Лукијан од Самосата (превод од старогрчки), „Медеја“ од Л.А. Сенека (препев од латински) и „Втора филипика“ од М.Т. Кикерон (превод од латински). Преводот на книгите е на Светлана Кочовска Стевовиќ. За книгите од едицијата АРГО ќе зборуваат: Весна Димовска (Институт за класични ...
Во студената ноќ на 22 декември во 1908 година во Велес, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека новородениот син ќе биде значен дел од конечното создавање на државноста на македонскиот народ, кој заедно со создавањето на државата ќе придонесе и за отворањето на патот кон слободата и социјалната правда коишто ќе ги воспева низ неговата поезија. На тој ден се роди Коста Солев Рацин, човекот ...
Во доцните 1980-ти, селото Дафен во Шенжен, Кина - дом на неколку стотици луѓе – се претвори во она што денес е познато како „светска фабрика за уметност.“ Во текот на изминатите триесетина години, производителите произведоа илјадници копии на добро познати слики од западните мајстори како Винсент Ван Гог, Леонардо Да Винчи и Едгар Дега. Во долгометражен документарец под наслов Кинески Ван Гоговци, филмаџиите прават интимен портрет на ...
Организацијата Pesticide Action Network Europe (PAN Europe) уште еднаш предупреди дека европските земјоделци не ги поддржуваат напорите употребата на пестициди во овоштарството да се сведе на минимум. Иако европската стратегија планира да ја преполови употребата на овие хемикалии до 2030 година, последниот извештај покажува дека овошјето никогаш не било позагадено како во последните години. Повеќе од 44.000 примероци на свежо овошје биле ...
Приказна за permacrisis, gaslighting, woman и goblin mode. Првите пе-чес збора склепани во насловот пред „или“ се мои (некои се као демек општоприфатени) преводи на четирите предбожиќно и новогодишно објавени зборови на годината у енглеско говорно подручје со коешо ја се занимавам; значи, по насловски редослед, permacrisis (според Колинс речникот, мојот најмалку омилен); gaslighting (според Мерием-Вебстер, речник шо баш го сакам, зашо зборот ...
Објавата на Леонел Меси, споделена на Инстаграм откако Аргентина стана светски првак во фудбал, со над 68 милиони лајкови стана најлајкуваната фотографија во историјата на социјалната мрежа Инстаграм, според Гинисовата книга на рекорди. Иако победничкиот гол го даде Гонзало Монтиел, и донесе триумф за целиот аргентински тим - а всушност и за целата земја, која вчерашниот ден (21 декември) го прогласи за национален празник, - победата беше ...
Тајванскиот скулптор Хан Хсу-Тунг наоѓа невообичаен начин да ја изрази својата уметничка визија. Користејќи мек западен кедар или лаосска ела, Хан изработува дрвени животни и фигури кои покрај нивната основна форма се изматени во пиксели. Секое дело ја меша компјутеризираната визија со традиционалниот медиум, укажувајќи на "расфрланата" природа на виртуелниот свет и на тоа како индивидуалните елементи се суштински за целината. Извор: ...
Чобане врати се!,- покажува анктетата на ИРИ според која македонските граѓани довериле највисок политички рејтинг на Никола Груевски. Зошто воопшто во анкетната листа се нашло името на илегалецот од Будимпешта кој воедно е на црната листа на САД е друго прашање, но довербата што му ја дале граѓаните навистина е феномен за подлабока анализа. Анкетата дава и други интересни психолошко- социолошки сигнали –две третини од граѓаните (73 отсто) ...
Изгледа дека Илон Маск во еден момент почувствувал празнина - доволно голема за да плати цели 44 милијарди долари за Твитер. Тој е еден од пионерите на онлајн плаќањето, човек кој ја промени автомобилската индустрија, го револуционализираше патувањето во вселената и експериментираше со директен интерфејс помеѓу мозок и компјутер. Револуционерните технологии го направија најбогат претприемач во светот. Но бројните достигнувања и богатството не ...