Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Овие денови размислував каков текст да напишам за малиот јубилеј – пет години ПРКОС. Розов или реален? Субјективен или објективен? Да ви се фалам или да се жалам? Сепак, се решавам, сосема на кратко, во два-три пасуси, да ја прикажам стварноста. Видена од моја перспектива, секако. Да ти се падне паричката да се занимаваш со најкомплексната проблематика во најчудната земја не е ниту најпродуктивната, ни најзабавната работа на светот. Ама ...
Во четврток, 2 февруари, со почеток од 19:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Џакомо Џојс / Giacomo Joyce“, кратка проза од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска. Книгата е прво самостојно двојазично издание на Марија Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и ...
Задачата да објави дека Фејсбук повторно е отворен за подлите работи на Доналд Трамп му беше доверена на Ник Клег, некогашна надеж на британските либерали, денес во жална улога на глобален лобист на оваа компанија со големи Пи Ар проблеми. Оваа одлука е погрешна, но тешко дека означува крај на демократијата, како што мислат алармистите за кои Фејсбук е олицетворение на фашизмот. Иако последниот потег на најголемата социјална мрежа на светот ...
За 560 сантиметри висински е намалено Преспанското Езеро за две години, а водата драстично се повлекува и од брегот, тоа се мери во километри. Засега никој нема точен одговор која е причината за значителното повлекување на второто најголемо природно езеро во Македонија. Екологисите и жителите на околните населени места во Преспа со години алармираат за овој голем проблем, но засега нема конкретни акции со кои би се спречило повлекувањето. ...
Свесни или не, се определуваме за национализам, второто име за насилство. Ги препознавам манифестациите на национализам од годините на распадот на Југославија. Тоа е онаа егзалтација со својата нација исполнета со чувства на супериорност или со чувство на жртва. Тоа е претераниот патриотизам кој толку често води до конфликт. За националистите во југословенските републики виновни за сè беа другите, а жртва на федералното уредување беа само ...
Голема птица се спуштила овде. Нејзината песна ги извлекла луѓето од карпа, Живи луѓе кои излегле од расје и кал. Нејзината песна долините ги озарила И јарем ѝ ставила на пустелијата ширна. Нејзината песна донела кристал од семирот И го сместила во главите на луѓето. Потоа птицата умре. Нејзините гигантски коски Поцрнеа и се сторија тајна. Кристалот во главите човечки Поцрне и пуздер се стори. Долините згаснаа. Пустелијата во слобода се ...
Според најновите проценки на научниците од Нов Зеланд, речиси 5 000 честички микропластика секојдневно се таложат на еден квадратен метар на некој од покривите во Оукленд. Тоа е рекорд во споредба со другите светски метрополи, како Лондон, каде мерењата покажаа дека во просек паѓаат „само“ 771 честичка микропластика на површина со иста големина. Сепак, научниците истакнуваат дека ова не значи нужно дека и воздухот во Лондон е помалку загаден ...
Во францускиот и некои други јазици како мојот словенечки постојат два збора за „иднината“ кои не можат адекватно да се преведат на англиски: футур и авенир. Футур ја означува иднината како продолжение на сегашноста, како целосна актуелизација на веќе присутните тенденции, додека авенир укажува на радикален прекин, дисконтинуитет со сегашноста - авенир е она што доаѓа (à venir) а не само она што ќе биде. Ако Трамп го победеше Бајден на ...
Почитувани медиуми, почитувана јавност, За жал, сепак мораше да дојде и ваков ден, каде што наместо прес-конференција на која ќе ја израдуваме јавноста со тоа: што ново сме успеале да креираме, што програмски сме успеале да обезбедиме и што ќе претставиме пред културната публика на современо Скопје, ќе мора да одговараме на прозивки, обвинувања и партиски инсинуации за евентулани нерегуларности, злоупотреби, толкување на вистини и закони во ...
Центарот за современи уметности – CAC Скопје, започна иницијатива за уредување, чистење, варосување и основна реконструкција на локалните партизански споменици и спомен обележја. Како што наведуваат од таму, “Неретко запуштени, зараснати во капини и жбунови локалните партизански споменици по селата, крај патиштата и планининте сведочат не само за индивидуалните и групни херојски чинови на нашите претци и дедовци туку ја раскажуваат локалната ...
Мексиканската надреалистка, родена во Британија, Леонора Карингтон (1917–2011), го помина целиот свој живот истражувајќи ги езотеричните традиции на различни култури, а нивните идеи и симболи ги вклучува во нејзиниот уметнички и литературен опус. Тибетскиот будизам, кабалата, древната египетска и месопотамиска магија, келтската митологија, вештерството, астрологијата и таротот се филтрирани низ нејзиниот феминистички објектив, создавајќи ...
Христијан Пендиков, секретарот на бугарското здружение „Цар Борис Трети“, кој беше претепан на 19 јануари во Охрид, деновиве е главна тема по медиумите, особено поради зголемените тензии меѓу Скопје и Софија, која ја обвини нашата земја за кршење на правата на припадниците на бугарското малцинство. Тензиите пораснаа до тој степен што дел од бугарските националисти и политичари се заканија дека ќе ги блокираат преговорите за пристапување на ...
Германската влада и канцеларот Олаф Шолц попуштија пред долготрајниот притисок на одредени сојузници на НАТО во однос на испораката на современи тенкови Леопард 2А6 за Украина. Освен што само Берлин ќе испрати четиринаесет тенкови, им дозволи и на другите земји кои ги имаат во својот инвентар - Полска, но и Финска, Холандија но и другите - да му ги испратат на Киев. Според медиумските извештаи, за промена на ставот на Шолц клучно беше тоа што ...
Американските научници измислиле специјален спреј за храна кој може да ги испрати во заборав кесите со овошје и зеленчук за еднократна употреба. Иако сè уште се развива, користењето на спрејот би ја намалило потребата за пластична амбалажа, на безбеден и одржлив начин. Наместо да се купува свежо овошје и зеленчук во пластична амбалажа за еднократна употреба, наскоро тие би можеле да бидат покриени со тенок проѕирен слој супстанција што може ...
Семејната фарма Коко Фарм, лоцирана во штипското село Чардаклија одгледува пуштени кокошки. Ова е едно од првите одгледувалишта на кокошки во Македонија што пред 6 години се одлучила да ги одгледува на ваков алтернативен начин. Андреј од Коко Фарм ја раскажува својата успешна приказна. „Ние сме Коко Фарм – семејна фарма за одгледување на пуштени кокошки во с. Чардаклија Штип. Со генерации сме поврзани со животните и научени сме да ги сакаме, ...
Џоан Дидион е американска писателка, колумнистка, новинарка. Таа стана позната по нејзините есеи кои се занимаваат со распаѓањето на американската култура и американскиот морал, како и со индивидуалната и социјалната фрагментација. Нејзини најпознати дела се: Slouching Towards Bethlehem (1968), Play It As It Lays (1970), The Year of Magical Thinking (2005). Има пишувано за големи списанија како што се: Life, Esquire, The Saturday Evening ...
‘moonless night in the small town starless and bible-black’ Dylan Thomas Under Milk Way Џабе се израдуев на спањето у крајната студена спална, у креветот до големиот џам од кој обично уживам у месечината над брезите близначки. Се погодија деноите на млада месечина и ниски облаци. Црни темници. И негде околу 3-4, кога обично се будам, беше и тотална тишина, ни џукците не подлафнуваа негде по Манаќија. За момент си помислив дека сум се ...
Огромните инженерски проблеми на кои ќе наидеш во обидот да се распнеш на крст без помошници, без чекреци и запчаници и други прирачни механички средства – во мала, празна, бела соба, на една столица со разнишани ногари за да се поткачиш во висина на таванот – со само еден чевел за да ги заковаш клиновите. Да не спомнувам дека треба да си гол во случајот – за да ти се види секое ребро и секој мускул. Левата рака веќе ти е закована, и само ...
Со Исток Улчар почнуваме нов циклус на Прашалникот, овојпат посветен на книгите и читањето. Овде можете да ги видите одговорите од стариот Прашалник на Окно, започнат во 2011. -Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Татко ми пред спиење редовно ми ги читаше детските енциклопедии за животните и за Вселената. Првата омилена книга ми е „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски, која дури и сега би ја вброил меѓу најдрагите книги. ...
Кога бевме деца, мислевме како деца. Скришно се собиравме во собата на нејзиниот постар брат (чекавме да не биде дома) и прво ја пуштавме до даска „I’m going through changes“ од Блек Сабат и пеевме караоке. Потоа Џенис Џоплин, па Пинк Флојд. Некое време подоцна се опивавме со една песна што Кејт Буш му ја напиша на Питер Габриел откако тој не успеа да се самоубие. Слично како песната на Шинејд о҆ Конор (Мери имаше некоја слична смрзнувачка ...
Проектот CleanBREATHE (Мешано истражување за загадувањето на воздухот со помош на технички и едукативни решенија) има за цел да го направи загадениот воздух видлив и да иницира долгорочни промени во однесувањето на општествените чинители. Проектот се одвива помеѓу Магдебург-Стендал Универзитетот, Германија и УКИМ-ФИНКИ, Македонија, каде се вклучени креаторите на платформите за визуелизација на аерозагадувањето, Pulse.Eco1 и AirCare2 и О2 ...
Тргнувајќи од макети на американски предградија кои сам ги изработува, уметникот Алберто Ортега создава слики кои рекреираат сцени од 1950-тите години. При креирањето на своите модели, Ортега пристапува како филмски режисер, избирајќи го вистинскиот кадар кој треба да се претстави на сликата, поставувајќи соодветно осветлување и сместувајќи го секој модел во просторот. „Како имигрант во Соединетите Држави, ме заинтригира американскиот ...
Центарoт за истражување на предисоријата деновиве објави нови екслузивни сознанија од нивните истражувања на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија. Како што објаснуваат од центарот, лабораториското датирање на овој локалитет потврдува дека тој засега е најстарата неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден ...
Потеклото на тортата, збор кој потекнува од латинскиот јазик, а е сочуван во сите романски јазици (и во германскиот), е во некогашните култови на Европа: поточно, во култовите на мртвите и подземните божества, на кои им се нудел житен колач во облик на круг. Освен што го означува животниот циклус, сменувањето на животот и смртта, кругот или прстенот има моќно апотропејско дејство, зашто штити од демони и од осветољубивите души на мртвите. ...
Бидејќи ќерка ми не зборува, ѝ останува само името Илак Ан. На своето име се одзива наопаку. Дрво си ти, мов си ти, Темјанушки со ветер над нив. Дете — толку високо — ти си, а сето ова е будалаштина за остатокот од светот „Девојка", Езра Паунд Предговор Дедото на ќерка ми со внуките зборува наопачки. Ги вика Ифос, Анеле и Илак Ан. И тие, или барем некои од нив, му се обраќаат со „одед“. Бидејќи ќерка ми не зборува, ѝ останува само името Илак ...
Само што се спомена отворање на дебатата за уставни измени, некој успеја да претепа македонски државјанин што се декларира како Бугарин и да го направи целиот процес беспредметен во моментов. По повеќе неуспешни провокации, од отворањето на клубовите со неприфатливи имиња, гостувањата и навредите на Ангел Џамбаски и неприфатливите изјави од бугарските преставници во историската комисија, на Софија конечно ѝ дадовме „ас во ракавот“, со кој ...
Ајхан Јашаров од Тополница, Радовиш има 23 години и е студент на земјоделски факултет „Гоце Делчев-Штип“. Како и кај повеќето негови колеги фармери и кај него сточарството е фамилијарен бизнис. Неговото семејство одгледува околу 500 овци и 50-ина кози. Ајхан смета дека во однос со ситуацијата со сточарството во Македонија, потребно е некои работи да се сменат. „Лично мислам дека сѐ уште има потреба многу работи да се сменат во сточарството. ...
Доколку се водиме според напредокот кој се случи во 2022 година, имаме причина да бидеме оптимисти за глобалната насока на патување кога станува збор за истополовите врски, велат ЛГБТК активистите. Во втората половина од годината, имаше наплив на движења за декриминализирање на истополовата интимност во Сингапур, Сент Китс и Невис, Барбадос и Антигва и Барбуда. Ова беа некои од последните земји со историја на закони од колонијалната ера кои ...
Научните докази дека престојот во природа е корисен за човечкото здравје стануваат сè посилни. Последното во низата истражувања доаѓа од Финска и укажува дека шетањето во парк или престојот во градина можат да го намалат користењето лекови за висок притисок, анксиозност, инсомнија, депресија и астма кај жителите од градовите. Истражувачите од Финскиот институт за здравје и благосостојба и Универзитетот од источна Финска го поврзаа престојот ...
Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апсолутни почетници, го издаде седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. Зиги Стардаст е измислен лик создаден од англискиот музичар Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со воз). Тој е рокенрол вонземјанин испратен на Земјата да ја пренесе пораката на надеж, во ...