По историската победа на пејачката Дара, која ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија. Бугарија за прв пат го освои натпреварот во Виена, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката низ цела Европа. За разлика од вообичаената практика, овој пат нема да има натпревар меѓу бугарските градови. Милена Милотинова, генералниот директор на јавниот радиодифузен сервис ...

Новиот премиер на Унгарија ја преполови сопствената плата и ги намали платите на своите министри во обид да ја врати довербата на јавноста, објави „Франкфуртер рундшау“. За да „постави пример“ по години наводна корупција во владата, Петер Маѓар објави дека ќе ја намали својата годишна плата на 45,6 милиони форинти (128.040 евра), помалку од половина од 93,6 милиони (263.424 евра) што ги добиваше неговиот претходник Виктор Орбан. Маѓар ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на која биле отворени повеќе прашања, меѓу кои – локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и дигитализацијата. Како што информира Кабинетот на Перински, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности за подобрувањето на ...

Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија потпишаа денеска Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета од Северна Рајна-Вестфалија – TH Köln и FernUniversität Hagen. Како што беше речено, целта е размена на информации, студенти и професори, но и поддршка за унапредување на студиските програми во насока на создавање генерации кои ќе ги применуваат принципите на циркуларната економија – рационално ...

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа година ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое го предупредува за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, а особено на антибалистички одбранбени капацитети, пишува „Киев индепендент“. Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, вклучително и напади ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Одборот за мир, кој со голема помпа го основа Доналд Трамп во јануари на Светскиот економски форум во Давос, сè уште не ги добил милијардите што ги вети. Организацијата, која беше промовирана како виртуелна замена за ОН, е празна, а самата се најде во правен и политички ќор-сокак, откако не успеа да ги спроведе ветените проекти за обнова на Појасот Газа, објавува „Фајненшел тајмс“. Фондот основан за Советот за мир од Светската банка и ...

Меѓу членовите на хрватската дијаспора, имало и други идеологии покрај оние за градење држава, но тие доминирале во политичките активности на емигрантите, пишува историчарот Мате Никола Токиќ. Бројни сепаратистички групи делеле исти почетни точки – дека Југославија е нелегитимна, додека прашањето за тоа каква идна хрватска држава треба да се смета за второстепено Минатиот месец, шпанските власти го вклучија грбот на Хрватскиот национален ...

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка до четворицата матуранти и една ...

Би ми било драго да видам Европа конечно да се согласи да започне преговори со Русија. И не само да започне, Европа требаше да биде лидер во овие преговори, да не дозволи трет играч. Ова го изјави премиерот Румен Радев за бугарските медиуми во Париз, каде што ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон. „Мора да има промена во целокупната политика на Европа во врска со конфликтот во Украина“, рече Радев. Според него, време е Европа да ја ...

За малку повеќе од две недели, поточно на 11 јуни, ќе започне Светското првенство во 2026 година, настан што не само што ќе го промени фудбалот, туку и начинот на кој функционира глобалниот маркетинг, спортската мода и борбата за вниманието на публиката. Додека навивачите ширум светот ќе ги следат натпреварите и резултатите на своите национални тимови, најголемите спортски и модни брендови ќе водат паралелна битка – битка за видливост, ...

Лоцирана во Општина Илинден, Приватна установа за вон-семејна социјална заштита за стари лица „Оаза“ претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет од 150 корисници, а во прва фаза се започнува со 64 корисници. Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно ...

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија бара од Министерство за здравство и Фондот за здравство итно да го зголемат бројот на термини за соецијалистички прегледи бидејќи голем број (околу 40%) од пацинетите не се во можност да извршат регуларни навремени прегледи за состојбата со дијабетесот и можни компликации од дијабетес. „Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички претставник на лицата кои ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција побара власта да распише референдум за членство во ЕУ, и дека за тоа мора да одлучат сите граѓани. „Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино Мицкоски да одлучува за нашите судбини“ , рече Филипче. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на ...

Анте Жигман ќе го наследи Борис Вујчиќ како нов гувернер на Хрватската народна банка. Според неговата официјална биографија, Анте Жигман ја започнал својата кариера во Хрватската народна банка, пренесе СЕЕбиз. Д-р сц. Анте Жигман е претседател на Управниот одбор на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги, Ханфа, од 2018 година. Надлежноста на Ханфа ги опфаќа сите небанкарски финансиски услуги, од регулирање и надзор на пазарите на ...

Генералниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, ја освои републиканската номинација за Сенатот на САД во вторникот, лесно победувајќи го сенаторот Џон Корнин, кој е со четири мандати, во најновата трка каде што претседателот Доналд Трамп се обиде да го отстрани актуелниот сенатор кого го сметаше за недоволно лојален. Трамп го поддржа Пакстон минатата недела, нарекувајќи го „вистински воин на МАГА“. Победата на Пакстон во вториот круг од ...

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, минатата година дипломирале 7.612 студенти, што претставува зголемување за 8,4 отсто во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии минатата година, 27,3 проценти дипломирале во областите бизнис, администрација и право. Од вкупниот број дипломирани студенти, 5.677, односно 74,6 проценти се ...

Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2,7 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, објави денеска Државниот завод за стaтистика. Според податоците на ДЗС, регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6,2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година. Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2,7 проценти во ...

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...

Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна фаза и се очекува институцијата наскоро да добие современи услови за работа, соопшти министерот за култура, Зоран Љутков, при денешната посета на објектот во рамки на Националната опера и балет. При посетата, Љутков посочи дека оркестарот е основан во 2023 година, кога е изработен и проект за целосна обнова на објектот преку студиото „Мегарон ...

Тони Блер во средата започна катастрофален напад врз лабуристичката влада, предупредувајќи дека неговата партија „си игра со оган“ и ризикува да ја исфрли Велика Британија од „Премиер лигата на нации“. Во жесток есеј од 5.700 зборови објавен од Институтот за глобални промени „Тони Блер“, поранешниот премиер ги обвини лабуристите дека страдаат од „скоро бесконечен капацитет за самозалажување“ нешто помалку од две години откако Кир Стармер ја ...

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 проценти, а реално за 11.3 проценти, ...

Недоволно се посветува внимание на градежните работи, посебно во густо изградените урбани средини, како што е центарот на Скопје. Треба да се преевалуираат сите процедури за тоа што е неопходно да се исполни пред да се почне со градба. Во законската регулатива не постои задолжение за изведба, за проект за заштита на градежни јами и токму од тука настануваат сите проблеми како овие, изминатите два-три месеца, рече денеска деканот на Градежниот ...

Украина има шест месеци да ја преземе иницијативата на бојното поле од Русија и да ја зајакне својата позиција за идните мировни преговори, изјави за Ројтерс висок украински командант. Тој предвидува дека по повеќе од четири години војна, „пресвртница“ во конфликтот е неизбежна. Руските сили, кои постепено напредуваа откако започна инвазијата во февруари 2022 година, го забавија своето напредување оваа година, додека украинската армија го ...

Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга ...

Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е ...

„Христијан е најголемиот Македонец? Не, тој е најголемиот предавник. Тоа што премиерот сака да излезе дека бил на браната на нешто што ние со политики сме го потврдиле и сме го заштитиле, а тоа што тој не го прави чекорот, е само дел од неговата лажна кампања. Дали самиот верува или свесно манипулира, не сум сигурен, но и тоа со текот на времето ќе стане јасно“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ За тоа ...

Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот вокал и безвременската ...

Францускиот институт во Скопје и Кинотека имаат чест најавија нова проекција на месечните „Кино средби”, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови. Во четврток, 28 мај 2026, 20:00 часот, во Кинотека, ќе биде прикажан „Борго” (2024, 118 мин.), филм на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми. Мелиса, 32-годишна искусна чуварка во затвор, се сели на Корзика со својот сопруг и двете мали деца. За неа, ова е ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01