Екипите на Кристал Палас и на Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига. Натпреварот ќе се одржи на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг, Германија, со почеток во 21 часот. Оваа арена беше домаќин на Светското првенство во фудбал во 2006 година. Во полуфиналето, англискиот клуб го победи Шахтјор Донецк со вкупен резултат 5:2, додека Рајо беше поуспешен од Стразбур со вкупни 2:0. Во пресрет на финалето, навивачите на двете екипи имаа ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за тренер на годината во англиската Премиер лигата за сезоната 2025/26. Под водство на 44-годишниот Шпанец, „Топчиите“ ја освоија својата прва титула во Премиер лигата по 22 години. Лондонскиот клуб собра 85 поени од 38 натпревари и го освои првото место, седум повеќе од второпласираниот Манчестер сити. Арсенал ја освои англиската Премиер лига по 14. пат во својата историја. Тие станаа шампиони ...

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес Парила, синоќа пред Советот за безбедност на ОН ја повика меѓународната заедница да се мобилизира за да спречи, како што рече, хуманитарна катастрофа во Куба. Тој истакна дека земјата се соочува со тешка економска ситуација и обвини дека кризата е последица на американската блокада и енергетските ограничувања. „Ги повикувам меѓународните актери да се мобилизираат за да се спречи ...

Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...

Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио со 127:114 во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА-лигата. Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар беше најефикасен на натпреварот со постигнати 32 поена. Значаен придонес во победата на домашниот тим имаа и: Карусо (22 поена), Мекејн (20), Холмгрен (16 + 11 скока), Хартенштајн (12 + 15 скока). Во тимот на Спарс се истакнаа: Касл (24 поени), Шампени (22), Вембањама ...

Канада синоќа соопшти дека ќе воведе привремена забрана за влез на нејзина територија за државјани и жители на Демократската Република Конго, Уганда и на Јужен Судан, како мерка поврзана со епидемијата на ебола во Африка. Забраната ќе важи 90 дена, почнувајќи од денес, со цел да се намали ризикот од внесување и ширење на вирусот ебола во земјата, соопшти канадската Влада. Светската здравствена организација претходно го зголеми нивото на ...

Националното здружение за мултипла склероза денеска ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза. На настанот излагање ќе имаат Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за мултипла склероза, Асс. д-р Јован Божиновски, в.д. директор на Универзитетска клиника за неврологија, д-р Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување и науч. сор. д-р Слободанка Бурнеска Саздова од Клиниката за неврологија. ...

Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди ќе биде изведена вечерва на сцената на Националната опера и балет во рамки на 54. Мајски оперски вечери. Ремек-делото кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет вечерва во 20.00 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со ...

На големата сцена на Театар Комедија денеска и утре во 20 часот ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. Од Театар Комедија посочуваат дека „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина ...

Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, денеска ќе организира настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан. Во рамки на настанот ќе биде презентиран Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за ...

В четврток и петок во седум општини од Југосточниот плански регион ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци, соопштија денеска од Центарот за развој на Југоистокот. Во четврток ќе се прска во Радовиш (9 часот), Конче (12 часот) и Струмица со почеток во 12 часот. Во петок прскањето ќе продолжи во Валандово (9 часот), Василево (12часот), Босилово (9 часот) и Ново Село со почеток во 12 часот. Од Центарот за развој на ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...

Ферари го претстави својот прв електричен автомобил, моделот Луче (Luce), но реакциите на инвеститорите и јавноста на социјалните мрежи беа исклучително негативни. Главните причини за негодувањето се контроверзниот дизајн и цената од 550.000 евра, а овој случај ги истакнува предизвиците со кои се соочуваат производителите на луксузни автомобили во енергетската транзиција. Вредноста на акциите на компанијата падна за речиси 8 проценти денес во ...

Извлечените броеви на вечерашното извлекување на Евроџекпот беа: 5, 11, 23, 33, 42 – 10, 12, што му даде на некого во Чешка џекпот 5+2 во вредност од 120.000.000 евра. Џекпотот 5+1 во ова коло вредеше нешто повеќе од 4 милиони евра, а го совпаднаа пет играчи. Најмалиот џекпот од 10,60 евра отиде во комбинација 2+1, која ја совпаднаа 688.846 играчи. Следното извлекување за играта Евроџекпот е во петок, 29 мај 2026 година, а главната награда ...

Португалската полиција соопшти дека разбила криминална група одговорна за нелегално регулирање на статусот на околу 4.000 мигранти и уапсила двајца осомничени водачи. Полицијата соопшти дека операцијата „Земја на чудата“, спроведена на периферијата на Лисабон, била насочена кон криминална група вклучена во нелегална имиграција, фалсификување документи, компјутерски измами и перење пари. Построга имиграциска политика Се вели дека нелегалното ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој следниот месец ќе наполни 80 години, изјави дека „сè е совршено“ откако беше подложен на лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“. Претседателот на САД не даде никакви детали во краткиот пост на „Truth Social“ во кој рече дека прегледот е завршен. Трамп често се претставува себеси како поенергичен и во подобра форма од Џо Бајден, неговиот демократски претходник кој ја ...

Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон. Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата. Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон. Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за ...

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. -Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно ...

На меѓународните берзи денеска е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера. Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник. На меѓународните берзи денеска е регистриран ...

Базенот „Карпош“ наскоро треба да влезе во голем ремонт, што значи дека еден од најважните објекти за пливачите во Скопје повторно ќе биде затворен на подолг период. Според информациите објавени од „Слободен печат“, се подготвува обемна реконструкција на покривот, коритото, соблекувалните и останатата инфраструктура во објектот. Точниот датум на затворање сè уште не е познат, ниту колку време ќе трае реновирањето. Но најавата веќе предизвика ...

Данскиот велосипедист Јонас Вингегор победи на денешната 16. етапа во рамки на овогодишното издание на трката Џиро д’Италија. Данецот беше најбрз на делницата од Белинцона до Кари во Швајцарија, во должина од 113 километри, и со својата четврта етапна победа го зголеми своето водство во генералниот пласман. На пет етапи до крајот, Вингегор има водство од 4:03 минути пред второпласираниот Феликс Гал во генералниот пласман, додека ...

Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Како што рече заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, заемот ќе се користи за општи буџетски потреби, за финснсирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра, земена во 2020 година. Каматата ќе ...

Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Северна Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција. Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната ...

БИТОЛА – Бура од реакции во јавноста предизвика сторијата објавена во „Независен“ за случајот со наставникот по ликовно образование од Битола, Стефан Поповски, кој цела година држеше часови во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола без да му бидат платени. Згора на тоа училиштето ниту го известило дека имал наводен отказ од работа од 29 јануари 2025 година, за тоа дознал минатата недела кога си ги побарал сработените пари и стажот. Скандалозно е ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Елисејската палата се сретна со претставници на дистрибутерите, снабдувачите со електрична енергија и индустриските компании за да го забрза процесот на електрификација на Франција. Според весникот „Фигаро“, целта на состанокот била поттикнување на домаќинствата и компаниите повеќе да користат електрична енергија, а помалку нафта и гас. Француските власти тргнуваат од проценката според ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите ширум светот мора внимателно да одговорат на растот на цените на енергијата и храната за да ги заштитат граѓаните и економијата, а притоа да не ги загрозат јавните финансии ниту дополнително да ја поттикнат инфлацијата. Економистите на ММФ Пјер-Оливие Гуринша, Борха Грасија, Делфин Пради и Родриго Валдес во анализа наведуваат дека актуелниот енергетски шок, предизвикан од војната на ...

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2026 година изнесува 531.062 МWh, што претставува 79,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во март годинава се потрошени 667.016 МWh електрична енергија, 16.222 мил. нм3 природен гас, 289 340 тони јаглен и 75.475 тони нафтени продукти. Потрошувачката на природен гас е намалена за 68,1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, а за 14,7 % ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот, како што информираат од МЕРМС беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97