По повод Духовден, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на дел од линиите што ќе возат по делничен распоред. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира патниците дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 74, 80а, 111 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред. Од ЈСП информираат дека ...

Владата денеска го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки ...

Европската комисија му изрече казна од 200 милиони евра на кинескиот гигант за е-трговија „Тему“ откако истражителите откриле дека на нејзината платформа се достапни опасни играчки за бебиња и неисправни полначи, објави „Еуроњуз“. „ТЕМУ“ не успеа внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од нелегалните производи што ги нуди на својата платформа и штетата што произлегува од тоа за потрошувачите во европската унија“, ...

Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што е зголемување од 5,1 ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека ЕУ мора да го промени системот за пристапување за да одговори на потребите на Украина. Кос за „Фајненшл тајмс“ рече дека Унијата „мора да биде иновативна, но, без оглед на можната реформа на процесот на проширување, нема опуштање кога станува збор за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, судската независност и корупцијата“. Кос ги повика земјите-членки на ЕУ ...

На 28 мај 1937 година, владата на Германија под контрола на Адолф Хитлер од Национал-социјалистичката (нацистичка) партија – формира нова државна автомобилска компанија, тогаш позната како Gesellschaft zur Vorbereitung des Deutschen Volkswagens mbH. Подоцна истата година, беше преименувана едноставно во Volkswagenwerk, или „Народна автомобилска компанија“. Првично управуван од Германскиот работнички фронт, нацистичка организација, ...

Гватемала се согласи да спроведува заеднички воени операции со вооружените сили на САД на своја територија насочени против групите за трговија со дрога, објави денес „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите. Според весникот „Њујорк“, Министерството за одбрана на САД планира да изврши притисок врз Хондурас да прифати сличен вид заедничка воена акција, како дел од пошироката стратегија на администрацијата на ...

Во скопско Пржино започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм „Пролетно чистење“, по сценарио на Марија Апчевска Петровска и Ереник Бекири од Албанија, а во режија на Апчевска Петровска. Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка која се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции. Во ...

Кога д-р Владимир Мадуали почина од ебола во раните утрински часови во неделата, тој беше четвртиот член на персоналот во неговата болница кој настрада за толку дена. Два дена подоцна, неговиот колега д-р Тибендерана Като Блејз исто така почина од болеста во медицинскиот центар Бунија Евангелист, во Демократска Република Конго. Мадуали дипломирал на Универзитетот во Бунија пред само три години и работел во регионот Рвампара, една од областите ...

На 1–2 јуни 2026 година, во Скопје ќе се одржи деветтото издание на МЕФ 2026, водечкиот регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан. Годинашниот форум, под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество со цел зајакнување на ...

Денеска во едукативниот центар М6 во Скопје се одржа работна средба со повеќе винарии-членки на Здружението „Вина од Македонија“ на која стана збор за актуелните состојби во винскиот сектор, производството и извозот на македонските вина, а беа дадени и конкретни предлози и идеи за унапредување и поддршка на секторот. „Препознавајќи го винарството како гранка која има стратешко економско значење за државата, деновиве во Собранието беа донесени ...

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, се наведува во соопштението од Народна банка, што МИА го пренесува интегрално. – Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат. Согласно стручните насоки и ...

Раководството на Лос Анџелес лејкерс извести повеќе од 10 вработени за нивните отпуштања како дел од реорганизацијата, објави ESPN, повикувајќи се на клупски извор. Отпуштањата опфатиле различни сектори, вклучувајќи маркетинг, тимски комуникации, содржина и корпоративни партнерства. Продажбата на Лејкерс на бизнисменот Марк Волтер за 10 милијарди долари беше одобрена од Одборот на гувернери на НБА во октомври 2025 година. Пред ова, тимот ...

Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е дозволиво доколку е економски оправдано, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Како што истакна ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда, при што најави дека студентите ќе можат да се сместуваат од почетокот на новата академска година, во октомври. Според Јаневска, реконструкцијата на државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ се одвива паралелно и градежните активности треба да завршат во ...

Бугарскиот медиум БГНЕС направи анализа на внатрешните состојби во Македонија барајќи ги корените на евроскептицизмот засилен со нарадтивот на „бугарскиот диктат“. Во неа се тврди дека премиерот Христијан Мицкоски и владата го користат условот за уставни промени за да ја оддалечат Македонија од Унијата, додека немаат ништо против да ги користат европските фондови. Еве што вели анализата: „Во политиката, наметнувањето на националистички ...

Удиран од корупциски кризи и тешки порази на регионалните избори, шпанскиот премиер Педро Санчез го губи тлото под нозете. Истражителите во средата извршија рација во седиштето на неговата Социјалистичка партија во истрага за злоупотреба на партиските средства. Тоа само по себе би било доволно лошо, но е само најновата епизода во метежот од корупциски скандали што ја оптоваруваат партијата. Конзервативниот опозициски лидер Алберто Нуњез ...

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од ...

Не се чувствувам виновен ниту за првото, нити за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, беше изјавата денес на поранешниот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, кој е суспендиран откако Обвинителството му најде пари заѕидани во цигли во кујната во куќата на неговиот дом во Неготино. Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор порача дека ќе докаже дека Ристов лажел и го прикривал својот имот, му биле најдени 350 илјади ...

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски признава дека нема финансиски средства за организирање референдум, додека истовремено, според партијата, троши пари за сомнителни тендери и луксузни набавки. Од партијата велат дека ова е уште една потврда дека во буџетот недостигаат средства и покрај секојдневното задолжување на државата. „Има пари само за криминалната група ВМРО“, наведуваат од СДСМ. Во соопштението ...

Германските капацитети за складирање гас не се полнат доволно брзо, предупреди државната енергетска компанија „Унипер“, нагласувајќи дека се потребни стимулации за да се избегнат недостатоци следната зима. „Нивото на зафатеност на складиштата се зголемува од март, но сепак премногу бавно“, изјави извршниот директор на „Унипер“, Мајкл Луис, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според податоците од „Гас инфраструктура Европа“ (ГИЕ), германските ...

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Во ЕУ најдолги работни недели има во Грција 39,6 часа, во Бугарија и Полска по 38,7 и во Литванија 38,4. Спротивно на тоа, Холандија има ...

Министерството за правда на САД наводно отвори кривична истрага против обвинителката на Трамп, Е. Џин Керол Се вели дека службениците испитуваат дали Керол извршила кривоклетство во сведочењето од 2022 година поврзано со тужби против претседателот Администрацијата на Трамп отвори кривична истрага против Е. Џин Керол, писателката која го обвини претседателот за сексуален напад, според новинските извештаи. Обвинителите, објавија „Њујорк ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од ...

Повикот на Зијадин Села за да седнат на заедничка маса албанските парламентарни партии, според Арбен Таравари, е невозможна мисија. Според него, кој и да ја организира, другите нема да ја прифатат. „Многу добро би било да се направи, но тоа е невозможна мисија. Кој не би прифатил? Ако ја свика ВЛЕН, нема да ја прифатат ДУИ и АА. Ако ја свика АА, нема да ја прифати ВЛЕН“, вели Таравари. Според него, двајцата албански премиери, Еди Рама и ...

НАСА објави дека ќе го претстави четиричлениот екипаж на мисијата „Артемис 3“ и ќе објави нов преглед на напредокот на програмата на 9 јуни во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон. Американската вселенска агенција, исто така, објави дополнителни информации за текот на подготовките за мисијата. „Артемис III“ претходно беше замислен како прво слетување во рамките на програмата „Артемис“, која има за цел да воспостави подолгорочно човечко ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година, најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. На заедничката прес-конференција со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и други партнери, Алиу посочи дека годинашното мото е насочено кон разоткривање на привлечноста и зависноста од никотин и тутун. Тој ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен број возила кои секојдневно доаѓаат и транзитираат ...

Шведскиот стриминг гигант Спотифај официјално ја пушти во употреба новата опција за аудио-статии („narrated articles“), со што продолжува да го збогатува својот содржински каталог и да ја шири понудата настрана од музиката и поткастите. Корисниците на оваа платформа сега можат да слушаат аудио-верзии на ексклузивни текстови од некои од најпрестижните светски списанија, како Вог, Атлантик и Варајети. Во првата фаза, стриминг платформата ќе им ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Калај

53.60