Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Еднодневниот штрајк свикан од неколку синдикати предизвика прекини во делови од Италија во петокот, влијаејќи на железницата, училиштата и болниците. Јавниот превоз во Милано работеше ограничено, бидејќи градовите низ целата земја се подготвуваа за протести. Синдикатите го свикаа штрајкот за да го зголемат притисокот врз десничарската коалициска влада на премиерката Џорџа Мелони. Нивните барања вклучуваат повисоки плати, надомест за ...
Францускиот производител на гуми „Мишелин“ ќе намали 1.500 од своите 17.000 работни места во Франција во следните три години. Одлуката за намалување на персоналот е донесена поради зголемувањето на трошоците за енергија и производство воопшто, како и „еден од најлошите даночни притисоци во индустријализираните земји“. Како што објасни компанијата, според француската новинска агенција АФП, две третини од планираните намалувања на работните ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Будимпешта, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „државен интерес на Унгарија“, објави истражувачкиот портал „ВиСквер“, повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според порталот, Груевски и понатаму престојува во Унгарија, а добивањето државјанство значително ја отежнува можноста за негова екстрадиција во Северна Македонија. Унгарскиот ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот ...
Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите – оценува претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, нагласувајќи дека токму „послушноста“ во минатото довела до „разнишана правна држава и недоверба кај граѓаните“, додека денешната „нервоза“ кај политичките структури е показател дека Судот излегол од компромисноста и си ја врши работата. Во интервју за „Нова Македонија“ Костадиновски се осврнува на ...
Светот е повеќе фокусиран на долговечноста од кога било досега. Иако многу се зборува за додатоци во исхраната, ладни бањи и други трендови, научниците истакнуваат дека основните навики на живот сè уште прават најголема разлика. Тие вклучуваат правилна исхрана, редовно вежбање и квалитетен сон. Хроничниот недостиг од сон е една од најчестите навики што може да го забрза стареењето. „Хроничното лишување од сон ја нарушува способноста на телото ...
Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица ...
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита ...
СДСМ обвини дека министерката за финансии Гордана Кочовска избегнала јавна дебата за состојбата на државниот буџет и јавниот долг, откако претходно самата ги повикала на средба.Од партијата велат дека веднаш ја прифатиле поканата, но побарале разговорот да се одржи јавно, пред камерите и пред граѓаните, за да се презентираат фактите и бројките поврзани со државните финансии. „Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, ...
По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната во женската Суперлига, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК официјално беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за заслуженото прво место во домашниот шампионат. Медалите на шампионскиот тим ги додели координатор на женската Суперлига, Силвана Карбеска, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски. ...
Белгија воведува построги правила за возачите и патниците: Ако едно лице во автомобилот не носи сигурносен појас, сите во возилото би можеле да ја платат казната. Иако носењето сигурносен појас е една од основните мерки за безбедност во сообраќајот, многу возачи и патници сè уште го сфаќаат тоа лесно. Ова особено важи за патниците на задните седишта, меѓу кои сè уште постои навика да возат без сигурносен појас. Во случај на судир, таквото ...
Побарувачката за енергија од центрите за податоци во Ирска додаде стотици евра на сметките за електрична енергија во домаќинствата, шема што би можела да се повтори низ цела Европа, открива нов извештај. Растечкиот број на центри за податоци во Ирска потрошил 22% од електричната енергија на земјата минатата година, повеќе од сите урбани домаќинства заедно, според Централниот завод за статистика. За споредба, САД и Велика Британија користат ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен. Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти (Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дарко ...
Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ дал наредба на израелската армија да ја заземе контролата врз 70% од Појасот Газа, потег што се заканува да го торпедира веќе кревкиот прекин на огнот и да создаде катастрофални хуманитарни услови на веќе опустошената територија. Според прекинот на огнот, посредуван од САД, во октомври, израелската армија се повлече до линијата на демаркација, што му даде на Израел директна контрола врз 53% од окупираната ...
Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, ...
Додека Владимир Путин зборува за „хибридна војна“ со колективниот Запад и ги обвинува западните држави за „сатанизам“, неговите помали деца се обучуваат од околу дваесет странски наставници и дадилки од Велика Британија, Германија, Австрија и Ирска, откри истражувачкиот проект „Система“. Новинарите добиле пристап до кореспонденција, фотографии, договори, банкарски извештаи и внатрешни документи поврзани со ангажирањето на персонал за децата ...
Кошаркарите на Сан Антонио израмнија на 3-3 во победи против Оклахома во финалната серија во Западната конференција од плејофот во НБА лигата, со убедлив триумф од 118-91 на домашен терен во шестиот натпревар, по што патникот во финалето ќе го даде седмиот натпревар што ќе се игра ноќта меѓу сабота и недела во Оклахома Сити. Сан Антонио до победата го предводеше француски центар Виктор Вембањама, кој за 28 минути на паркетот постигна 28 ...
Дрон удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галаци рано утрово, при што полесно повреди две лица. Дронот ја погоди зградата околу 2 часот наутро, по што избувна пожар на нејзиниот десетти кат, објавија романските медиуми. Во исто време, Русија започна напад врз близок украински град, објави романското Министерство за одбрана.Една 51-годишна жена и 14-годишно дете се полесно повредени. 70 жители беа евакуирани. За инцидентот ...
Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на почетокот на Јуни ќе означи две бразилски нарко-банди за странски терористички организации. Бандите – Primeiro Comando da Capital – PCC, и Comando Vermelho – CV „се две од најнасилните криминални организации во Бразил“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од ДПА. „Заедно, тие командуваат со илјадници членови и досега оркестрираа брутални напади врз бразилски ...
Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3, и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, 9, ...
Нестабилната безбедносна ситуација во источно Демократска Република Конго (ДРК) е најголемата пречка за сопирање на епидемијата на ебола во оваа земја, изјави доцна синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА. Само во текот на изминатиот месец околу 100.000 лица се дополнително раселени поради борбите во земјата, што го отежнува сопирањето на болеста, рече Тедрос, кој отпатува во ...
Новиот европски Систем за влез/излез (EEС-систем) за дигитална контрола на граници и овој продолжен викенд предизвика километарски колони и повеќечасовни чекања на премините од Македонија кон Грција. Уште од вчера на граничниот премин Богородица со часови се чекало за премин на македонско-грчката граница. Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисоходис изјави дека примената на овој систем ќе продолжи и покрај поплаките кои ...
Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија денеска со почеток во 18:30 часот ќе биде отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“, во организација на уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“. На изложбата ќе бидат претставени дела од повеќе реномирани автори од различни земји, меѓу кои Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка), Марек Пекни (Чешка), Ева Моричка (Чешка), Јана Мари ...
Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. -Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД Камерниот оркестар, под ...
Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро. Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите ...
Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...
Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирна рампа во Флорида за време на тест на моторот. Видеата од местото на настанот покажуваат огромна огнена топка како го зафаќа објектот во Кејп Канаверал, а компанијата во сопственост на Џеф Безос потврди дека има проблем, пренесе Би-би-си. Во објава на социјалните мрежи, „Блу Ориџин“ потврди дека доживеале аномалија за време на тестот за палење на моторот на лансирната рампа и дека сите вработени ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа навести дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп на можен договор со Иран е далеку од сигурно, во екот на медиумските извештаи дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамката за завршување на војната, пренесе ДПА. Венс пред новинарите во здружената база „Ендрјус“ изјави дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но некои точки, вклучително и ...
Жена(51) и 14-годишно дете се повредени во експлозија утрово откако руски дрон се урна во станбена зграда во романскиот град Галаци. Каталин Сион, портпарол на локалната противпожарна служба, потврди дека повредените биле во стан кој бил оштетен во експлозијата, објави Либертате. „Дронот го удрил покривот на зградата, а ударот предизвикал експлозија што го зафатила станот подолу. Не го погодил директно станот, туку покривот. Во станот погоден ...