Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. – ...
„Денес не завршува, денес почнува сè“, изјави Зијадин Села на Петтиот конгрес на партијата, што отсега ќе го носи името Албанска лига. Обраќајќи им се на активистите, Села порача дека претстои многу работа и најави формирање на подограноци на партијата. Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги ...
Времето беше богато со симболика. Додека интензивни топлотни бранови ги погодија Европа и Азија, а пазарите на нафта низ целиот свет скокаа и се тресеа, двата големи оџаци на една од најголемите електрани во Австралија беа уривани. Во меѓувреме, австралискиот министер за енергетика одржа прес конференција за да го поздрави падот до 10% на референтната цена на електричната енергија во делови од земјата. Тивко, и со изненадувачки малку фанфари ...
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, од кои повеќе од 450 се задржани во притвор. Тоа е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан. Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите ...
Утре и во вторник, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Оттаму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Утре и во ...
Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Горан Мисовски, од говорницата на седмиот конгрес на партијата порача дека државата се движи во погрешна насока, критикувајќи ја актуелната власт за економска несигурност, поделби и „заробени институции“, додека ја истакна определбата на НСДП за социјална правда, силни институции и европска иднина. Мисовски потенцираше дека партијата во изминатите 20 години покажала одговорност и ...
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, а по разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од први јуни. „Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“, ...
Жител на Дебар бил уапсен откако бил фатен како вози пијан и тоа без возачка дозвола. -Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци, велат од МВР. Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. Жител на Дебар бил уапсен ...
Дали Македонија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, која очигледно нема желба да го направи тој чекор, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој останува на цврстиот став дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет, јазик или која било друга национална одредница. Во изјава за медиумите пред почетокот на Конгресот на НСДП, лидерот на ...
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, порача денес на прес конференција дека синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и „луксузни игри“ на Јадранот, мислејќи под таа фраза на спортските синдикални игри на кои учествувал УПОЗ, синдикат што не успева да го исконтролира власта. „Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. „Динамиката на изградбата на автопатот ...
Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од 8 до 18 часот, а службите ќе работат и во сабота. -Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против нашиот народ. Сите овие напади беа насочени едноставно кон ...
Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму. -Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите ...
Од МВР информираат дека жител на Росоман бил пријавен за два настани. За едниот бидејќи пијан го нарушил јавниот ред и мир, а во вториот му се заканувал на градоначалникот на Росоман. -На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по ...
Во Израел расте загриженоста дека Вашингтон би можел да постигне договор со Техеран кој нема целосно да ги задоволи безбедносните интереси на еврејската држава. Според анализа на Си-Ен-Ен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху приватно признал дека Израел има ограничено влијание врз текот на американско-иранските преговори, иако јавно избегнува директна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп. Извори блиски до израелската влада ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата. Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз. Досега се комплетирани резултатите за 45 ...
Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на обвинителот Ненад Савески за примена на посебни истражни мерки. Ова е значително зголемување на примената на ...
Се подготвуваат построги санкции за компаниите што применуваат нефер трговски практики, а максималните казни би можеле да достигнат и до 200.000 евра. Вакви измени на Законот за нефер трговски практики најавуваат од Министерството за економија и труд, со цел подобра заштита на производителите и добавувачите. Од Министерството посочуваат дека досегашната примена на законот покажала одредени слабости што им овозможуваат на дел од пазарните ...
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите. Намалените акцизи за два денари за литар, кои важат и за бензините и за дизелот, ќе останат во сила. Дополнително, ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска повторно го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека не исполнил уште едно од своите ветувања – дека до 1 јуни ќе бидат заокружени сите 10 точки од Реформската агенда од Планот за раст на Европската Унија. Рокот тоа да биде направено истекува денеска, што покажува дека станува збор за уште една, како што велат, голема лага на Мицкоски. Од опозициската партија, исто така, го ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски. Ковачки соопшти дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на регионот треба да се гради врз заеднички вредности. ...
Метеор што се движел кон Земјата експлодирал над североисточните делови на САД, соопшти НАСА, предизвикувајќи експлозии што одекнувале над регионот со сила еквивалентна на експлозија на 300 тони ТНТ. Огнената топка се распаднала над североисточен Масачусетс и југоисточен Њу Хемпшир. Оваа огнена топка не беше поврзана со никаков моментално активен метеорски дожд, но беше природен објект, а не повторно влегување на вселенски отпад или сателит. ...
Доналд Трамп се бори со „отоци на долниот дел од нозете“, како и со „бенигни“ модринки на раката, но останува во одлична здравствена состојба, изјави лекарот на американскиот претседател во меморандум објавен од Белата куќа. Повикувајќи се на резултатите од неодамнешниот преглед, меморандумот од д-р Шон Барбабела вели дека Трамп „останува во одлична здравствена состојба, покажувајќи силна срцева, белодробна, невролошка и целокупна физичка ...
Лекарите ги поздравија досега „невидените“ резултати од испитување кои покажуваат дека вакцината против рак со тројно дејство може да ги искорени цели тумори кај пациентите.Во меѓународно испитување кое опфаќа 11 земји, инјекцијата им била понудена на пациенти чиј рак се проширил или се вратил и чија болест не реагирала на други третмани. Инјекцијата, наречена амивантамаб, ги намалила туморите кај повеќе од една третина од пациентите, со ...
Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска. Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки ...
Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, вечер сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е Маја Митровска-Богојевска, ...
Француската полиција приведе 326 лица за време на немирите што зафатија неколку градови во земјата по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, објави „Ле Фигаро“, повикувајќи се на службеници за спроведување на законот. Вкупно 235 лица беа приведени во метрополитенската област на Париз. Немирите се проширија во Авр, Ажен, Монпелје и Дижон. -Прославите во некои градови, вклучувајќи го и Париз, беа придружени со немири, што бараше ...
САД и Иран наскоро би можеле да постигнат мировен договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако преговорите не успеат, обновувањето на непријателствата останува на маса. Во интервју за Фокс њуз, Трамп исто така рече дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје. „Би сакал да имаме договор, бидејќи можеме да ја отвориме (Ормуската теснина) веднаш по потпишувањето. Единствената ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...