Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Обемот на стратешките нафтени резерви на САД падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да ги отвори складиштата за да го ублажи глобалниот дефицит настанат поради конфликтот со Иран. Министерството за енергетика на САД (ЕИА) соопшти дека резервите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари во моментов изнесуваат 1,584 милијарди барели, како и дека резервите и понатаму опаѓаат. ...
Македонскиот џез музичар Владимир Четкар концертно се претстави во саботата во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски џез клуб, Budapest Jazz Club. Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез. -На истиот ден во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале на лигата на шампиони и беше огромен предизвик успешно да се одржи овој концерт токму ...
Кинеските индустриски компании добиле значително поголема државна поддршка од нивните меѓународни конкуренти во изминатите две децении, се наведува во извештајот што денеска го објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Помеѓу 2005 и 2024 година, кинеските компании добивале во просек од три до осум пати повеќе субвенции во однос на нивниот промет отколку нивните конкуренти во земјите на ОЕЦД со седиште во Париз. ОЕЦД ...
Продажбата на мобилни телефони низ целиот свет нагло ќе падне во 2026 година поради недостиг на чипови, кои сè повеќе се „киднапираат“ од вештачката интелигенција, според студијата на Counterpoint Research. Компаниите низ целиот свет ќе испорачаат 1,08 милијарди мобилни телефони оваа година, што е за 13,9 проценти помалку од минатата година, според Counterpoint Research. Во февруари, тие прогнозираа пад од 12,9 проценти. Ситуацијата на ...
Претседателот на Либан, Жозеф Аун денеска изјави дека планира да продолжат преговорите со владата на Израел и покрај ескалацијата на судирите помеѓу Израел и Хезболах. – Преговорите се посигурни од војната, наведе Аун, додавајќи оти преговорите нема веднаш да дадат резултати. Тој го обвини Израел дека не го почитува договорот за прекин на огнот од април. Согласно тој договор, Израел треба да се повлече од пет позиции во јужен Либан, што сè ...
Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на ...
Искусниот репрезентативец и интернационалец Александар Љафтов ќе го пропушти комплетниот настап на машкиот национален тим во Европската лига 2026, откако заработи сериозна повреда на скочниот зглоб на пријателскиот натпревар со Црна Гора. Деталните лекарски прегледи покажаа дека Љафтов има скинати лигаменти на скочниот зглоб и дека најмалку месец дена ќе мора да паузира. – Голем хендикеп за нас, Љафтов со своето искуство, квалитет и формата ...
Неколку месеци не доаѓаше на работа, Владата криеше дали тој и натаму зема плата откако ја напушти Македонија и се сликаше во егзотични дестинации, а вицепремиерот најпосле сам реши да му ги скрати маките на премиерот. Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. За оваа одлука денес самиот објави на социјалните мрежи. Тој рече дека одлуката била ...
Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...
Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување ...
БИТОЛА – Обвинетата Елена Спасеновска, поранешен директор на Средношколскиот дом во Битола, денес во Основниот суд Битола сведочеше по обвинението за злоупотреби на службата па кажа зошто ѝ бил потребен пензионерот (секретар) Менде Петровски да го ангажира во домот и да го носи на службени патувања. Директорката на пензионерот му плаќала претплата за службен телефон две години од парите од Средношколскиот дом, всушност апаратот бил негов ...
ПАРИЗ – Кошмарното сценарио на Брисел повеќе не изгледа неверојатно: претседателски избори во Франција следната година на кои двајцата кандидати во вториот круг потекнуваат од политичките екстреми и имаат длабоко скептичен став кон ЕУ и НАТО. Џордан Бардела од крајнодесничарскиот Национален собир – националистичката, антиимиграциска партија на Марин Ле Пен – долго време е фаворит за победа на трката во 2027 година, но главните центристички ...
Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти Министерството за финансии. Стратегијата предвидува постепено ...
Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р.Р. од Шестата управа, кој бил дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, по што Судот донел пресуда со која му е изречена условна осуда. Согласно донесената пресуда, на ...
Кина ќе воведе нови регулативи од јули за да ги заостри контролите врз трансакциите во странство што вклучуваат инвестиции, технологија, податоци и национална безбедност, објави официјален Пекинг. Најавата за построгите регулативи дојде еден месец откако Пекинг ѝ наложи на Мета да го откаже преземањето на стартапот за вештачка интелигенција Манус. Новите регулативи треба да стапат во сила на 1 јули, а еден од најзначајните членови на новите ...
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник објави рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции, од кои поголемиот дел ќе бидат фокусирани на вештачка интелигенција и центри за податоци. Најавата дојде за време на годишниот самит „Избери Франција“ во Версајската палата, на кој учествуваа околу 200 директори од целиот свет. Минатогодишниот настан донесе најави за проекти вредни 20 милијарди евра, додека овогодинешниот износ ќе го ...
Иран официјално објави дека ја прекинува размената на индиректни пораки со Соединетите Американски Држави поради континуираните израелски воени операции во Појасот Газа и Либан, објавува иранската новинска агенција Тасним. Техеран зазеде цврст став и инсистира дека преговорите со Вашингтон нема да продолжат сè додека Израел целосно не ги запре своите воени операции и не ги повлече своите сили од окупираните територии во Либан. Дека ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите. Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното. ...
Една од препознатливите стари градски куќи во Охрид, лоцирана на улицата „Димитар Влахов“, е срушена до темел, иако претходно беше поднесено барање за нејзина итна привремена заштита. Објектот, за кој граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ наведува дека датирал од 1927 година, се наоѓал во непосредна близина на старото градско јадро и со години бил препознаван како дел од поновата архитектонска меморија на градот. Рушењето предизвика реакции во ...
Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител ...
Источна Европа генерално нуди поголема нето заработка при бруто плата од 100.000 евра, додека Западна и Северна Европа генерално покажуваат пониски нето износи на ова ниво на приход. Пресметката на данокот е сложена, а Euronews Business дава приближни проценки. Даночните оптоварувања значително варираат низ цела Европа. Нивото на приход е претежно одлучувачки фактор. Некои земји применуваат пропорционални даночни стапки, додека други користат ...
Левица реагира на , како што се оградуваат, „демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетувајќи дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната. „Ако министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за ревизија и легитимно прашување за тоа што таа направила по негативните забелешки на ...
Граѓаните во Куманово сѐ уште немаат доволно информации за правилно одлагање на отпадните масти и масла, кои често завршуваат во канализацискиот систем и создаваат сериозни проблеми во работата на пречистителната станица, предупредуваат надлежните од ЈП „Водовод“ Куманово. – Мастите и маслата заедно со комуналната отпадна вода стигнуваат до пречистителната станица. Иако имаме третман, тие ги запушуваат цевководите, особено кога се мешаат со ...
Речиси половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Европската Унија се соочуваат со тешкотии во наоѓањето работници со соодветни вештини, според новото истражување на Евробарометар. Според податоците, 46 проценти од компаниите изјавиле дека им недостасува квалификуван персонал, додека регрутирањето работници од надвор од ЕУ останува ограничено – само една од седум компании се обидела да вработи работници од трети земји во последните ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот што ...
Бура, силен дожд и бројни удари од гром парализираа големи делови од Австрија во неделата. Моќен систем на грмотевици пристигна од Германија и остави значителна штета по себе. Само во Горна Австрија беа регистрирани околу илјада интервенции на пожарникари и други служби за итни случаи. Од Горна Австрија до Бургенланд, фронтот на бура собори дрвја, блокираше патишта и го запре железничкиот сообраќај. Налети на ветер до 115 километри на час беа ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, обвини дека премиерот христијан Мицкоски ја кочи европската перспектива на државата и не ја спроведува реформската агенда, откако истече рокот, 1 јуни, поставен за усвојување на клучните закони. Според Филипче, од предвидените 16 закони кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, усвоени биле само шест, додека од десетте закони за кои бил продолжен рокот до јуни 2026 година, донесени се само два. – ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се ...
Дизелот од вечерва на полноќ ќе поевтини за 6,50 денари зѐа литар, а бенизните ќе поскапат за половина денар за литар. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која е речиси идентична со најавата од вчера на премиерот Христијан Мицкоски за новите цени на дериватите по намалување на акцизата и попустот кој го дава ОКТА. Од 2.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен ...