Ако процесот се базира на мерит-систем, Северна Македонија и другите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската Унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Тој нагласи дека земјата неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно процесот на пристапување во ЕУ да се забрза. Бунфорт денеска во македонското Собрание имаше средба со ...

Војната на Владимир Путин влегува во својата петта година, а тој има сè помалку војници за да ја продолжи. Генералите на Путин дури и не размислуваат да ја променат својата долго воспоставена стратегија за постојано испраќање војници „во напади“, додека украинските бранители стануваат сè поефикасни во уништувањето на напаѓачите. Како резултат на тоа, загубите на руската армија на бојното поле го надминаа бројот на договорни војници три ...

Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ја информираат јавноста дека утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест организиран од граѓани, поради неконтролираното движење на говеда и штетите врз имот и земјоделски површини. Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. Непочитувањето на овие решенија го загрозува јавниот ред, ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра – и покрај намалувањето на коефициентите со измените што сега се на дневен ред во Собранието, анализира „Фокус“. Функционерските плати се покачија поради најбитниот фактор што се користи при пресметката на нивните плати – просечната плата за изминатата година, која во последните три години е во значителен пораст. Дополнително, платата на функционерите ...

Пред дваесет и пет години, кога, по смртта на Таткото на нацијата, д-р Фрањо Туѓман, режимот на ХДЗ доживеа пад и за прв пат ги загуби изборите, новата власт – помладите читатели нема да се сетат – одлучи да ги декласифицира полициските и разузнавачките досиеја на сите „лица од интерес за безбедноста“ кои режимот на Туѓман во 1990-те ги прогонувал, следел и прислушувал за „антидржавни активности“. Како еден од вкупно сто дваесет и шест ...

Американците, и од левицата и од десницата, веруваат дека вакцините се безбедни и дека децата треба да се вакцинираат пред да тргнат на училиште, покажува анкета на Ројтерс/Ипсос, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува администрацијата на претседателот Доналд Трамп во добивањето поддршка за пресврт во долгогодишната политика за здравствена заштита. Анкетата е спроведена откако министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди предложи, а ...

Кошаркарите од Работнички, не зеле плата осум месеци, а ако не се средат состојбите во клубот најавуваат дека нема да ги играат следните натпревари. Вината ја наоѓаат во локалната власт и кај спортскиот директор кој не им одговара на телефонски повици. На вчерашното отворање на реновираната сала Работнички во Градскиот парк, не бил повикан ниту еден претставник на клубот, за она што треба да е нивни дом. Нивната реакција објавена како Фејсбук ...

Дваесет и три танчери од клубот Dancers United од Скопје учествуваа на престижниот меѓународен натпревар Italy World Cup 2026, кој се одржа во Legnano, Италија, под покровителство на World Artistic Dance Federation (WADF). Светскиот куп во латино-американски танци собира натпреварувачи од различни земји, а присуството на македонски претставници претставува значаен успех за домашната танцова сцена. Клубот Dancers United ја претстави ...

Здружението на јавните обвинители (ЗЈО) апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето. Јавните обвинители во реакцијата посочуваат дека ваквите политички коментари кулиминирале „во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна ...

Белград – Пејачката Зејна Муркиќ настапи во првото полуфинале на српскиот Евровизиски натпревар со песната „Југославија“ и предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Откако нејзината песна веќе беше цел на критики поради насловот, по изведбата дојдоа во преден план техничките елементи на сценскиот настап, што ги засени нејзините вокални и акробатски способности. Обвинувања за политизирање на Евровизија Песната предизвика контроверзии ...

Во текот на минатата година низ светот биле убиени 129 новинари и медиумски работници, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, цитиран од француските медиуми. „Израелската армија во овој период изврши повеќе целни убиства на новинари од која било друга владина армија досега, при што повеќето од убиените се новинари и палестински медиумски работници во Газа“, се наведува во соопштението на невладината организација со седиште во САД. Во ...

Поплаките на јавните обвинители не стигнуваат до Собранието. И покрај отвореното писмо со кое побараа да не се чепкаат нивните плати бидејќи законот тоа не го дозволува, пратеникот Бојан Стојановски извести дека во пакетот закони што ги поднеле во Собранието е и намалувањето на коефициентите за јавните обвинители. „Поднесовме предлог на измена на шест закони – Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани ...

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија. Претставувајќи ги своите идеи и решенија, тие повикаа на поддршка за создавање побезбедна и поинклузивна дигитална средина. Децата, поделени во пет тимови, ги претставија своите ...

Денес го означуваме почетокот на културната мисија на Кичево како Град на културата за 2026 година. Ова не е само титула, туку е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката енергија што овој град ги носи со децении, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на свеченоста која се одржа во салата на советот на општина Кичево по повод започнувањето на манифестацијата „Кичево – град на културата за 2026“. Како што додаде, за ...

Грчката влада донесе строга одлука со која пошироката планинска област на Преспа е прогласена за „недопрена планина“. Иако одлуката се однесува само на грчкиот дел од регионот таа ќе предизвика построг режим на заштита на природните живеалишта во триграничниот појас меѓу Грција, Македонија и Албанија. Одлуката доаѓа во момент кога Преспа, и покрај постојните режими на заштита, сè почесто се соочува со притисоци од инфраструктурни ...

По лавината реакции во јавноста за одлуката поранешниот вицепремиер Артан Груби да одие во куќен наместо во ефективен притвор Здружението на јавните обвинители побара политичките партии и функционерите да се воздржат од јавната реторика со која се нарушува самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето. „Изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители, ...

Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закони, со заедничка цел – финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, информираше пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан на денешната прес конференција, се вели во соопштението од Левица што МИА го објавува интегрално. Предлогот предвидува двојно зголемување на максималниот износ за ...

Обвинителството ги носи во заблуда одбраната и судот и затоа процесот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани треба да се прекине. Вакво барање денеска изнесе адвокатот Петре Шилегов на рочиштето и сите негови колеги адвокати во судницата го поддржаа. Реакцијата на Шилегов доаѓа по контроверзното испраќање на домашен притвор на бегалецот Артан Груби. Шилегов во судницата рече дека постои „дуализам, две категории на граѓани во оваа ...

По повод 8. Mарт, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи свечен осмомартовски концерт со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот, кој ќе се одржи на 7. март во црквата „Света Софија“ во Охрид од 20 часот, ќе понуди богата стилска палета, од барокна елеганција, преку романтична лирика, до шпански и латиноамерикански музички колорит, создавајќи свечена атмосфера достојна за одбележување на празникот на жената. ...

Додека десетици нивни колеги го бојкотираа обраќањето на Трамп за состојбата на Унијата, неколку од демократите во салата на Претставничкиот дом во вторник вечерта јасно го искажаа своето противење на забелешките на претседателот. Конгресменот Ал Грин беше отстранет од говорот речиси веднаш, што го одбележа втора година по ред како е отстранет од годишниот настан. Откако беше наредено од претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, за ...

Форум за разумни политики денес го објави вториот анализиран случај во рамкита на Индексот за политички интегритет – се работи за Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Форумот го анализираше неговото однесување за време на протестите поврзани со зголемување на минималната плата и неговото именување за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Клучното прашање од ...

Жена на возраст од 71 година почина во пожар во својот дом во Ќерамидница. – На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша меморандум за соработка со здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможува индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост. Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен ...

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук. Според објавените тужби Заев бара 500.000 денари штета од Петру[евски поради тврдењата дека тој бил дел од нарко картел и дека е во блиски ...

Асоцијацијацијата Макам-транс соопшти дека од денеска напладне до 22:00 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот со затворениот патен правец во Албанија поради оштетување на мост ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато. Фитосанитарниот преглед за товарните возила ќе може да се направи до 18:00 часот. Поради големо свлечиште и оштетувања на коловозот, како и ...

Лани во декември во земјава вкупно се потрошени 821 436 мегават часови електрична енергија, 47,058 милиони нормални кубни метри природен гас, 261 591 тони јаглен и 100 606 тони нафтени продукти. Според податоците од Државниот завод за статистика, 78,4 отсто од вкупно потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,6 проценти од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. Во домашно произведената електрична ...

Нашата цел е јасна, да имаме модерна, стабилна и одржлива енергетика. Но уште појасна е вистината – иднината на енергијата не ја создава машината, туку луѓето – истакна министерката за енергетика, рударство и минерална ресурси, Сања Божиновска, на промотивен настан „Вештина на иднината“ организиран од АД ЕСМ, а се одржа во Битола. Пред вработени на АД ЕСМ, претставници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, како и претставници на Европска ...

Охридската гимназија гради зелена иднина – селекцијата на отпад станува секојдневие. Учениците и професорите заедно континуирано и активно работат на селекција на отпадот и градење еколошки навики кај учениците. Во училиштето се поставени специјални корпи за одвојување на пластика, хартија и метал и текстил, со што се овозможува правилно управување со отпадот уште од училишните клупи, јавува Ohridnet. Овој систем е дел од проектот ...

„Дамите бираат, а мажите резервираат“ е мотото на двата концерти на Дац и Александар за Денот на жената, на 6 и 7 март во МНТ. Концертите се распродадени, а според заинтересираноста можеле да бидат и пет, рече денес на пресот, директорот на МНТ, Никола Кимовски, за кого концертите се повеќе од музика, туку настан кој ѝ треба и е баран од публиката. Условно „третиот“ концерт за сите оние кои не дошле до карти за двата концерти, е на 18 јуни, ...

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт насловен „Нови хоризонти“ на кој како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во бе-мол, оп. 23 од П. И. Чајковски, Суита бр. 2 „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев. ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1026
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
47%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1026
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1027
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.2
43%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.47
50%
1027
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.24
46%
1031
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
40%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Иридиум

229769.28

Алуминиум

3.29

Кобалт

66.14

Платина

67998.83

Родиум

368126.05

Сребро

2648.90

Злато

163613.54

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Калај

50.04

Рутениум

45750.51

Паладиум

51794.85