Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска пред македонското Собрание организа изведба на социјален танц театар подготвен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар по повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето. Местото на настанот е избрано поради тоа што е место на носење одлуки, со цел да се упати јасна порака дека заштитата на децата од насилство, нивната безбедност и благосостојба мора да бидат врвен ...

Општина Чаир официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија. ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра уште еден пријателски дуел. Најдобрата селекција гостува кај Турција уште еден учесник на Светското првенство кое почнува на 11.јуни. По натпреварот во Сараево со Босна и Херцеговина (0:0), селекторот Гоце Седлоски ќе има прилика да испроба играчи на кои ќе смета за следниот циклус натпревари во Лигата на Нациите. На прес конференцијата во пресрет на дуелот и за важноста на овој тип ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници ...

Проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, член на Друштво на писателите на Македонија и претседател на Македонско научно друштво, со поддршка на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претстави македонската поезија на „Свето слово“ во Бургас, соопштија од македонскиот КИЦ во Софија. Со својот поетски настап, се наведува во соопштението на КИЦ – Софија, таа не само што го претстави сопственото творештво, туку достојно го пренесе ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на брз договор меѓу Вашингтон и Техеран, велејќи дека „ништо не ја оправдува актуелната ескалација во јужен Либан“. Макрон напиша на Икс дека имал телефонски разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, султанот на Оман, Хајтам бин Тарик, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед и египетскиот претседател, Абдел Фатах ел-Сиси, за ситуацијата на ...

Граѓаните на Македонија ќе платат милиони за најголемата прослава на независноста. Помпезно ќе се одбележува 35 годишнината од самостојноста на државата. Ќе гостуваат светски sвезди, веќе е најавен голем спектакл. Досега се познати настапите на оперската мега sвезда Хозе Карерас, светскиот диџеј Давид Гета и 120 домашни изведувачи, за публиката сѐ е „бесплатно“. Ќе се плати од државната каса која ја полнат граѓаните, а ги троши власта. Ќе има ...

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало. Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина. Американската ...

Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност. ...

Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите од овој факултет. -Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја важноста на ...

Доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат вечер, а настанот, на кој ќе биде награден добитникот на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска писателка за деца, Оливера Николова, се одржува на Меѓународниот ден на детето, кој во светски рамки се ...

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на нејзината земја, јави ДПА. „Ние не прифаќаме мешање. Ние сме слободна, независна и суверена земја“, им рече Шајнбаум на поддржувачите синоќа на митинг во Мексико Сити по повод втората годишнина од нејзината изборна победа. Претседателката рече дека агенција на Министерството за правда на САД побарала апсење на 10 Мексиканци заради нивна ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а за возврат израелските сили да се ...

По повод 1 Јуни – Денот на згрижувачките семејства, во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата. Настанот ќе се одржи во Зоолошка градина Скопје, со присуство на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, ...

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 – 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело – монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски. Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните трудови ќе зборува академик Глигор Јованоски, додека за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словачка. Сиљановска-Давкова утре во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе ...

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани синоќа во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). Охриѓани ја слават историската победа, а најголема благодарност искажуваат на ...

Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и ...

Со спектакуларната изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, синоќа на сцената на Националната опера и балет свечено беше затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта беше изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата беа на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф – Маја ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја одржа својата моќ со помош на медиуми кои ја ширеа неговата пропаганда. Откако дојде на власт, Орбан ги стави под своја контрола повеќето медиуми во Унгарија и на тој начин успеа да уништи некои од најзначајните весници во земјата. По победата на „Тиса“ на парламентарните избори во април, „медиумите на Орбан“ се соочуваат со сè посериозни тешкотии. Анализата на унгарскиот портал 444.hu се базира на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди за непосредната закана од масовни комбинирани руски воздушни напади со дронови и ракети во следните 24 до 48 часа. „Имаме разузнавачки информации, потврдени од нашите американски и европски партнери, кои потврдуваат дека Русија подготвува напад од големи размери“, изјави Зеленски за американската телевизиска мрежа Си-би-ес (CBS). Претседателот го повика украинското население да ...

Реконструкцијата на Владата била една од темите на дискусија денеска на првата седница на Централното собрание на Вреди по формирањето на партијата. – Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните – соопшти Вреди по седницата, на која се разговарало за актуелните ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати официјално писмо со оставка до канцеларијата на врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи, во кое се наведува дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) ја презел целосната контрола врз управувањето со земјата, објави Иран Интернешнл, повикувајќи се на ирански разузнавачки службеник. Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Пезешкијан, во писмо испратено во ...

Пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер се венчаа на интимна церемонија во Лондон, пред нивните најблиски пријатели и семејството. Двојката го изговорила судбоносното „да“ во градското собрание на Олд Мерилебон, на легална венчавка пред раскошната тридневна прослава што наводно ја планираат на Сицилија. Пејачката се појавила во бело со шапка и ракавици, држејќи го за рака нејзиниот сопруг Калум, кој носел темно одело и вратоврска. На ...

По четиригодишно отсуство поради војната во Украина, членовите на германската бизнис заедница официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во северниот руски град Санкт Петербург. „…Сакаме, како и сите големи западни земји, да одржиме економски мост кон Русија и да заштитиме повеќе од 100 милијарди евра германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА. И покрај ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла „тие преминале сè што може да се премине“. „Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува“, изјави Песков за порталот Вести, коментирајќи ја изјавата на ...

Франција денеска побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи израелските сили напредуваа понатаму во јужен Либан, заземајќи историско обележје како база за проширени напади врз Хезболах, јави ДПА. „Ништо не може да го оправда продолжувањето на израелските воени операции во Либан и сè подлабоката окупација на либанската територија“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро за францускиот радиодифузер BFMTV. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Платина

55170.68