Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерката за надворешни работи Велислава Петрова испрати јасен сигнал до Република Северна Македонија дека Бугарија нема да се повлече од она што беше договорено во 2022 година, а патот на Скопје кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски. „Ова не е прашање на билатерални прашања, туку на односи меѓу земја кандидат и Европската Унија“, изјави Петрова за БНТ. Таа нагласи дека тонот од бугарската страна останува ...
Деветнаесетгодишниот Жоао Фонсека направи сензација во шеснаесетфиналето на Ролан Гарос, нокаутирајќи го српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 4:6, 4:6, 6:3, 7:5, 7:5. Младиот Бразилец, кој моментално е на 30-то место во светот, го запре Ѓоковиќ во неговата потрага по 25-та титула на Гренд Слем по речиси пет часа игра. Во осминафиналето, тој ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Каспер Руд и Томи Пол. Ова беше само седмиот Гренд Слем ...
Додека деталите за свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс сè уште се чуваат во тајност, американските медиуми откриваат кои познати имиња веќе добиле покани. Американската пејачка Тејлор Свифт и ѕвездата на НФЛ, Тревис Келс, наводно се во завршна фаза од подготовките за една од најочекуваните свадби на познати личности во последните години. Иако со месеци се шпекулираше дека двојката ќе се венча за време на викендот за Денот на независноста ...
Доматот, сеприсутен во сè, од брза храна и хамбургери до висока кујна, добива нова улога: симбол на растечките трошоци. Во изминатата година, цените на доматите пораснаа повеќе од кој било друг прехранбен производ, станувајќи една од најголемите главоболки за потрошувачите, кои сè повеќе ја ограничуваат достапноста на производи што некогаш беа достапни за сите. „Доматот стана симбол на нешто многу подлабоко“, вели Исак Бернал Карбахо, готвач ...
Францускиот кошаркарски клуб Бург беше една од најубавите кошаркарски приказни во Европа минатата сезона, во која успеа да ја освои титулата во Еврокупот. Така, Бург освои и место во Евролигата следната сезона, но претседателот на клубот, Жилиен Дезбот, во неодамнешните интервјуа објави дека Бург нема да игра во елитното натпреварување. Конечната потврда дојде со денешното соопштение од клубот. „Бург го достигна врвот на своето патување со ...
Електричните автомобили генерално не се забранети на европските фериботи, но некои земји воведуваат строги ограничувања. Грција бара електричните и хибридните возила со приклучоци да се полнат максимум 40 проценти пред да се качат на фериботот, додека една норвешка бродска компанија целосно ги забрани електричните, хибридните и водородните возила. Патувањето со ферибот е рутинска работа за повеќето возачи, но сопствениците на електрични ...
Малку автомобили во поновата историја предизвикале толку многу реакции како првото целосно електрично Ферари. Новиот Ferrari Luce е предмет на критики и потсмев на интернет во последните денови, не толку поради неговиот дизајн, кој е објективно лош, туку затоа што многумина веруваат дека му недостасува страста и убавината што се очекуваат од Ферари. Веројатно е невозможно да се создаде електричен автомобил кој целосно ќе го пренесе чувството ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, објави попладнево реномираниот портал „Атлетик“. Според истиот извор, Мурињо потпишал договор со Реал Мадрид минатата недела и се враќа во Кралскиот клуб 13 години по неговиот прв ангажман на „Сантијаго Бернабеу“. Мурињо имаше уште една година од договорот со Бенфика, но и откупна клаузула од само три милиони евра во договорот, која мораше да се активира до 25 мај. ...
Јордански државјанин е уапсен под сомнение дека извршил измама, откако истражните органи утврдиле дека ја украл банкарската картичка на познатиот актер Џони Деп и преку неа потрошил повеќе од 600.000 евра. Познатиот актер наводно воопшто не забележал дека од неговата сметка повеќе од две години исчезнуваат огромни суми пари, сè додека матичната банка не ги означила трансакциите како сомнителни. Истражителите успеале да ги лоцираат ...
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција по средбата со унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека неговата земја ќе може да добие 16,4 милијарди евра замрзнати средства од буџетот на ЕУ. Маѓар појасни дека Унгарија и ЕК постигнале политички договор за потребните законски измени за неговата земја да почне да прима трансфери од ЕУ. Според него, ова е огромен успех и обезбедува приходи ...
Дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац, во близина на границата со Украина, при што беа повредени две лица, соопштија романските власти. Според Министерството за одбрана, кратко пред тоа започнал масовен напад со беспилотни летала од руска страна. НАТО и ЕУ ги осудија „неодговорните постапки“ на Русија, а Романија го прогласи генералниот конзул на Руската Федерација во Констанца за персона нон грата. „Синоќа имавме сериозен ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо ...
Селекторот на аргентинска репрезентација Лионел Скалони го објави списокот со 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, на кој се најдоа 17 играчи со кои ја освои титулата на Мундијалот 2022 во Катар. Аргентинците во одбрана на титулата ќе ги предводи 38-годишниот Лионел Меси, за кого Мундијалот од 11 јуни во 19 јули во САД, Мексико и Канада ќе биде вкупно шести во кариерата. Меси е рекордер според бројот на одиграни мундијалски ...
Територијалната противпожарна единица Куманово доби донација од три противпожарни возила, со кои ќе располагаат кумановските пожарникари, соопштија денеска надлежните. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека претставници од ТППЕ Куманово и од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) претходно учествувале на петдневна обука во покраинската област Тирол во Австрија, каде посетиле практична едукација за ...
33-годишна скопјанка синоќа пријавила дека на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат во автобус од двајца врсници. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:15 часот во СВР Скопје Е.С.(33) од Скопје пријавила дека околу 21:50 часот на подрачјето на Чаир во автобус нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 33-годишна скопјанка ...
Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се ...
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој во 2018 година избега во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал „ВиСквер“ (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според текстот на познатиот истражувачки новинар, Саболч Пањи, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од ...
На Виктор Орбан ќе му биде понудена висока позиција во Обединетите нации од круг поврзан со Доналд Трамп, пишува истражувачкиот новинар Саболч Пањи во билтенот на централноевропскиот портал VSquare, повикувајќи се на неколку независни извори. Конкретното портфолио е очигледно второстепено и во голема мера неважно; важно е дипломатскиот имунитет што би го носел висок функционер во ОН. Тој имунитет би бил значаен – но неговиот обем зависи од ...
Општина Аеродром од вечерва е центар на фолклорот и традицијата, со почетокот на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој ќе трае до 1 јуни во Долно Лисиче. Покрај домашните ансамбли, на сцената ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Како што соопштуваат од општината, градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде на учесниците и гостите, истакнувајќи дека фестивалот претставува ...
Министерството за правда внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Никола Груевски стекнал унгарско државјанство. Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда. ...
Селекторот на аргентинска репрезентација Лионел Скалони го објави списокот со 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, на кој се најдоа 17 играчи со кои ја освои титулата на Мундијалот 2022 во Катар. Аргентинците во одбрана на титулата ќе ги предводи 38-годишниот Лионел Меси, за кого Мундијалот од 11 јуни во 19 јули во САД, Мексико и Канада ќе биде вкупно шести во кариерата. Меси е рекордер според бројот на одиграни мундијалски ...
Холандија воведува значително построги правила за службените автомобили кои не се целосно електрични од 2027 година. Новата такса ќе се применува на новопотпишаните договори за лизинг за возила со мотори со внатрешно согорување, како и хибриди, а целта на владата е дополнително да го забрза преминот кон мобилност на батерии. Од 1 јануари 2027 година, работодавците ќе мора да плаќаат дополнителна месечна такса на даночните власти за вакви ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска објави дека од ноќеска нуклеарната централа Запорожје привремено останала без надворешно напојување, што е 16-ти пат од почетокот на воениот конфликт во Украина. МААЕ во објава на Икс соопшти дека дизел генераторите за итни случаи автоматски се вклучиле за да обезбедат напојување на клучните безбедносни системи за време на едночасовниот прекин на електричната енергија, по што ...
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски, за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот, се вели во соопштението од Левица. Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува ...
Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, најавува министерот за здравство, Азир Алиу. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица, како што соопшти денеска Министерството за здравство, Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. -Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби нешто помал објект на северената граница, во општина Куманово. Ние како ...
Малолетник на возраст од 13 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Черкези. Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишник од ...
Пет филма беа наградени на затворањето на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал, кој вчеравечер ги прогласи добитниците во категориите за долгометражни и краткометражни остварувања. Во Официјалната селекција на долгометражни филмови, наградата „Златен був“ од стручното жири ја доби филмот „Месечината ми е татко“ на грузискиот режисер Гиорги Овашвили, кој беше истакнат за неговата уметничка способност „тишината да ја претвори во јазик, ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема ...
Високиот суд на Кенија привремено го запре планот на САД за поставување карантински центар во Кенија за луѓе изложени на вирусот ебола. Судијката на Високиот суд, Патриша Њаунди, во наредба издадена доцна синоќа, пресуди дека до завршувањето на судската постапка со која се оспорува договорот со САД, Кенија не смее да прифаќа луѓе кои биле изложени на ебола или заразени со болеста. Белата куќа објави дека САД воспоставуваат карантински центар ...