Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...

Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Пожарот бил пријавен по полноќ. Причината засега останува непозната. – На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна ...

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад врз американска база во Кувајт. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека соборени се и четири ирански дронови, што претставувале закана околу Ормуска Теснина. – Копнената контролна станица во иранската база Бандар Абас е погодена пред да биде лансирано петтото беспилотно летало, соопшти ЦЕТКОМ, додавајќи оти акцијата била ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го коментираше својот триумф над Французинот Валентин Ројар (6:3, 6:2, 6:7 (7:9), 6:3) во второто коло на Ролан Гарос. -Беше многу, многу тежок натпревар во тешки услови. Голем тест за мене. Искуството многу ми помогна. Ова е многу важна победа. Условите се тешки за играчите. Имав шанси во третиот сет, но по моја вина го изгубив сетот. Се надевам дека нема да сретнам друг француски играч пред крајот на турнирот. ...

Повеќе од илјада планинари од Македонија и регионот викендов, на 31 мај, се очекува да бидат дел од 44-тото традиционално искачување на Титов Врв, кое и оваа година го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, продолжувајќи една од најзначајните и најмасовни планинарски традиции во земјава. Настанот, кој со децении претставува симбол на заедништво, љубов кон планината и планинарскиот дух, од година во година привлекува сè поголем ...

Миодраг Зец, професор по економија од Србија, во едно свое интервју вели дека секоја власт во Србија има прво свои богаташи кои кога ќе дојде следната власт по автоматизам стануваат робијаши. Дали ова непишано правило важи и за целиот регион и кај нас, ќе просудите самите. Но, она за што мислам дека немаме дилема е фактот и дека после 35 години на прокламирана пазарна економија или колоквијално кажано капитализам, кај нас сѐ уште е ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека Унијата не смее да „падне во руска замка“ со прашањето кој ќе ја претставува Европа на евентуални идни преговори. Таа изјавата ја даде при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во кипарскиот град Лимасол. Калас нагласи дека Русија се обидува да го насочи фокусот кон прашањето „кој зборува ...

Главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, и главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, објавија дека повикале претставници на ФИФА на суд во врска со случајот со продажба на билети за Светското првенство во 2026 година, објави „EPSN“. Обвинителството побарало интерни информации за тоа како Светската фудбалска асоцијација продавала билети за осум натпревари од Мундијалот закажани да се одржат на стадионот „МетЛајф“ во Ист ...

Европа го доживува најраниот и најинтензивен топлотен бран во модерната регистрирана историја. Маса топол воздух што се прошири кон север од Северна Африка под висок притисок донесе температури во втората половина на мај кои на места се до 15 степени Целзиусови над сезонскиот просек. Систем со висок притисок што метеоролозите го нарекуваат „топлотна купола“ стои неподвижен над Западна Европа и го блокира пристигнувањето на постудените ...

На почетокот на војната на Блискиот Исток, експертите и претставниците на индустријата предупредија дека затворањето на една од најважните светски бродски рути ќе предизвика сериозен недостиг на нафта, гас и други клучни суровини. Три месеци по почетокот на блокадата на Ормускиот теснец, овие предупредувања се остваруваат низ целиот свет, пишува „Њујорк тајмс“. Пред војната, низ теснецот се пренесувала околу една четвртина од светската сурова ...

Во „Јавна соба“ во Скопје вечер од 20.30 часот концерт ќе одржи познатиот индонезиски музичар Маншур Ангклунг, за кој влезот за посетители е слободен. Како што соопшти Амбасадата на Индонезија во Софија, Маншур Прадитја, познат како Маншур Ангклунг (1994, Бандунг, Индонезија) е традиционален музичар, уметник и солист, пионер на анклунг, кој ги комбинира звуците на овој традиционален индонезиски инструмент со електронска музика, под слоганот ...

Во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на академскиот уметник Милан Андов, насловена „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“. Уништувањето, дехуманизацијата и распаѓањето на човекот како единка е застапена тема во уметноста, особено во 20 и во 21 век, одразувајќи ги траумите од војните, технолошкиот напредок и отуѓувањето во современото општество. Уметноста ...

Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ, настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности. По тој повод ...

Оркестарот на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика”. Оркестарот на Филхармонијата ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно вечерно видеообраќање изјави дека Киев планира да продолжи со напади врз цели длабоко на територијата на Русија. Зеленски посочи дека таквите операции имаат цел да и покажат на Москва дека „ќе мора да плати за војната преку загубите што ги трпи“. Тој додаде дека главна цел останува руската нафтена индустрија, со намера да се намалат приходите на Русија од извоз на енергенси. Во ...

Здружението „Вина од Македонија“ денеска ќе одржи средба со производители на вино, на која ќе присуствува и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тема на средбата, која ќе се одржи во М6 Едукативниот центар во Скопје се измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Здружението „Вина од Македонија“ денеска ќе одржи средба со производители на вино, на која ќе присуствува и заменик-министерот ...

По повод 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната правда ќе се одржи настан на кој Новинари за човекови права ќе го презентираат своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија, како и ќе го промовираат менструалниот пакет за прва менструална помош. Настанот, како што велат организаторите, има за цел да отвори дискусија за предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените во однос на пристапот до менструални ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со ...

Американската војска започна нови напади врз Иран, насочувајќи се кон локации за кои американските претставници веруваат дека претставуваат закана за американските сили и комерцијалните бродови во Ормускиот теснец, потврди неименуван американски претставник за Ројтерс. Официјалниот претставник додаде дека американската војска, исто така, пресретнала и соборила неколку ирански дронови кои претставувале слична закана. Набрзо следеше одговорот ...

Лондонски Кристал Палас го освои првиот европски трофеј во својата 119-годишна историја, откако синоќа во финалето на Лигата на конференции во Лајпциг го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0). Ова беше петто издание на Конференциската лига во кое Кристал Палас стана петтиот клуб кој триумфирал, по Рома, Вест Хем, Олимпијакос и Челзи. Победата на англискиот клуб му ја донесе францускиот репрезентативец Жан – Филип Матета во 51. минута. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата изјави дека „не е задоволен“ од преговорите со Иран за договор за завршување на војната и дека не го интересира ефектот на конфликтот врз среднорочните избори, бидејќи победи на прелиминарните избори во вторник. „Тие многу сакаат да постигнат договор. Досега не стигнале до таму“, рече Трамп за Иран за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа. „Не сме задоволни од тоа, но ќе бидеме. Ќе ...

Владата работи на Реформската агенда и тоа е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски. Вака одговорија вечерва од Владата на барањето на лидерот на СДСМ да се одржи референдум за членството во ЕУ. „Да не трошиме време и пари на граѓаните“, велат од Владата. Оттаму велат дека отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. И го ...

Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и ...

Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот за управување со отпад и заштита на животната средина. Новото уредено собирно место им овозможува на граѓаните правилно да го одлагаат отпадот кој претходно најчесто завршувал во комуналните контејнери или во природа. ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад ...

Под наслов „Секогаш на врвот“, денеска во Скопје беше промовирана биографска книга посветена на македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски, во авторство на доајенот на спортското новинарство Златко Калински. Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговиот ангажман како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет. ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15