Професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, вели дека ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со фактот што победи на избори има право да управува со сите сегменти на државата и општеството. Премиерот јавно објавува војна против судиите и обвинителите, кои според него се главни виновници за слабиот успех во борбата со криминалот и корупцијата, вели Калајџиев во текст што го објавува „Трилинг“. „Овој чуден конфликт помеѓу извршната и судската власт, ...

Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од 3 до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, денеска на прес-конференција најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, ...

Во мај 1969 година, тројца американски астронаути станаа најбрзите луѓе во историјата. За време на нивното враќање на Земјата, екипажот на мисијата „Аполо 10“ достигна брзина од околу 39.897 километри на час, или околу 11 километри во секунда. Тој рекорд сè уште важи денес. Историскиот момент се случи на 26 мај 1969 година, само два месеци пред легендарното слетување на Месечината на „Аполо 11“. „Аполо 10“ во суштина беше генерална проба за ...

Во разговорот во живо за медиумот „Телекс“ во понеделникот, унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека ќе се истражува богатството на политичарите и дека тоа ќе биде задача на Националната канцеларија за враќање на средствата, што ќе се спроведува со помош на Даночната и царинската управа. Според него, ќе се развие нов систем за пријавување на имотот, кој ќе се прошири на претседателите на партиите, како и на пратениците, така што Виктор Орбан ...

Првиот смртен случај од дифтерија во последните десет години е регистриран во Австралија, а земјата истовремено се бори со најлошата епидемија на оваа заборавена болест во поновата историја, пишува BBC. Министерството за здравство прогласи епидемија уште во март, откако случаите се проширија во Западна Австралија, Јужна Австралија и Квинсленд. Бројот на пациенти почна да се зголемува кон крајот на 2025 година, а во февруари забележа ненадеен ...

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) го повика градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски да побара од менаџментот на ЈСП Скопје да седне и да разговара со синдикалните организации и да најдат решение за сите отворени прашања, за да не се случи вработените повторно да тужат. Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на КСОМ, на денешната прес-конференција пред Инспекторатот за труд, изјави дека уште денес е потребно да ...

Премиерот Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска во Охрид потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји, со што, како што беше истакнато, се отвора нова етапа во билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска.Покрај договорот за стратешка соработка меѓу владите, беше потпишан и договор за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство ...

Руските сили лансираа две напредни балистички ракети „Орешник“ врз Киев за време на масовниот напад на 24 мај. Сепак, една од нив можеби не функционирала правилно и паднала врз руските позиции во окупираниот регион Донецк, според американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). Веројатниот дефект на „Орешник“ е снимен од камера свртена кон север во Донецк. Видеото покажува шест подмуниции карактеристични за оваа ракета како паѓаат во ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува ...

Градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски, од денеска најавува голема теренска посета во сите скопски општини, а со гласот на граѓаните, ќе се обиде да го води градот. Средбите со граѓаните ги почнува по нешто повеќе од шест месеци по преземањето на функцијата, откако пред тоа се среќаваше со граѓаните за да ги слушне нивните желби, барања и потреби, со кои ги освои локалните избори и стана градоначалник на Скопје. Што очекува да слушне ...

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата. ...

Сони Ролинс, еден од најголемите џез саксофонисти на сите времиња, почина на 95-годишна возраст. Неговата смрт беше објавена на неговата веб-страница во понеделникот, „со длабока тага и длабока љубов“. Неговата публицистка Тери Хинте, исто така, ја потврди веста. Не е наведена причина за смртта, но во соопштението се вели дека „Колосот на саксофонот“ починал во својот дом во Вудсток, Њујорк, во понеделник попладне. Во соопштението се ...

КОПЕНХАГЕН — Европската унија мора да обезбеди технолошките компании да го откријат еколошкиот отпечаток на нивните центри за податоци, вели шефот на агенцијата за животна средина на блокот. Додека Европа се трка да ги стигне Кина и САД во трката за вештачка интелигенција, Брисел се надева дека ќе ја воспостави потребната компјутерска моќ со тројно зголемување на капацитетот на центрите за податоци во рок од седум години. Таа цел предизвика ...

Училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром ќе добие ново детско игралиште, сподели денеска градоначалникот Дејан Митески. „Со особена радост сакам да споделам дека во училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ се гради ново детско забавно игралиште – место каде што детската смеа, играта и безгрижното детство ќе добијат уште поубав дом. Она што е особено интересно и вредно за почит е што игралиштето го градат волонтери, ученици од САД ...

Дебатата за Фискалната стратегија и за законот за задолжување за 260 милиони евра кои се на дневен ред на денешната 102. Седница на Собранието, ги стави во фокусот висината на јавниот долг, загрижувачкиот раст на каматниот товар за земените кредити, како и консолидацијата на јавните финансии, но и отсуството од расправата на Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Ова дотолку повеќе што изминатите денови на релација власт и ...

САД ќе ни помагаат да добиеме транспарентни јавни набавки, но нив да ги добиваат американските компании – произлегува од најновиот извештај на Стејт департментот што ја објаснува политиката на администрацијата на Доналд Трамп пред членовите на Конгресот. Иако кај нас акцентот беше ставен на најавата дека САД нема да помагаат повеќе во градење на нации, што беше протолкувано како најава зе наинтервенирање во внатрешни работи, главната вест е ...

САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда (Центком), но нагласи дека нападите не укажуваат дека прекинот на ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа. Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот заменик градоначалник, Неделчо Крстевски. Јакимовски истакна дека Сити Мол е ...

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што ...

Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка. Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко дејствување во ...

Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 процент. ...

Неколку лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел, каде што се судрија воз и школски автобус. Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица и веќе започнал да сопира. Несреќата се случила во 8:08 часот наутро, кога школскиот автобус влегол на железничкиот премин. ...

Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината. Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела). Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво во поставените контејнери. Од комуналното претпријатие на ...

Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја – современ агроцентар кој ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство. Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро ќе започне реализацијата на проект вреден над 50 милиони евра. Станува збор за современа агрофуд платформа ...

СВР Битола информира дека синоќа во Прилеп биле приведени осум лица по физички напад врз татко и син, кој продолжил и во Итната медицинска помош. Според полицијата, на 25 мај околу 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од селото Пресил, крушевско, како и С.К.(52) и Х.К.(18) од селото Саждево, ...

Топлотниот бран во Европа веќе одзеде 7 животи во Франција, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, цитирана од светските новински агенции. Пет од смртните случаи се од давење, но сите се поврзани со топлотниот бран низ кој минува земјата. Во последните денови, Европа беше зафатена од необичен топлотен бран, поставувајќи рекорди на температурата во Франција и Велика Британија. Осум департмани во западна Франција прогласија ...

Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал ...

Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya ...

„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54