Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
ВМРО-Народна партија со загриженост ја коментира информацијата дека единствен кандидат за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија ќе биде Гордана Јовиќ – Стојковска. -Не се сомневаме дека таа е сигурно едно ниво поквалитетна од сите изворни македонски писатели и со тоа заслужила да биде кандидат за претседател на ДПМ но исто така не можеме, а да не го истакнеме и нејзиниот ангажман во рамките на прославите за српското ...
Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор, според кој Иран не би поседувал нуклеарно оружје и би се откажал од резервите на збогатен ураниум, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван висок претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведува дека рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува 60-дневен ...
Глобалните нафтени резерви се приближуваат кон критични нивоа, а енергетските аналитичари предупредуваат дека Европа веќе би можела да почувствува сериозен притисок врз снабдувањето со гориво и зголемувањето на цените на енергијата ова лето. Проблемот повеќе не е само цената на барелот. Сè повеќе станува прашање колку нафта е навистина достапна на пазарот во време кога војната со Иран и нарушувањата во Ормускиот теснец ги дестабилизираат ...
Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог, велат од Влен во соопштение. „Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова не е обичен ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...
Уште едно дете настрада при пад од електичен тротинет. Несреќата се случила во гостиварско село. – На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од село Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал, инфомрираа од полицијата во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна во разговорите зад затворени врати дека се соочува со тешкотии во влијанието врз ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран, објавија израелските медиуми. Извештајот за развојот на настаните доаѓа во време кога разговорите меѓу Вашингтон и Техеран се чини дека се приближуваат кон договор насочен кон прекин на војната против Иран. Израелскиот Канал 13, повикувајќи се на неименувани ...
Кина достави пратка од 15.000 тони ориз во Куба, бидејќи Хавана продолжува да се бори со економски тешкотии и недостиг на гориво, објавија кинеските државни медиуми. Куба се заблагодари Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез во објава на социјалните мрежи од американската компанија X изјави дека Куба ја примила пратката и ги пофали, како што ги опиша, блиските врски на пријателство и соработка меѓу двете земји. Тој рече дека ...
Борбен лидер принуден да свика референдум за одвојување за да го одврати бунтот – а потоа ветува дека ќе води кампања против него. Тврдења дека просперитетот е украден од далечни елити и дека може да се поправи со гласање за напуштање. Мрморење за странско мешање. Сенката на „Брегзит“ се надвисна над прериската провинција Алберта, додека малцинството инсистира на гласање за отцепување од Канада. И повторно беше таму во четврток вечерта кога ...
Додека европските производители се обидуваат да развијат прифатлив електричен или хибриден автомобил под 15.000 евра, враќањето на легендарното „југо“ би можело да донесе сосема поинакво сценарио. Според најавите, новото „југо“ би можело да пристигне на европскиот пазар со цена од околу 12.000 евра, што денес звучи речиси нереално во време кога цените на новите автомобили постојано растат. Новиот проект го води српски претприемач од ...
Авион на RAF во кој се наоѓал министерот за одбрана Џон Хили оваа недела имал блокиран GPS сигнал во близина на руската граница. Хили се враќал во Велика Британија во четврток откако ги посетил британските трупи во Естонија, а се верува дека Русија стои зад блокирањето. Прекинот на GPS ги принудил пилотите да користат алтернативни системи за навигација за време на тричасовниот лет, објави Би-Би-Си. Инцидентот првпат го објави весникот ...
Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 23 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...
Изгаснат e пожарот што избувна синоќа во Радовиш во кој изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“. Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, како и на нивната пожртвуваност и професионалност, пожарот беше локализиран и изгаснат за релативно кратко време, и покрај тешките услови на терен. Пожарникарите вложија големи напори за да спречат негово понатамошно ширење и успешно ја завршија интервенцијата, ...
Лионел Меси ги загрижи навивачите пред Светското првенство откако мораше да го напушти натпреварот на својот тим Интер Мајами рано во неделата навечер. Иако се очекуваше да ја предводи Аргентина во одбраната на титулата, 38-годишниот напаѓач го напушти теренот поради повреда само неколку недели пред турнирот. Паузата на Меси пред Светското првенство, кое започнува на 11 јуни, започна малку порано од планираното. Во 73-тата минута од победата ...
Осум лица се тешко повредени во пожар што избувна на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти денеска противпожарната служба на овој северногермански град, пренесува агенцијата ДПА. Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, се хоспитализирани во болница, додека на осмото лице со повреди помош му била укажана од страна на болничарите на самото место на настанот. Пожарот избувнал во товарниот дел на бродот, кој е ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“. – Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи. – На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат ...
Папата Лав XIV денес ќе ја претстави својата прва енциклика, што е без преседан во папската традиција. Папите обично не учествуваат лично кога ги презентираат своите документи, без оглед на нивната важност. „Magnifica humanitas“ (Величественото човештво) се занимава со заштитата на човечката личност во ерата на вештачката интелигенција. Објавена е денес, но Лав XIV ја потпишал на 15 мај, на 135-годишнината од енцикликата Rerum novarum на ...
Италијанецот Кими Антонели во Мерцедес е победник на синоќешното хаотично Гран При на Канада, трка во Формула 1 обележана со дожд, бројни инциденти, промени во водството и откажувања. Второто место на крајот го освои Луис Хамилтон во Ферари, додека Макс Верстапен во Ред Бул заврши трет. Трката беше обележана со катастрофалната стратегија на тимот на Мекларен и жестоката внатрешна борба на возачите на Мерцедес. Пред почетокот на трката во ...
Кошаркарите на Олимпијакос се нови европски шампиони откако во финалето вечерва во финалето на Евролигата го совладаа Реал Мадрид со 92:85. Ова е четврта титула европски првак за Олимпијакос, а последната ја освоија 2013 година. Вечерашното финале по првите два периода заврши 46:44 за Олимпијакос, а на крајот од третиот период Реал Мадрид водеше со 65:61. Сепак решавачката предност кошаркарите на Олимпијакос ја постигнаа во последната ...
Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне. Пожарот го гаснат пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош се повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче. Гаснењето на големиот пожар е во тек, но и покрај големите напори кои ги вложуваат пожарникарите не се знае кога ќе биде ...
Новак Ѓоковиќ го започна своето патување на Ролан Гарос со натпревар во првото коло против домашниот претставник и 204 сантиметри висок Џовани Мпетши Перикард. Со победа од 5:7, 7:5, 6:1, 6:4, Ѓоковиќ тргна по својата 25-та титула од Гренд Слем против 83-от играч во светот, познат по еден од најсилните сервиси. Во второто коло, Ѓоковиќ ќе игра против уште еден Французин, Валентин Ројер, 73-от тенисер на АТП ранг-листата. Победникот од тој ...
Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија. Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти ...
Ако некогаш постоела градба изградена да го издржи тестот на времето, тоа мора да е Големата пирамида во Гиза, величествен споменик на човечката имагинација и амбиција. Откако била изградена за време на Старото кралство на антички Египет, таа цврсто стои и како што минува времето и цивилизациите се издигале и паѓале. Научниците сега открија една од причините за нејзината неверојатна долговечност – таа била дизајнирана и изградена со ...
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, информираше дека во тек е голема координирана акција во Арачиново за одземање крадени огревни дрва. Според неговата објава, во акцијата учествуваат Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и Подружницата за шумско стопанство „Бабуна“ – Велес. „Имаме голема акција на МВР, Шумската полиција – Скопје и Подружница за шумско стопанство ‘Бабуна’ – Велес, во која се ...
Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...
Кина успешно го лансираше вселенскиот брод со екипаж „Шенџоу-23“, означувајќи нов чекор во проширувањето на вселенската програма на Кина и истражувањето на долгорочните човечки вселенски летови. Вселенскиот брод беше лансиран од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Мисијата ја водат астронаутите Жу Јангжу, Жанг Жијуан и Ли Џиајинг, а Жу е командант на мисијата. Кинеските власти ...
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека иранскиот преговарачки тим нема да прави компромиси со честа и достоинството на Иран. Пезешкијан дополнително изјави дека Иран е подготвен да го смири светот дека Иранците не сакаат нуклеарно оружје. Истовремено, иранската агенција „Тасним“ соопшти дека сè уште останува да се решат една или две точки во текот на преговорите меѓу САД и Иран за да се стави крај на војната. Претседателот ...
Еден маж загина при уривање на деветкатна зграда во изградба во градот Анхелес на Филипините. Најмалку 20 работници остануваат затрупани под урнатините, соопштија локалните власти. Во часовите пред инцидентот во областа имало силни врнежи од дожд. Според властите, сепак, сè уште не е јасно дали тоа го предизвикало уривањето на зградата, која била планирана да биде хотелски и станбен комплекс. – Сè уште е премногу рано да се шпекулира што го ...
Премиерот Кир Стармер го опиша како „ужасен“ случајот во кој тројца тинејџери не беа испратени во затвор за силување на две девојчиња. Тој додаде дека е „правилно“ што Крунската обвинителска служба моментално ги разгледува казните изречени од судија во Крунскиот суд во Саутемптон. Двете девојчиња, тогаш на возраст од 15 и 14 години, беа силувани во одделни инциденти во Фордингбриџ во ноември 2024 година и јануари 2025 година, објави Би-би-си. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и ...