Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче. „Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, вели Филипче додавајќи дека се подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции. ...
Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон ...
Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменета политика, долгот на просечна европска земја би достигнал 130 проценти од ...
Повеќе од 44.000 луѓе се евакуирани во неколку градови во Јужна Калифорнија, откако локалните власти предупредија дека оштетен резервоар со токсични хемикалии во воздухопловна фабрика во Оринџ Каунти неизбежно ќе попушти и потенцијално може да експлодира. Индустрискиот резервоар во објектот во Гарден Гров (Garden Grove) се проценува дека содржи околу 7.000 галони (околу 26.500 литри) метил метакрилат – „силно испарлива“ и „лесно запалива“ ...
Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја. Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ. Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман Ајетовиќ, а по асистенција на Георгие Јанкулов. На 2:0 Вардар зголеми со ...
Ракометарите на Алкалоид вечерва постигнаа убедлива победа од 37:21 во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата против Бутел на домашен терен. Ова беше 20-та победа за тимот на Алкалоид во првенството и вкупно 15.та победа во 16-тиот меѓусебен дуел против Бутел. Гостите имаа водство од 3:2, но потоа Алкалоид со серија од 7-0 направи пресврт и ја навести убедливата победа. На полувреме беше 19:11 за Алкалоид, а брзо на стартот на ...
Екипата на Хал избори враќање во Премиер лигата откако попладнево во финалето на плеј офот успеа да го совлада Мидлсброу со 1:0 на Вембли пред 85.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекберни во 90+5 минута (во судиското надополнување на вториот дел). Освен пласманот во Премиер лигата Хал според некои процени ќе треба да заработи и околу 231 милион фунти. Екипата на Хал во Премиер лигата се враќа по 2017 година, а минатата ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките ...
Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство ...
Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија. Тој додаде дека нуклеарното ...
Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. – Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, ...
Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...
Попладнево, во 17:42 часот во Скопје беше почувствуван земјотрес. Според првичните нинформации, станува збор за скопското сеизмичко подрачје, а земјотресот б ил со магнитуда од 3,6 степени. Според првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмички центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 21 киломеѕтар источно од Скопје, а далбочината била на 5 километри. Попладнево, во 17:42 часот во Скопје беше почувствуван земјотрес. ...
Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Баро истакна дека одлуката го одразува гневот поради односот на Бен-Гвир кон активистите од меѓународната хуманитарна флотила за Појасот Газа „Глобал Сумуд“. „Сметано од денеска, Итамар Бен-Гвир нема право да стапне на француска територија“ напиша ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна ...
Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени институции ...
Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имале средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје. – Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и ...
Кристијано Роналдо не беше прогласен за играч на сезоната во Саудиската професионална лига, и покрај тоа што конечно ја освои титулата со Ал-Наср. Престижната награда му припадна на неговиот соиграч од клубот и репрезентацијата на Португалија, Жоао Феликс. Роналдо постигна два гола во победата од 4-1 над Дамак во четврток, обезбедувајќи ја првата титула на својот клуб по повеќе од три години, но тоа не му беше доволно за да ја освои ...
Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, тврди дека тендерот за автобусите пропаднал затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе. „Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце (Ѓорѓиевски) и затоа скопјани уште ќе чекаат, ќе дремат по автобуски станици, ќе ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Буџетот е пред колапс, а Владата е фокусирана да најде нови извори за задолжувања, при што, како што рече, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра. -Јавниот долг е зголемен за само две години, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра, пари коишто ќе ги враќаат којзнае колку следни генерации. Последното задолжување на коешто сакам да обрнам внимание од 260 ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека последниот предлог изнесен од германскиот канцелар Фридрих Мерц е уште еден доказ дека навистина има волја да се направи чекор кон проширувањето, дека и самата Европска Унија има потреба од него и во економска и во безбедносна смисла и додаде дека доколку се работи на нов пакет земји, Македонија не смее да го испушти тој воз. -Тоа е, според мене, уште еден знак дека ...
Португалскиот репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш го доби признанието најдобар играч на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ имаа пред сè одлична втора полусезона, а Бруно е првиот фудбалер од овој клуб што по повеќе од една деценија стигнува до престижната награда. Во конкуренција за наградата беа: Ерлинг Халанд, Деклан Рајс, а Фернандеш доби најмногу гласови од навивачите и фудбалските експерти. ...
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Хавајските Острови, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања (USGS). Потресот во американската сојузна држава Хаваи се случил доцна синоќа по локално време, со епицентар во непосредна близина на местото Хонаунау-Напупу, лоцирано на Хавајскиот Остров (познат меѓу населението како Големиот Остров). Според првичните податоци од сеизмолошките станици, ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо им порача на европските политичари да престанат јавно да ги осудуваат неговите средби со рускиот претседател Владимир Путин, додека, како што тврди тој, приватно од него бараат информации за содржината на тие разговори, пренесува ТАСС. Говорејќи на средба со словачки студенти, Фицо оцени дека во рамките на Европската Унија мора итно да се обнови директната комуникација со Москва, наместо туѓите контакти со ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упатил честитки за изборот и формирањето на новата влада во Словенија. Во објавата на својот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека на Словенија ѝ посакал стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи. Тој истакнува дека во разговорот била потврдена заедничката заложба за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот. Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на ...
Владата на Велика Британија упати официјален предлог до Европската Унија за создавање единствен пазар за стоки, но официјален Брисел ја отфрли оваа идеја, пренесуваат британските медиуми. Според информациите на весникот „Гардијан“, ЕУ наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабоко економско усогласување преку Европскиот економски простор. Ова, пак, од британскиот премиер Кир Стармер би ...
Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на денешната меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Северна Македонија – која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите – е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ. – Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска престојува во посета на јужноиталијанскиот регион познат како „Земја на огновите“, каде што локалната мафија со децении вршела нелегално исфрлање и палење на токсичен отпад. Посетата се реализира во пресрет на 11-тата годишнина од објавувањето на големата еколошка енциклика на претходниот папа Франциск под наслов „Слава тебе“ (Laudato si’). Со овој чекор, новиот поглавар на Римокатоличката црква ја потврдува ...