Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Владата на Македонија го именува Сашо Клековски за Директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со полн четиригодишен мандат, потврдувајќи го неговиот досегашен ангажман во периодот како вршител на должност. Во својата објава на Фејсбук, Клековски нагласува дека именувањето претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Тој посочува дека заедно со новоименуваниот заменик-директор, Седат Бислими, ќе го водат ФЗО како важен ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и на Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, наедно распоредени на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ Неготино. „По статусната промена и соединувањето на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ-Скопје, по престанок на функциите, како членови на управниот одбор, овие лица останале во работен однос во АД што било ...
Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за емитувањето на последната епизода од „The Late Show with Stephen Colbert“, велејќи дека неговиот долгогодишен водител Стивен Колберт бил „како мртовец“. Последната епизода од емисијата се емитуваше синоќа. CBS донесе одлука да ја прекине емисијата минатото лето, во време кога Paramount Global, сопственикот на CBS во тоа време, бараше одобрение од администрацијата на Трамп за спојување со ...
Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Јаневска нагласи дека очекува ...
Унгарија неодамна беше шокирана кога дозна дека тамошното министерството за одбрана склучило рамковен договор во вредност од 1.311.050.000.000 форинти (3,6 милијарди евра) со компанијата за вселенска технологија 4iG, која прерасна во ИТ гигант. Магазинот ХВГ напиша дека договорот е потпишан кон средината на март, еден месец пред изборите, од страна на компанијата на Гелерт Јасаи и министерството под контрола на тогашниот министер Кристоф ...
Кан – Шпанскиот режисер Педро Алмодовар смета дека истакнатите филмаџии имаат „морална должност“ да говорат против влошувањето на политичката клима денес. На премиерата на неговиот претстоен филм во Кан, и со значка со натпис „Слободна Палестина“ на реверот на јакната, тој одговараше на прашања во врска со неговите претходни коментари во коишто го критикуваше недостатокот на протест на „Оскарите“ претходно оваа година. – Не сакам никого да ...
Покрената истрага за млада жена која се обидела да внесе дрога во затворот Идризово. – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор ...
Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше ВЛЕН пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта, реагира денес Левица. „Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони“, реалноста е сосема спротивна – онлајн коцкањето не само што не се ...
По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло на претстојниот многу важен самит во Анкара“. Тој нагласи дека во фокусот на ...
Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Националната опера и балет и во македонската музичка култура – објави НОБ. Ристе Велков беше еден од водечките ...
Жртвите стануваат премногу. Исто толку семејства се уништени, МВР не функционира. Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, праша каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, по уште едно убиство на жена во Скопско. „Пред само неколку дена, 37-годишна жена беше убиена во Скопско, во случај кој повторно наликува на фемицид. Семејното насилство е на секој чекор и сè почесто ...
Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од ...
По повод Светскиот ден на пчелата, во Kino Edison во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното Едисон во Карловац. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и темите ...
Случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ не е завршен. На потег е Вишото јавно обвинителство. Ова го вели државниот јавен обвинител Ненад Савески, во интервју за неделникот „Фокус“ и нагласува дека сега ќе разгледува приговорот на ЕСМ на решението за запирање на истрага. „Сакам да напоменам дека јавнообвинителските одлуки не се пресудена работа. Доколку произлезат нови докази и нови околности постапката може одново да почне. Тоа е единствениот ...
Лос Анџелес -Главните дами од А-листата на „Одисеја“ се трудат максимално да го промовираат епот во режија на Кристофер Нолан, позирајќи за неверојатни фотосесии за списанието Elle. Ен Хатавеј, Зендаја, Лупита Њонго и Шарлиз Терон позираа за четири одделни насловни страници на списанието Elle кои ги претставуваа елементите – вода (Хатавеј), земја (Зендаја), оган (Њонго) и воздух (Терон). Актерките беа стилизирани од Ло Роуч, моделирајќи ...
Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот. Паркот е лоциран пред соборниот храм Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои на 26 се испишани библиски цитати и стихови во кои директно се споменува Македонија. Според градоначалникот Иван ...
По вчерашниот состанок на претставници на коалицијата „Менуваме“ со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната прес- конференција изразуваме задоволство затоа што беше најдено решение, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, за нашиот проблем по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти – изјави Суарет Алишан, координатор на коалицијата. На состанокот биле доставени предлог-закон ...
Европската организација на потрошувачи (BEUC), заедно со 30 членки од 27 земји, вчера поднесе жалба до Европската комисија и надлежните национални органи против Meta, TikTok и Google, поради недоволно справување со ширењето на измамнички финансиски реклами на нивните платформи, спротивно на обврските утврдени со Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), информира Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ). Како што посочуваат од ОПМ, ...
Писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц се прошири низ политички Берлин. Во обраќањето до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, и кипарскиот претседател Никос Христодулидис, чие претседателство моментално раководи со Унијата, Мерц предлага да се внесе нова динамика во процесот на проширување. Во прв план во писмото е Украина и концептот на „придружно членство“. Во ...
НУУК, Гренланд – Инаугурацијата на новиот американски конзулат во главниот град на Гренланд во четврток предизвика големи протести, претворајќи го она што Вашингтон се надеваше дека ќе биде кулминација на еднонеделната офанзива за шармирање во неуспех во односите со јавноста. Околу 1.000 луѓе се собраа пред новиот комплекс од 3.000 квадратни метри во Нуук, мавтајќи со гренландски знамиња и скандирајќи „Kalaallit Nunaat, kalaallit pigaat!“ ...
Канадската провинција Алберта ќе одржи референдум за тоа дали треба да остане во Канада или да продолжи кон второ обврзувачко гласање за отцепување, што претставува прв значаен тест за единството на земјата по неколку децении, објави Би-би-си. Најавата што вчера ја соопшти премиерката на Алберта, Даниел Смит, доаѓа откако граѓанска петиција со барање за отцепување собра повеќе од 300.000 потписи на почетокот на годината, додека, пак, посебна ...
ДУИ продолжува да го открива скриениот имот на Недим Рама, десната рака на Изет Меџити. Според партијата, иако има законска обврска, тој не пријавил никаков имот во Државната комисија за спречување на корупцијата. „Во денешниот случај откриваме дека до неодамна, Недим Рама со лицето Џелал Зендели беа сопственици на компанијата ХОСТМК ЛТД ДОО Скопје, која се занимава со ИТ услуги и хостинг на веб страници. Низ годините, оваа фирма има десетици ...
Бразилскиот фудбалер Каземиро на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед и како што пренесуваат британските медиуми ќе се пресели во САД и ќе биде соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами. Сепак трансферот нема да биде лесно остварлив особено што според МЛС лигата прописите се дека право на него има ЛА Галакси. Тој наводно имал и преговори со овој клуб, но преговарал и со Мајами со што се прекршени правилата. Овие спорови во САД се ...
Уделот од приходот што оди кај најбогатите 0,1 процент од Европејците значително варира од земја до земја, почнувајќи од над шест проценти во некои до европски просек од 4,5 проценти. Експертите ги посочуваат даночните системи и нееднаквоста во платите како клучни фактори зад разликите, објавува Euronews Business. Податоците од Светската база на податоци за нееднаквост покажуваат дека уделот во приходот на оваа ултрабогата група, која ...
Владимир Путин не посетил ниту еден руски регион откако се врати од Кина, иако ваквите посети беа норма во претходните години. Како резултат на тоа, според пресметките на медиумот „Агентство“, паузата во неговите патувања низ земјата, во услови на зголемена фреквенција на напади на украинските вооружени сили, пораснала на 196 дена – рекорд што дури го надминува и карантинот поради Ковид-19 (претходниот рекорд беше 132 дена, поставен во 2020 ...
Мале – Тимот фински експерти за нуркање веруваат дека ја решиле мистеријата околу смртта на петте италијански нуркачи кои загинаа додека истражуваа длабокоморски пештери на Малдивите. Трагедијата, која се случи минатата недела на атолот Ваву и се смета за најлошата несреќа при нуркање во историјата на островската нација, ги одзеде животите на искусна група италијански истражувачи и нивниот водич. Финскиот тим кој ги пронашол телата сугерира ...
Експлозија во петрохемиската фабрика на унгарската нафтена и гасна група MOL во источниот унгарски град Тишаујварош одзеде еден живот и сериозно повреди неколку лица, соопшти компанијата во петок. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека неговиот министер за економија Иштван Капитани и извршниот директор на MOL, Жолт Хернади, се на пат кон фабриката. Маѓар, исто така, објави фотографија на која се гледаат огромни облаци од црн ...
„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, ...
Според ВЛЕН политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, бил забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик. „Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше ...