Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на Општина Центар. -На ден 21.05.2026 дека поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица .Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности (Општина Центар), соопшти РЦУК, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. Без вода денеска ќе бидат дел од жителите ...

Лондон – Радио Каролина се извини откако погрешно ја објави смртта на британскиот крал Чарлс. Погрешната објава беше емитувана во вторник попладне поради компјутерска грешка во главното студио на станицата во Есекс. Радио Каролина, кое емитува програма низ јужна Англија и Мидлендс, ја објави веста и ја пушти британската национална химна „Бог да го чува кралот“. Му се извинуваме на Неговото Височество и на нашите слушатели Водителот Питер Мур ...

Денеска е четврток, 21 мај 2026 година, 141-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 224 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 19 часот и 53 минути. Денов трае 14 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде 11 минути по полноќ. Денеска е четврток, 21 мај 2026 година, 141-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 224 дена. ...

Фудбалерите на Астон Вила триумфираа во Лига Европа откако вечерва во финалето го совладаа бундеслигашот Фрајбург со 3:0. Тимот од Бирмингем доминираше во текот на целиот натпревар и по 1982 година кога беше европски првак, повторно стигна до пехар во европско натпреварување (2001 година го освоија и Интертото купот). THIS, ON REPEAT. 🥹 pic.twitter.com/QZTx7X3DeL — Aston Villa (@AVFCOfficial) May 20, 2026 Во финалето кое се одигра на ...

Фудбалерите на Силекс го освоија Купот на Македонија откако во финалето што се одигра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ја совладаа тетовска Шкендија со 1:0. За екипата од Кратово ова е четврти трофеј во Куп натпреварувањето откако претходно победија во финалните натпревари 1994, 1997 и 2021 година. Во тврд и неизвесен натпревар победникот беше решен во 71.минута кога по контрата на Дарко Додев, на вистинското место беше Ади Алиќ ...

Според рангирањето на консултантската компанија Мерсер, најдобрите пензиски системи во светот минатата година беа холандскиот, исландскиот и данскиот. Зошто Холандија е на првото место? Холандскиот пензиски систем се смета за еден од најстабилните и најдобро организираните на планетата. Се заснова на три столба, а тоа се државата, работодавачот и приватното штедење. Имено, секој што живее или работи во Холандија автоматски има право на ...

Романот „Три Марии“ на писателката Оливера Ќорвезироска во издание на „Арс Либрис“ е добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2025 година која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, „Славко Јаневски“. Покрај плакета и статуетка, Ќорвезироска доби и парична награда од 150 илјади денари, кои ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка АД Скопје, веќе деветта година по ред. Свеченото ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. -Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат ...

Париз – До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште неколку денови (стартот е на 24.мај – недела), а најдобрите тенисери и тенисерки планираат да протестираат поради намалените пaричини награди со намалените активности на Ролан Гарос. Одбраните играчи кои ќе учествуваат со медиумите во петок по 15 минути во знак на протест ќе ја напуштат салата, што симболизира 15% колку што Гренд слем турнирите даваат од свои приходи за наградниот фонд. ...

Иако промената на навиките во исхраната може да изгледа напорна и скапа на прв поглед, има голем број намирници достапни што можат да помогнат во намалувањето на холестеролот и да придонесат за подобро чувство и повеќе енергија. Што предизвикува висок холестерол? „Лошиот“ холестерол, или LDL, го сочинува поголемиот дел од холестеролот во телото. Неговиот вишок може да се акумулира на ѕидовите на крвните садови, што го зголемува ризикот од ...

Инфлацијата во еврозоната се забрза во април, првенствено поради зголемувањето на цените на енергијата, според конечните податоци на европската статистичка служба Евростат објавени во среда. Годишната стапка на инфлација, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, се искачи на три проценти во април, од 2,6 проценти во март. Резултатот е во согласност со прелиминарната проценка објавена на крајот на април, пренесува Euronews. ...

Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Истанбул донесе неколку важни одлуки пред сè за машките репрезентативни натпреварувања од 2028 година. По многуте анализи на постоечките системи потврден е новиот систем, кој ќе стапи на сила по Европското првенство во 2028 година. Лигата на нациите од сезоната 2028/29 нема да има четири лиги, туку три лиги со по 18 репрезентации. Секоја лига ќе биде поделена во три групи по шест репрезентации, а ...

На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за помалку од 107 долари. Намалувањето на цената на нафтата се должи на пораките од САД за брзо завршување на војната со Иран и поминувањето на супертанкер низ Ормуска Теснина. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше за 106,84 долари, што е за 4,44 долари помалку во споредба со вчера. На американската берза нафтата поевтини за 3,70 долари во споредба со вчера и барел ...

Затворањето на Ормуската Теснина би можело да предизвика сериозна светска криза со цените на храната во наредните шест до 12 месеци доколку владите итно не преземат мерки, предупреди денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). ФАО наведе дека одлуките што сега ги носат земјоделците и владите за употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето и изборот на култури ќе одредат дали цените на храната нагло ќе пораснат ...

Во САД, Ford Explorer е главниот виновник, додека во Европа Toyota RAV4 и Honda CR-V ја завршија работата. Погодивте, зборуваме за манијата по SUV возила. Таквата промена во вкусот на клиентите полека доведе до исчезнување на караванот. Штета, бидејќи караваните се токму она што многу возачи всушност би требало да го посакаат. Иако повеќето купувачи мислат дека им треба SUV возило, караваните често нудат исто ниво на практичност, додека имаат ...

Крфската декларација, потпишана на 20 јули 1917 година на островот Крф, е клучен документ во историјата на создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна познато како Југославија. Овој политички договор помеѓу владата на Кралството Србија и Југословенскиот комитет означи важен чекор кон обединувањето на јужнословенските народи по Првата светска војна. Декларацијата беше резултат на сложени преговори и компромиси помеѓу ...

Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.158 На средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членствотот во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до целта. Единствен кој отстапуваше од овие заложби практично беше пратеникот Антонијо Милошоски, кој кажа повеќе ...

Научниците предложија необичен план за идните мисии на Месечината: да се постават екстремно стабилни ласерски системи во најтемните и најстудените кратери на нејзината површина за да им се овозможи на вселенските летала да се движат и да го мерат времето попрецизно. Идејата ја презентираат истражувачи од Лабораторијата за млазен погон на НАСА и Националниот институт за стандарди и технологија во нова рецензирана студија. Дали новиот ласерски ...

Софија – Со црвен килим од 60 метри, еуфорија и река народ како што не памти одамна Софија, граѓаните од цела Бугарија ја пречекаа и славеа со Дара, победничката на 70. Евросонг, која со песната „Бангаранга“ ја зарази цела Европа. Тоа беше првата победа на Бугарија на натпреварот, откако дебитираше во 2005 година. Бугарија се врати во 2026 година по четиригодишна пауза од натпреварот поради финансиски ограничувања на јавниот радиодифузен ...

Обединетите нации соопштија дека 15.850 луѓе, вклучувајќи 791 деца, се убиени во Украина откако Русија ја нападна соседната земја во февруари 2022 година. Директорката на Одделот за политички и мировни прашања (DPPA) на ОН за Европа и Централна Азија, Кајоко Готох, му рече на Советот за безбедност на ОН дека вистинските бројки веројатно се повисоки. Во Русија, две лица се убиени, а шест се повредени во последните 24 часа во украинскиот напад ...

Додека официјален Вашингтон и Ерусалим тврдат дека целта на војната против Иран била ограничена на уништување на нуклеарните и воените капацитети на Техеран, нов извештај на „Њујорк тајмс“ открива дека наводно зад сцената се разработувал многу поамбициозен план. Според американските претставници запознаени со операцијата, Израел и САД ја разгледале можноста за соборување на иранскиот режим и доведување на власт на поранешниот претседател ...

Во Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т.(18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А.(18) од Трубарево и уште еден 17-годишник. – – Момчето подолг временски период било вознемирувано од истите ...

М6 Едукативен центар свечено го отвори својот нов регионален центар во Кавадарци кој претставува современ простор за учење, професионален развој, вмрежување и соработка помеѓу бизнис-заедницата, образовните институции и младите од Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Новите простории во Кавадарци се замислени како регионален едукативен и развоен хаб, наменет за реализација на професионални обуки, лидерски програми, настани, вмрежување и ...

Сараево – Низ Европа деновиве помина воз што потсетува на златната ера на легендарниот „Ориент експрес“, а неговото појавување низ балканските градови привлече големо внимание кај граѓаните и туристите. Станува збор за луксузниот „Балкан експлорер“, воз кој нуди уникатно искуство низ Југоисточна Европа, со ентериер и услуга што потсетува на хотел со пет ѕвезди. Заборавете на ладните сендвичи на железничката станица, кафе во пластична чаша и ...

И по завршувањето на 79. издание на Евросонг викендов во Виена, хаосот околу престижниот музички натпревар, продолжува. Белгија објави дека би можела да стане шестата земја што се повлекува од Евровизискиот натпревар поради учеството на Израел. Пред овогодинешниот натпревар, пет национални радиодифузери веќе го објавија своето повлекување во знак на протест против одлуката да му се дозволи на Израел да се врати. VRT: Шансите за учество ...

ВЛЕН, но и Владата на Македонија, во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот, изјави денес Билал Касами од на прашањето дали било побарано заминување на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Меидани. Касами рече дека за ова прашање одлучува албанската држава, но ја критикуваше работата на Меидани. „Ние би сакале тој повеќе да ги претставува граѓаните, односно да ги штити правата на ...

Поранешниот полски заменик-министер за правда Марчин Романовски, кој е обвинет во Полска за проневера на јавни средства, можеби ја напуштил Унгарија преку Србија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар во интервју објавено на полскиот приватен канал ТВН24. Маѓар е во дводневна посета на Полска, а прашањето како поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро и неговиот заменик Марчин Романовски, кои ги бараат полските обвинители, ...

Европската унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да внесе поголем ред и транспарентност во секторот кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во многу туристички дестинации. Станува збор е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори ...

Единствениот пазар на Европската Унија треба да се прилагоди на предизвиците на денешницата – трката во развојот на вештачката интелигенција, итните климатски акции и геополитичкиот натпревар – изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент. – Единствениот пазар останува нашата најефикасна алатка, не само за просперитет, туку и за стратешко влијание. Со 450 милиони луѓе и пазар од 18 ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
47%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
6.39
94%
1012
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
90%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
64%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
100%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
69%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.68
64%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
60%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
55%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
45%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.78
61%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Калај

53.60

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15