Вашингтон – Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон одлучија да не се венчаат во Белата куќа поради страв од јавноста, според еден извештај. Најстариот син на претседателот и неговата свршеница од високата класа ќе се венчаат за време на викендот на Денот на сеќавањето, откако сфатија дека нивниот првичен план да почекаат додека не заврши војната на неговиот татко во Иран може да ги остави невенчани во догледна иднина. Двојката, исто така, ...

Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан, Даниел Крег… и Доналд Трамп? Ова сигурно не е првата слика од вештачка интелигенција што ја сподели претседателот. Но, неодамнешната објава на X од официјалниот профил на Белата куќа, на која главниот командант е прикажан на слика слична на постер, држејќи силуета на пиштол, како 007, ги натера луѓето да зборуваат (а неколкумина да се потсмеваат). Ако се прашувате каква врска има Трамп со Џејмс Бонд, се ...

Виктор Габер, поранешен амбасадор и дипломат на Македонија, поднесе преставка до Собранието со која бара пратениците да покренат постапка за организирање референдум околу членството на државата во Европската унија. Притоа тој се повикува на Декларацијата за развој на односите наМакедонија со Европската унија од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на нашата држава кон ЕУ унија усвоени од пратениците, во смисла – ако ...

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити синоќа ремизираше 1:1 на гости кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата. На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, а вака Арсенал повторно го освои трофејот од Премиер лигата по 22 години чекање. Голот за домаќините го ...

Ќе бидат воведени казни за железничките компании во случај на доцнење и ненавремено известување на патниците, а ќе бидат укинати промените на возниот ред двапати годишно, што хрватскиот пратеник на зелените од редовите на Гордан Босанац го смета за прв чекор кон подобро искуство во патувањето со воз, објави вчера канцеларијата на европратеникот, јави Хина. „Денешното усвојување на Регулативата за единствен европски железнички транспорт е ...

Русија изврши уште еден жесток напад врз неколку украински региони во текот на ноќта, погодувајќи станбени згради, деловни згради и друга цивилна инфраструктура. Според украинските власти, најмалку 11 лица се повредени, а драматичните снимки од терен покажуваат како луѓе се спасуваат од урнатините и хаотични сцени во градовите што се под напад. Најтешко погоден беше Конотоп во Сумиската област, каде што руски ракета или дрон погоди висока ...

Брисел – Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател ...

Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија, се вели во соопштението од Левица. „Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема пари“ за повисоки плати, ...

Вашингтон – Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека ...

Во Друштвото на писателите на Македонија вечер во 19 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2025 година. Годинашен лауреат е писателката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири составено од Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева, со мнозинство гласови по повеќекратна селекција на пристигнатите дела. На конкурсот, кој ...

Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, ...

Во КСП Центар – Јадро вечер во 20 часот ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“/Contemporary art in the post-yugoslav space: case studies in hauntology“, издадена од „Routledge books“ во Њујорк и Лондон во 2025 година. – Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните ...

Поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Лука Геров“ бр.38, денеска без вода ќе останат повеќе населени места во општина Ѓорче Петров. Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекин во водоснабдувањето од 8:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на санацијата на дефектот. ...

Годинава се навршуваат 50 години од смртта на Никола Бадев, едно од најзначајните имиња во историјата на македонската народна песна. По тој повод, Фолк Фест Валандово 2026 ќе оддаде почит на неговото музичко наследство. Наградата за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово го носи името на Никола Бадев. Признанието се доделува за најуспешна вокална изведба на фестивалската вечер и претставува едно од поважните признанија во рамки на ...

Во четврток, 21 мај, во Аудиокултура, во 19, 30 часот, ќе се промовира новиот компакт-диск на Добрила и Дориан “Wind To Blow” (Ветер да Подујне). Концертната промоција на албумот ќе се случи на 4 јуни, во НОБ, во рамките на 25. Оффест. После “Апокриф” и “Пиле Шарено”, “Wind To Blow” (Ветер да подујне) е трет по ред албум на Добрила (вокал, вокални лупови) и Дориан (ут, лупер, електроника, програмирање). Албумот е снимен, миксан, мастериран ...

Денеска е среда, 20 мај 2026 година, 140-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 225 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 19 часот и 52 минути. Денов трае 14 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 8 часот и 18 минути, а нема да зајде ова деноноќие. Денеска е среда, 20 мај 2026 година, 140-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 225 дена. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...

Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, денеска ќе го посети Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, Дробњак ќе оствари средби со пратеничката Иванка Василевска и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, ...

Голем шпионски скандал со геополитички димензии го тресе Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори предистрага по индиции за извлекување, копирање и тајно шифрирање на доверливи државни податоци наменети за странски разузнавачки служби, открива „Слободен печат“. Според медиумот вВо фокусот на истрагата е ИТ администратор од Кабинетот, а ...

Арсенал е шампион на Премиер лигата за прв пат по „Непобедливите“ на Арсен Венгер во 2004 година, откако Манчестер Сити ремизираше 1-1 против Борнмут. Ова е круна на извонредното достигнување за Микел Артета на неговата прва менаџерска работа. Шпанецот го трансформираше Арсенал во претендент откако ја презеде функцијата од Унаи Емери во декември 2019 година. Неговиот тим заврши како второпласиран во последните три сезони и водеше поголемиот ...

Амбасадорот на Албанија во Северна Македонија, Денјон Меидани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје, објави албанската телевизија A2 CNN, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи. Според информациите, причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ поради ставовите на Меидани во дебатите околу правата на Албанците ...

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДС. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДСМ. „Во 2017 година кога вашиот поранешен лидер ја презема власта, ...

Екс министерот за внатрешни работи во времето на СДСМ, Оливер Спасовски, во емисија на 4ТВ оцени дека опозициската партија направила сериозни пропусти – од кадровската политика, па сè до неисполнетите очекувања за правда и длабоки реформи во правосудството – поради што ги изгуби изборите. „Некој ќе рече дека фактор беше коалицискиот партнер, и тоа е точно. Но мислам дека и самите ние, преку кадровската политика и одредени одлуки кои се носеа, ...

Опозициската СДСМ реагираше на предавањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија, оценувајќи го нејзиното излагање како неуспех на меѓународен план. Според партијата, наместо да се искористи приликата за потврда на стратешките цели, со изнесените ставови директно се загрозува иднината на државата. Во соопштението се нагласува потребата од недвосмислено прифаќање на преземените меѓународни обврски. „Наместо јасно и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека и без експлицитно споменување на Бугарите во македонскиот Устав, нивните права се гарантирани на исто ниво, како и правата на другите заедници наведени во највисокиот правен акт. Во одговор на прашање од бугарскиот амбасадор во Словенија, Красимир Бојанов, по предавањето на Правен факултет при Универзитетот во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека САД и Иран постигнале голем напредок во разговорите и дека ниту една страна не сака продолжување на воената кампања. „Мислиме дека постигнавме голем напредок. Мислиме дека Иранците сакаат да постигнат договор“, изјави Венс пред новинарите на брифингот во Белата куќа. Венс рече дека штотуку разговарал со претседателот Доналд Трамп, кој повторил дека клучното прашање за САД е Иран никогаш ...

Европската комисија (ЕК) денес вети дополнителни средства за земјоделците за купување ѓубрива, кои станаа значително поскапи поради војната на Блискиот Исток. „На краток рок, ќе ги поддржиме европските земјоделци за да можат да ги купат ѓубривата што им се потребни за следната сезона на сеење“, рече комесарот за земјоделство Кристоф Хансен, кој го презентираше акциониот план за ѓубрива пред европратениците во Стразбур. Комесарот не го ...

Виена – Израел заврши на второто место на годинешната 70. Евровизија со вкупно 343 поени, од кои 220 беа од публиката и 123 од стручните жирија. Иако песната очигледно беше добро прифатена од публиката во повеќето земји, интересно е што само три земји му дадоа на Израел нула поени од публиката, вклучувајќи ја и Хрватска. Покрај Хрватска, Австралија и Литванија не му дадоа на израелскиот претставник ниту еден поен во телевоутингот. Сите други ...

Прага – Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел се во конфликт околу тоа кој ќе ја претставува Прага на годишниот самит на НАТО во Турција во јули. Иако Павел присуствувал на сите годишни самити на алијансата откако ја презеде функцијата во 2023 година, Бабиш, кој се врати на власт во 2025 година, е против ова и инсистира дека претседателот не може да биде дел од официјалната владина делегација, пишува Политико. „Па, како би ...

За 260 милиони евра, колку што Владата ќе се задолжи од странските банки, за седум години колку што изнесува рокот за враќање, ќе треба да се платат дополнителни шеесетина милиони евра кон заемодавателите, според пресметките кои денес на Комисијата за финансирање и буџет ги изнесе пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи. За министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, условите за добивање на заемот биле извонредно поволни, бидејќи, како ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
47%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
6.39
94%
1012
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
90%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
64%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
100%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
69%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.68
64%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
60%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
55%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
45%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.78
61%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28