Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, соопшти дека по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донела следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на ...
Европската унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија. Филипче потенцираше дека посетата на претседателот на Европскиот ...
Млада мечка веќе неколку дена е во фокусот на внимание на битолчани откако граѓани објавуваат видео снимки за нејзино движење низ атарите на битолските села, а синоќа е снимена и во градот во близина на Градското Шеталиште и Стадионот. Првично беше снимена од мештаните на селата Трн, Оптичари, Гнеотоно како лута низ ораниците и атарите на селата во потрага по храна, а денеска веќе се објавуваат видео од нејзино присуство во градот. Борче ...
Треба да се води сметка за презумпцијата на невиност додека се собираат податоци за наводната шпионска афера во кабинетот на претседателката. Вака Гордана Сиљановска-Давкова ги коментира наводите кои ја вознемирија јавноста дека некој од вработените таму собирал и енкриптирал чувствителни податоци и ги предавал на странска разузнавачка служба. Обвинтелството уште на крајот на 2025 година отворило истрага за овој случај и ги чека бараните ...
Германскиот селектор Јулијан Нагелсман објави список од 26 играчи на кои смета за претстојното Светско првенство, каде што Германија е во групата Е и ќе игра против Курасао на 14 јуни во Хјустон, против Брегот на Слоновата Коска на 19 јуни во Торонто и против Еквадор на 24 јуни во Њујорк. Главната вест е дека Мануел Ноер (40), капитен и голман на Баерн, се враќа на голот како прв избор. Тој го објави своето повлекување од националниот тим во ...
Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – околу 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата, беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски појасни дека главниот ...
Неколку месеци по најавите од страна на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска екипи на Градот започнаа со поставување ограда и затворање на дивиот пешачки премин во близина на Бит-пазар, но беа спречени од група демонстранти кои со „жив штит“ не дозволуваа затворање на овој нелегален и неозначен премин. Претходно, градоначалникот изјави дека жители на Чаир имале барање овој „див пешачки премин да стане легален, но Градот, како ...
Претседателот на Собрание Африм Гаши реагираше на најавата од СДСМ дека ќе му поднесе интерпелација тврдејќи дека неговото постапување околу Комисијата за финансирање и буџет било целосно според Деловникот. „Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кабинетот на претседателот на Собранието информира дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на ...
Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...
Новиот предлог на германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кој се сугерира „асоцијативно членство“ за Украина и статус „привилегиран набљудувач“ за Западниот Балкан ќе се расправа на самитот ЕУ-Западен балкан што на 5 јуни ќе се одржи во Црна Гора и на кој ќе присуствува целиот политички „врв“ на ЕУ, како и лидерите на Франција, Германија, Италија , Шпанија и други земји членки. На самитот ќе присуствува и претседателот на Европскиот Совет, ...
Кан – Деми Мур, Џон Траволта, Себастијан Стен и Бела Хадид се само неколку од ѕвездите што моментално ја осветлуваат Француската ривиера, бидејќи Канскиот филмски фестивал се враќа за својата 79-та година. Веднаш по Мет Гала, историскиот фестивал повторно ја трансформираше Кроазета во глобална сцена каде што филмот, модата, славните личности и културата се судираат – со холивудски кралски семејства, супермодели, режисери и модни куќи кои се ...
Предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц објавен утрово, со кој се сугерира членство за Украина и некаков нејасен статус за земјите од Западен Балкан, и тоа додека се пишува договорот за пристапување на Црна Гора, наидува на различни оценки кај нас. Според Андреја Стојковски од Преспа Институтот, предлогот на Мерц за „асоцијативно членство“ за Украина и статус „привилегиран набљудувач“ за Западниот Балкан е можеби првиот толку отворен ...
„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на ...
Хаварисаните возила кои со години стојат на паркинзите низ Општина Аеродром се проблем затоа што зафаќаат паркинг-места, но сега го отежнуваат и обележувањето на местата, што општината се подготвува да го направи во Ново Лисиче, откако реши зонското паркирање во Реонски центар и во Ново Лисиче да почне едновремено. Вчера, на влезните врати во зградите низ Ново Лисиче беа залепени известувања, со кои се замолуваат сопствениците на хаварисани ...
СДСМ тврди дека јавниот обвинител за само две недели ја отфрлил кривичната пријава на партијата против премиерот Христијан Мицкоски што говорело за негова потчинетост на извршната власт. Генералниот секретар на партијата, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција пред обвинтелството рече дека Ненад савески е поставен „да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност. За само 2 недели, експрено донел ...
Процесот на проширување повторно е високо на приоритетната листа на Европската унија, доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении натаму да бидат затворени за Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната панел-дискусија во Собранието, на тема: „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“. Филипче повика на заедничко и одговорно дејствување за продолжување на ...
Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат – да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да ...
Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв билионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница што ...
БИТОЛА – Поминаа и 30 април и 20 мај нема исплата на субвенциите за тутунот. Најновиот абер од Платежната агенција е дека премијата за тутунот ќе биде исплатена во јуни. Главното прашање за производителите на тутун во изминатите три месеци од завршувањето на откупот е кога ќе ги добијат субвенциите, дали е празна државаната каса или власта лови тутунари кои нереално пријавиле засадени ниви со тутун за да земат отповеќе субвенции, па се ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова. Јорданов посочи дека причината за ...
Вашингтон – Ванеса Трамп изјави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, споделувајќи лична информација на Инстаграм дека неодамна била подложена на процедура и дека сега работи со своите лекари на план за лекување. „Останувам фокусирана и надежна додека сум опкружена со љубовта и поддршката на моето семејство, моите деца и оние што ми се најблиски“, напиша таа. Трамп, 48, поранешна манекенка и поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, беше ...
За прв пат во Македонија, младите фудбалски таленти ќе имаат можност да бидат дел од официјалниот AC Milan Academy Camp, кој ќе се одржи во Скопје од 10 до 14 јуни 2026, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, објави организаторот на настанот. Кампот на Милан во Скопје ќе се реализира со поддршка од Италијанската амбасада и Фудбалската федерација на Македонија. Кампот е наменет за момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 ...
Приказната започнува вака: вечерта на 12 мај, на маса во ресторан во Сењак, Белград, Александар Нешовиќ Баја, член на таканаречениот Кекин клан, беше убиен од Саша Вуковиќ Боске, ит оа во друштво на началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, засега без прекар, кој ја организирал средбата меѓу двајцата, со цел да се решат претходните несогласувања. Се вели дека не ги решиле несогласувањата, избувнала караница во која Боске го убил ...
Управа за финансиска полиција поднела кривична пријава против актуелен градоначалник поради сомнежи за злоупотреба на службената положба при реализација на јавна набавка вредна милиони денари. Според информациите, кривичната пријава е доставена до Основно јавно обвинителство Гостивар против И.Ш., во својство на градоначалник на Општина Врапчиште. Тој се сомничи за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, согласно член ...
Лондон – Британската влада денес ја објави првата серија документи за назначувањето на Ендру Маунтбатен-Виндзор за специјален трговски претставник во 2001 година, за време на владата на Тони Блер. По објавувањето следеше парламентарна постапка со која презентацијата на документите беше одложена до раните попладневни часови. Либералните демократи добија „итно прашање“ на оваа тема утрово, што ќе го принуди министерот за економија и трговија да ...
Полицијата ја уапси младата сопственичка на кравите од кривопаланечко – случај кој подолго време е присутен во јавноста. – На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток, информираа од полицијата. Ј.Ѓ. била ...
Тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата е најдено во скопското село Копаница. Покрај телото е пронајден пиштол „глог 19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Од обвинителството соопштуваат дека сопругот е уапсен и отворена е истражна постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, по член 396 од Кривичниот законик. Тој е во притвор. „По наредба на јавниот ...
Македонската Радио Телевизија започна со подготовките за настапот на Северна Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026, објавувајќи повик за аудиција на вокални интерпретатори, како и конкурс за избор на композиција што ќе ја претставува државата на престижниот детски музички фестивал. Годинашното издание на Јуниорски Евросонг ќе се одржи на 24 октомври во Валета, Малта, а право на учество на аудицијата имаат деца на возраст од 9 до 14 години. ...
Русија изјави дека ќе ја поддржи Куба и покрај „обидите на САД да ја заплашат и притиснат со санкции“, а Кина се спротивстави на „злоупотребата на правните средства“ по обвинението против поранешниот кубански претседател Раул Кастро во САД еден ден претходно. САД вчера го обвинија 94-годишниот Кастро за убиствата на Американци во 1996 година, што претставува ескалација на кампањата на Вашингтон против Куба, каде што комунистите се на власт од ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши. Тој, исто така, најави дека најголемата опозициска партија нема да учествува во работата на матичната комисија за Финансирање и буџет во расправата за новото задолжување од 260 ...