Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Aнталија – Брзорастечкиот глобален пазар на спортски настани се предвидува дека ќе достигне 609 милијарди американски долари до 2031 година. Во вакви услови, сѐ повеќе земји ја промовираат својата понуда за спортски туризам, вклучувајќи ја и Турција. Со својата високо развиена инфраструктура за конференции и конгреси и динамичниот и добро развиен екосистем за спортски туризам, Турција се позиционира како водечка дестинација за спортски и ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе неправилности и постапувања ...
Дигиталните вештини денес не се само предност, тие се неопходност. Токму затоа Microsoft Office Specialist (MOS) натпреварот, организиран од Семос Едукација и Certiadria, претставува уникатна можност младите да ги тестираат своите знаења, да стекнат меѓународно признат сертификат и да ја претставуваат Македонија на светската сцена. Но, за многумина, MOS е многу повеќе од натпревар. Тоа е почеток на професионален пат, мотивација за понатамошен ...
Кајл Буш, најпобедничкиот возач во трите најдобри серии на НАСКАР, почина. Имаше 41 година. Буш, двократен шампион во серијата НАСКАР Куп, се повлече од трката овој викенд поради, како што неговиот тим ја нарече, „тешка болест“. Пред единаесет дена, за време на трката од серијата Куп во Воткинс Глен, Њујорк, Буш се пожали на радиото за проблем со синусите, па дури и побара лекар да биде донесен во неговиот тимски автобус по трката. Во ...
Лос Анџелес – Џулијан Мур се враќа на комедијата по низа сериозни улоги. Актерката и добитничката на Оскар потпиша нов филм на Нетфликс во кој ќе ја игра главната улога и ќе биде извршен продуцент. Проектот се создава во соработка со продуцентската куќа Higher Ground, која беше основана во 2018 година од поранешниот американски претседател Барак Обама и Мишел Обама. Нивната продуцентска куќа претходно работеше на филмови и документарци како ...
Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес неочекувано го откажаа гласањето за резолуцијата со која се бараше прекин на војната со Иран, освен доколку претседателот Доналд Трамп не добие официјално одобрение од Конгресот. Оваа одлука уследи два дена откако Сенатот на САД веќе усвои слична мерка. Гласањето беше предвидено да се одржи вчера доцна попладне, непосредно пред заминувањето на конгресмените од Вашингтон на ...
Војната во Украина достигна одлучувачка фаза која бара од сојузниците да ја засилат својата поддршка и да го зголемат притисокот врз Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха по состанокот на Советот НАТО-Украина одржан во Хелсингборг. Сибиха на социјалната мрежа Икс нагласи дека Украина цврсто ги држи своите позиции и дека големиот број руски војници повеќе не претставува одлучувачка предност на теренот. Според ...
Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе – шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје – Петровец. Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе, седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните ...
Екипи на Град Скопје не успеаја во својата намера даго затворат неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит-пазар, со поставување метална ограда, затоа што интервенцијата беше прекината поради силен отпор од група граѓани кои излегоа на терен и со жив ѕид го блокираа пристапот на службите. Според очевидци, на локацијата се собраа претежно жители од Чаир и околината, кои реагираа бурно на одлуката преминот да се затвори. Тие инсистираа ...
Во големата трагедија на обиколницата кај Скопје меѓу четирите жртви е и баритонот на Македонската опера и балет Ристе Велков и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Велков беше оперски солист првенец, еден од водечките македонски баритони. Познат е и идентитетот на уште еден од загинатите – Петар Миланов (20) од Скопје, а сѐ уште се работи на идентификација на четвртата жртва. Во текот на неговата кариера, Велков има реализирано 26 улоги. ...
Лидерот на СДСМ се дообјаснува околу понудата дадена на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја преземат одговорноста околу уставните измени и се што би резултирало од тоа подоцна.Тој негира дека она што сакал да гхо каже е дека и нуди на власта широка коалиција. „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет ...
Демонстранти во источниот дел на Демократска Република Конго запалија два болнички шатори за лекување ебола по спор со властите околу предавањето на телото на млад човек кој починал од оваа болест, соопштија локалните власти. Локалниот политичар Лук Мамбеле, потпретседател на конгоанската партија А2РЦ, изјави дека роднините на починатиот се обиделе со сила да го земат телото од болницата Руампара. Кога здравствените власти го одбиле тоа, ...
Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека ја поздравува најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање 5.000 војници во Полска, но додаде дека стратешкиот тренд и понатаму е насочен кон посилна Европа која помалку ќе зависи од САД за својата одбрана. Пред почетокот на состанокот на НАТО во шведскиот град Хелсингборг, Руте нагласи дека сегашната траекторија води кон зајакнување на Европа и на Алијансата со цел ...
Вашингтон – Кевин Ворш денеска официјално ќе застане на чело на Управата за федерални резерви на САД (ФЕД), откако ќе даде свечена заклетва пред претседателот Доналд Трамп на церемонија во Белата куќа. Ворш беше потврден на функцијата на 13 мај со гласање кое помина речиси целосно по партиска линија. Неговиот претходник Џером Пауел ќе остане член на Управниот одбор на централната банка на САД до 2028 година. Педесет и шестгодишниот Ворш ќе ...
Вселенското летало „Психе“ на НАСА, кое е на мисија да пронајде редок метален астероид, неодамна направи стратешки прелет покрај Марс, снимувајќи ретки глетки од Црвената планета. Вселенското летало се приближи до Марс под голем агол, обезбедувајќи уникатен поглед на планетата во облик на полумесечина. Неговата крајна цел е астероид до кој ќе стигне во 2029 година за да го мапира и да истражи дали некогаш бил јадро на древна протопланета, ...
Лондон – Детективите кои го истражуваат Ендру Маунтбатен-Виндзор под сомнение за злоупотреба на службена должност повторно апелираа до членовите на јавноста да достават информации. Се смета дека полицијата е загрижена дека сведоците би можеле погрешно да заклучат дека истрагата е фокусирана исклучиво на тврдењето дека Маунтбатен-Виндзор споделила доверлив трговски извештај со покојниот финансиер Џефри Епштајн, пишува Би-Би-Си. Злоупотребата ...
Париз – ЕР ФРАНС и Ербас се прогласени за виновни за убиство од небрежност во врска со авионската несреќа во 2009 година, во која загинаа 228 лица. Апелациониот суд во Париз заклучи дека авиокомпанијата и производителот на авиони се „единствено и целосно одговорни“ за несреќата во која летот AF447 на линијата Рио де Жанеиро – Париз се урна во Атлантскиот Океан. Патнички авион го изгубил подигнувањето за време на бура и се урна во океанот, при ...
Будимпешта – Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ги потпише документите за исплата на законски задолжителната отпремнина на министрите во поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политичка расправија што кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни. Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнина, кој изнесува речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра), ќе биде пренасочен во добротворни цели, наместо ...
Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...
Денеска е петок, 22 мај 2026 година, 142-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 223 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 7 минути, а ќе зајде во 19 часот и 54 минути. Денов трае 14 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде 47 минути по полноќ. Денеска е петок, 22 мај 2026 година, 142-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 223 дена. Сонцето ...
Авиокомпанијата „Ер Франс“ (Air France) и производителот „Ербас“ (Airbus) се прогласени за виновни за убиство од небрежност во жалбената постапка за падот на авионот во 2009 година на летот од Рио де Женеиро за Париз, во кој загинаа сите 228 лица во авионот. Апелацискиот суд во Париз денеска им изрече парична казна од по 225.000 евра (260.000 долари) на двете компании, преиначувајќи ја ослободителната пресуда од првостепеното судење за двете ...
Врховниот суд на Шпанија денеска го укина националниот регистар за привремени туристички објекти кои сакаат да се рекламираат на платформи како „Ербиенби“ (Airbnb). Националниот регистар, кој беше усвоен во јули минатата година, бараше од сопствениците на недвижности да го пријават објектот и да добијат регистрациски број пред да можат да објават оглас на платформи како „Ербиенби“. Неколку регионални влади ја оспорија оваа мерка, тврдејќи ...
Украина тврди дека убила десетици Руси во два напади во окупираниот источен регион на земјата, додека Киев ги засилува нападите со беспилотни летала од среден дострел насочени кон воената инфраструктура на Москва. Еден бран напади погоди камп за обука на руски пилоти на дронови во окупираниот град Снижне, при што загинаа најмалку 65 кадети и еден инструктор во средата навечер, според командантот на украинските сили за беспилотни системи. ...
Новата унгарска влада, предводена од Петер Маѓар, предложи уставен амандман со кој премиерите ќе бидат ограничени на максимум осум години на функција, со што всушност ќе му се забрани на Виктор Орбан да се врати на функцијата. Нацрт-амандманот беше поднесен во среда, нешто повеќе од една недела откако новата влада ја презеде функцијата. Тоа го означи првиот чекор на Маѓар и неговата партија Тиса во укинувањето на уставот кој беше еднострано ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и понатаму ...
Во Стокхолм, Шведска, денеска се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Република Северна Македонија и Кралство Шведска. На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој истакна ...
Растот на домашниот бруто производ во Македонија годинава малку ќе забави на 3,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку во однос на процената од минатата есен, се вели во Пролетните прогнози на Европската комисија обхјавени денеска. За наредната 2027 година, ЕК предвидува натамошно „ладење“ на македонската економија и раст од 3,1 отсто, што е за 0,2 процентни поени помалку од претходните проекции. Исто така, како што стои во делот од ...
Проширувањето е стратегиски одговор во услови на новата геополитичка реалност и инвестиција во стабилноста и економскиот раст – рече на денешното обраќање на панел-дискусијата на Националниот совет за евроинтеграции, Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија и експерт на УНОПС. Тој пред присутните членови на Советот, претставници од академската заедница и граѓанскиот сектор на ...