Додека официјален Вашингтон и Ерусалим тврдат дека целта на војната против Иран била ограничена на уништување на нуклеарните и воените капацитети на Техеран, нов извештај на „Њујорк тајмс“ открива дека наводно зад сцената се разработувал многу поамбициозен план. Според американските претставници запознаени со операцијата, Израел и САД ја разгледале можноста за соборување на иранскиот режим и доведување на власт на поранешниот претседател ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на ноќта одржале „долг и драматичен“ телефонски разговор, што е нивни втор контакт за само неколку дена, објави денес израелскиот „Канал 12“. Не беа соопштени детали за содржината на разговорите, но Каналот ги опиша разговорите како „долги и драматични“. Каналот објави дека повикот дошол во моментот кога двајцата лидери се чини дека се „на прагот на ...