Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...

Од Англија до Италија, делови од Европа се очекува да доживеат уште еден невообичаено топол ден за мај во вторник, нарушувајќи ја рутината на Стариот континент, кој се затоплува побрзо од кој било друг дел од светот Температурите растат веќе неколку дена, а во понеделник достигнаа рекордни максимуми од над 30 степени Целзиусови во Велика Британија и Франција. Локални ограничувања за активности на отворено се воведени во Италија, француските ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави Си-ен-ен, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии и ...

Спортскиот портал „24Ракомет“ ги избра најдобрите во македонската машка и женска лига. Во идеалниот состав на машката лига се најдоа: лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) среден бек: Јака Малус (Вардар) десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) пивот: Милан Лазаревски (Вардар) голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) дефанзивец: Ориол Реј Моралес (Охрид) млад ...

Легендарниот американски џез музичар Сони Ролинс, еден од највлијателните саксофонисти во историјата на џезот, почина на 95-годишна возраст. Ролинс почина во својот дом во Вудсток, Њујорк, објави неговиот портпарол. Тој го нарече „една од најпочитуваните и највлијателни личности во американската музика“. Причината за смртта не е објавена. Кариера што трае повеќе од шест децении Ролинс ја започна својата кариера кон крајот на 1940-тите, а во ...

Со децении, научниците ги следат и набљудуваат животните во дивината на различни начини. Некои едноставно ги проучуваат од безбедно растојание, други ги следат користејќи уреди прикачени на нивните тела, други користат хеликоптери и дронови, а трети користат сателити Благодарение на новиот сателитски систем, наречен Икарус, научниците сега можат да го следат однесувањето на животните во дивината без директен контакт со нив, што е особено ...

Њујорк Никсите се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година. Тие ја завршија својата кампања преку плејофот на Источната конференција доминирајќи над Кливленд Кавалирс, кои ги победија убедливо со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето и со тоа ја завршија серијата со чисти 4-0. Секој играч кој влезе во играта придонесе за победата, што беше шема во текот на целата одлична серија во плејофот. Сè започна од Џејлен Брансон, кој ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа беше примен во болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, соопшти неговиот кабинет. Се вели дека премиерот бил подложен на стоматолошка интервенција, чии детали не беа откриени. Соопштението дојде откако израелските медиуми објавија за неговата хоспитализација, според „Тајмс оф Израел“. Здравствената состојба на 76-годишниот премиер стана предмет на зголемен јавен интерес минатиот месец. ...

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на CENTCOM изјави дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да помине рутински лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон, објави Белата куќа. Тоа ќе биде негов трет таков преглед во последните 13 месеци. Белата куќа претходно овој месец објави дека Трамп ќе помине „рутински годишни стоматолошки и медицински прегледи како дел од неговата редовна превентивна здравствена заштита“. Во октомври, лекарот ...

Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, соопшти организаторот. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат да бидат ослободени од ...

Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета. „Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјави Фелипе Плаза од Националната служба за ...

Двајца пливачи загинаа, а повеќе од 30 се спасени од петокот на југозападниот брег на Франција поради екстремно силни плимни струи. Невообичаено топлото време за ова време од годината привлече многу луѓе на плажите во департманот Жиронд, и покрај опасните услови на морето, објавува Euronews. 56-годишна Германка се удави во неделата во близина на Леж-Кап-Ферет откако беше однесена од силна струја. 60-годишен маж го загуби животот во посебен ...

Француските власти ќе им забранат на навивачите на ПСЖ да одржат парада доколку тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите, објави градското собрание на Осмиот арондисман на Париз. Маршот на „Шанзелизе“ нема да се одржи за да се избегнат потенцијални немири во француската престолнина. -Полициската управа презеде мерки за да ја осигури безбедноста на луѓето и имотот таа вечер. Во случај на победа, за разлика од минатата година, не е ...

Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува ...

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаат бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска. Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата. Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, WBA, IBF, WBO и The Ring. Неговиот рекорд е 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар и официјално го назначи Кристијан Фабијани за нив тренер. – Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво. Пред нас е нова ера ...

Компјутерскиот техничар кој е осомничен за аферата во претседателскиот кабинет која како можен шпионски случај го истражува Обвинителството всушност бил пензионер кога било пријавено дека копира фајлови од компјутер во кабинетот. За Телма ова го потврдиле два извори запознаени со проблематиката. Осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица волци каде бил подофицер надлежен за врски и комуникации во единицата. Бил преземен ...

Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Општина Центар денеска соопшти дека по извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. -И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи ...

Делови од Скопје утре, 26 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, информира ЕВН. Првиот прекин е најавен во општина Бутел, каде без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Исклучувањето ќе трае од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е најавен и во општина Центар. Без електрична енергија ќе останат Музејот на современа уметност и дел од ...

Иран ја искажа својата подготвеност да го отстрани својот високо збогатен ураниум на барање на САД, под услов да биде наменет и складиран во Кина, изјавија извори за Ал Арабија. Тие додадоа дека Техеран сака гаранции од Пекинг пред да постигне договор со Вашингтон. Високи извори ја потврдија согласноста на Иран да го предаде ураниумот на Ал Хадат. На 24 мај, „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца ирански функционери, објави дека судбината ...

Цените на нафтата на светските пазари денеска се пониски за речиси шест отсто, па меѓународниот референтен Брент (Brent) се движеше околу 98 долари по барел, а американската сурова нафта ВТИ (WTI) на ниво од 91 долар по барел. До падот дојде откако се зголеми оптимизмот дека САД и Иран наскоро би можеле да постигнат договор за ставање крај на конфликтот и повторно отворање на Ормуската теснина, пренесува Трејдинг економикс (Trading ...

Николас Кејџ откри дека нема да работи со режисерот Кристофер Нолан во блиска иднина, тврдејќи дека повеќе не го контактира откако еднаш одбил улога во филмот „Несоница“. Актерот Николас Кејџ зборуваше за своето искуство во Холивуд и за односот со познати режисери, истакнувајќи дека некои од нив престанале да го контактираат откако ги одбил нивните проекти. Иако наскоро ќе го има своето деби во универзумот на Spider-Verse, Кејџ откри дека ...

Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишаа овие фалсификати како исклучително успешни и многу опасни за економијата, бидејќи е речиси невозможно да се разликуваат од вистински пари. Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишаа овие фалсификати како ...

Кинеските компании инвестирале околу 7,8 милијарди евра во Србија преку 37 компании кои заедно вработуваат повеќе од 38.275 работници, покажува преглед на кинеските инвестиции во домашната економија. Во текот на последните три години, бројот на вработени во кинеските компании во Србија се зголемил за 45 проценти. Кинескиот капитал е присутен во речиси сите клучни индустриски гранки во Србија, од рударство и металургија, преку автомобилската ...

Здравствена тревога е издадена во северниот италијански регион Ломбардија откако во покраината Комо беа откриени два сомнителни случаи на ебола. Случаите се однесуваат на жена од Лурате Качивио и маж од Булгарограсо кои се вратиле од Уганда во последните 24 часа со други членови на нивните семејства откако поминале околу три месеци таму како хуманитарни работници. И двајцата развиле симптоми конзистентни со вирусот ебола, вклучувајќи висока ...

– Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора ...

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15