Австриски суд осуди 21-годишен маж кој призна дека планирал неуспешен исламистички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година на 15 години затвор, прогласувајќи го за виновен за разни кривични дела, претежно поврзани со тероризам. Беран А., чие презиме не е објавено во согласност со австриските правила за приватност, беше уапсен еден ден пред првиот од трите планирани концерти на американската поп-ѕвезда во австриската ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...

Како што расте фрустрацијата на гласачите поради високите цени на горивата, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги троши американските стратешки резерви на нафта (SPR) побрзо отколку што тоа го правеше администрацијата на Џо Бајден. Поради нафтената криза предизвикана од војната со Иран, резервите на нафта за итни случаи се приближуваат до најниските нивоа од почетокот на 1980-тите, а околу половина од таа нафта се извезува во ...

Министерството за финансии на САД соопшти дека земјата ќе отстрани 76 физички и правни лица од списокот за санкции, од кои повеќето се имиња на веќе починати луѓе или непостоечки компании. Вашингтон нагласи дека на овој начин ќе се врати фокусот врз високоризичните лица и организации. Од Списокот на специјално означени граѓани и блокирани лица (Specially Designated Nationals and Blocked Persons List) ќе бидат отстранети 39 починати физички ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро ...

Свечената церемонија на доделување на престижната фудбалска награда „Златна топка“ (Ballon d’Or“), која од 1956 година ја доделува „Франс фудбал“, прв пат во историјата оваа година ќе се одржи во Лондон. Британската престолнина ќе биде домаќин на церемонија на 26 октомври, по повод 70-годишнината од воведувањето на наградата чиј прв добитник беше англискиот репрезентативец Стенли Метјуз. Ова не е прв пат церемонијата да се одржува надвор од ...

Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ. Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година ...

Листовите од јаготките не се отпад, туку мирисен додаток на чај, оцет и смути. Пробајте пред повторно да ги фрлите. Листовите од јаготки завршуваат во кантата со години, а воопшто не им е местото таму. Тој мал зелен врв што рутински го кинете има мирис, мала адстрингентност и многу корисна вредност во кујната. Домаќинките на село го знаат ова со децении, но ние во градот некако како да заборавивме. Пред следниот пат да измиете килограм ...

Со години се веруваше дека европските стартапи порано или подоцна ќе мора да се преселат во Силиконската долина за да успеат. Но, делови од технолошката индустрија сега веруваат дека рамнотежата на моќта почнува да се менува. Од Стокхолм и Париз до Лондон и Берлин, нова генерација европски компании за вештачка интелигенција сè повеќе отворено се натпреваруваат со своите американски ривали, а во некои сегменти дури и почнуваат да ги ...

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, денеска изјави дека треба да се уриваат згради во предградијата на Бејрут за секој дрон што ќе го лансира либанското движење Хезболах, кое има поддршка од Иран. – Единствениот начин, во моментов, да се спречи нашите војници да бидат погодени е да се урнат десет згради во јужните предградија на Бејрут, каде што е упориштето на Хезболах, за секој дрон што ќе го испука шиитското движење – рече ...

Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, а само ...

Од недела, екипи на ЈП”Улици и патишта”-Скопје ќе ги пуштат во функција новите семафори на крстосниците помеѓу булевар „Македонија” со улица „11 Октомври” и улица „Пролет” и на крстосницата булевар „Македонија” со булевар „Борис Трајковски”. На семафорите ќе ни биде воведен нов траен сообраќаен режим за сообраќај, што подразбира воведување на нови светлосни сигнали и целосно нова хоризонтална и вертикална сигнализација и сообраќајна опрема, ...

Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги ...

Минатата година, Германија ги зголеми средствата за парични социјални бенефиции, кои вклучуваат пензии, надоместоци за невработеност и други форми на социјална заштита, на 751,2 милијарди евра, според податоците објавени денес од страна на Германскиот федерален завод за статистика во Висбаден. Вкупните средства се зголемија за 5,9 проценти на годишно ниво, што претставува продолжување на долгорочниот раст на социјалните трошоци, иако со малку ...

Јавното обвинителство не требало да дава изјави во весници за истрагата што се води околу наводната шпионска афера во нејзиниот кабинет, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа уште еднаш рече дека била збунета од изјавите на јавното обвинителство. „Законот за кривична постапка не ги покрива само јавните обвинители, туку и сите нас, вклучувајќи ги и новинарите. Предистражната постапка е тајна и ниту треба да се ...

Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, изјави во среда дека неговата банка би можела да потроши до 20 милијарди долари за аквизиции во наредните години. Договорот од таа големина би бил најголемиот во 20-годишниот мандат на Дајмон на чело на JPMorgan и би го тестирал апетитот на регулаторите за консолидација меѓу најголемите американски банки. „Мислам дека би можело да има можност, па затоа бараме“, им рече Дајмон на ...

Во една глорификација на самиот себеси министерот за вантрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Собранието изјави дека по 20 години конечно имало еден министре на таа функција „што е нормален“. Според неговата изјава не биле „нормални“ ни Гордана Јанкулоска, ни Митко Чавков, ни Оливер Спасовски… Тошковски одговараше на ппратеничко прашање на Миле Талески од СДСМ за шпионскиот скандал во Кабинетото на претседателката Гордана ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Времето во следните денови: Во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во ...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ измислија нова форма на пратенички прашања според која опозициските пратеници за се треба да го прашуваат премиерот Христијан Мицкоски, место министрите. На собраниската седница за пратенички прашања првпат се случи пратеничка од власта да ги повтори истите прашања од пратеник од опозицијата – само за да овозможи премиерот да одговори. Имено, во отсуство на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – од основање, измени, состојба во централен регистар и нивна поврзаност од лицата кои биле ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата ...

Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, беше елиминиран во второто коло на Ролан Гарос. Италијанецот убедливо водеше против Хуан Мануел Серундоло со 2:0 во сетови и 5:1 во третиот и сервираше за меч, но потоа одеднаш физички се распадна. Изгуби дури 15 поени по ред, дозволувајќи му на противникот да стигне до 5:4 и три брејк топки. Серундоло направи уште еден брејк и ја продолжи својата серија на 18 поени по ред пред Синер конечно да ја ...

Украина ќе купи 20 нови борбени авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира 16 од постариот тип следната година, изјавија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на денешната заедничка прес-конференција. Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери што го отвора патот Шведска да и продаде на Украина до 150 борбени авиони од моделот „Сааб Грипен Е“, но испораките на поновиот модел се очекуваат за ...

Во неодамнешно писмо упатено до кипарското претседателство на Советот и лидерите на Европската комисија и Европскиот совет, германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи статус на „придружно членство“ за Украина. Ова „иновативно решение“ е претставено како среден чекор кон полноправно членство. Предвидува, меѓу другото, учество на Украина во главните институции на ЕУ, но без право на глас или наменето портфолио; проширување на клаузулата за ...

Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за плаќањата во Македонија во 2025 година, при што беше констатиран натамошен раст на безготовинските плаќања и засилена употреба на дигиталните канали за извршување платежни трансакции, се наведува во соопштението од Народната банка. Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања изјави дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе остане пред земјите што се сметаат за фронтранери, но порача дека Владата нема да дозволи дополнителни буџетски средства и зголемувања на примањата во правосудството без конкретни резултати во испораката на правдата. Мицкоски оцени дека граѓаните со право се незадоволни од бавната правда и ...

Руските војници кои се обидуваат да се инфилтрираат во украински позиции ползејќи со километри низ напуштени подземни цевководи, преживуваат често само неколку минути кога ќе стигнат до другиот крај. На команден пункт во североисточната област Харков, украинскиот водник „Товсти“ од бригадата „Хартија“ наслика сурова слика за новата тактика, пишува „Дејли мејл“. Дојавите од дроновите постојано ја доловуваат истата вознемирувачка сцена – ...

Претседателот на Казахстан, Касам-Жормат Токаев и рускиот претседател Владимир Путин денеска во Астана потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во најголемата централноазиска држава. Исто така потпишан е и договор за обезбедување руски извозен кредит за финансирање на изградбата на централата. – Договорот за изградба на нуклеарната централа Балхаш, потпишан денеска, има големо значење, истакна Токаев и му се заблагодари на ...

Колку е Македонија задолжена, кој чии кредити враќа и до каде ќе стигнеме ако продолжи државата да се задолжува без притоа да се креира нова вредност, беа едни од темите на седницата за пратенички прашања што се одржува денеска во Собранието. Опозицијата алармира на висината на долгот и на нови задолжуања, како и на зголемување на буџетскиот дефицит, а премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека нема да има ново задолжување од 350 милиони ...

Во Скопје во понеделник и вторник ќе се врши прскање против комарци, како дел од редовните активности за дезинсекција на подрачјето на градот. Акцијата е најавена во период кога поради потоплото време и зголемената влажност се создаваат услови за поголемо присуство на комарци во урбаните и зелените површини. Граѓаните се информираат дека третирањето ќе се изведува во предвидените термини, а доколку временските услови не дозволат безбедно ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33