Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината. Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. „На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на ...
За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион. „За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме ...
По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров ООУ „Живко Чинго“ во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“. Организаторите најавуваат ден исполнет со спортски дух, фер-плеј и заедништво и упатуваат покана до сите љубители на спортот да бидат дел од овој настан. „Спортски ден“ ќе се одржи утре со почеток во 08:30 часот во салата „Тодор Александров“ во Велгошти. ...
Иранското министерство за надворешни работи ги предупредува европските земји да не учествуваат во американско-израелската кампања против Исламската Република, велејќи дека тоа „би било чин на војна“. – Тоа би било чин на војна. Секој таков чин против Иран би се сметал за соучесништво со агресорите. Тоа би се сметало за чин на војна против Иран изјави за новинарите портпаролот на министерството, Есмаил Бакаи. Германија, Франција и Велика ...
Голем уддел во вчерашната смрт на мајката и ќерката во Карпош имале институциите на системот, кои затаиле во овој случај, и не реагирале на пријавите и укажувањата дека со години се соочуваат со семјено насилство, сведочат соседите и роднините на починатите. „После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата“, ...
Во пресрет на Денот на жената – 8 март на приземјето во Скопје Сити мол од 5 до 8 март ќе се одржи голем базар под слоганот „ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ“. На базарот учество ќе земат успешните и докажани брендови: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана ...
На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во текот на октомври 2025 година, тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, а парите му ги дал како капар. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога пријавителот му јавил и му ги побарал вратите му кажал дека ќе бидат изработени, а после тоа бил недостапен на ...
Русија изгуби околу 1.268.520 војници во Украина од почетокот на нејзината целосна инвазија на 24 февруари 2022 година, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на 3 март. Бројката вклучува 790 жртви што руските сили ги претрпеа во текот на изминатиот ден. Според извештајот, Русија изгубила и 11.718 тенкови, 24.131 оклопни борбени возила, 80.992 возила и резервоари за гориво, 37.842 артилериски системи, 1.665 повеќекратни ракетни ...
На 02.03.2026 во 19:10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого се познавале од претходно. -Според пријавеното, одреден период лицето ја вознемирувало од различни телефонски броеви и од лажни профили на социјални мрежи, а истиот ден околу 16:50 часот, по завршување на наставата, ја следел од средното училиште во кое учела до автобуската ...
Меѓународна агенција за атомска енергија (IAEA) потврди дека во неодамнешните напади биле оштетени влезните згради на постројката за збогатување гориво Натанз во Иран. IAEA наведува дека на самото нуклеарно постројување не е забележано дополнително влијание и дека не се очекуваат радиолошки последици. Проценката е донесена врз основа на најновите достапни сателитски снимки. Подземниот дел од постројката, според претходна проценка на IAEA, бил ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изрази доверба во способноста на тимот да се натпреварува за шампионската титулата во 2026 година, и покрај слабите резултати од претсезонските тестирања. Британецот повика на претпазливост. – Тестирањето не откри многу. Сите се криеја зад нивото на гориво во резервоарите. Разговарав со Тото Волф од Мерцедес и Зак Браун од Мекларен за да се обидам да разберам што откриле, но не добив никакви резултати, изјави ...
За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешнири работи Панче Тошковски. На прес конференцијата се очекува да бидат соопштени повеќе детали за вчерашната трагедија во скопски Карпош. Утрово обвинителството соопшти дека мајката и детето биле сами во станот и заклучени од внатрешна страна. Се проверуваат мобилни телефони и се екстрахираат податоци. 4NEWS.mk ќе ја пренесува во живо ...
Како што соопштија од ОЈО Скопје, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. „Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши ...
На израелската армија ѝ беше дадена дозвола да напредува и да преземе контрола врз дополнителни позиции во Либан. „Војниците на Израелските одбранбени сили дејствуваат во јужен Либан и се позиционирани на неколку точки во близина на граничната област како дел од засилената одбранбена позиција. Целта е да се создаде дополнителен слој на безбедност за жителите на северен Израел“, се вели во официјалното соопштение на војската. ИЗДВОЕНИ Ќе се ...
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи. Тој порача дека „под ...
Почна судскиот процес за тројцата полицајци од Кочани обвинети за злоупотреба на службата бидејќи според обвинението “замижувале” пред неправилностите во работата на кабарето “Пулс”. Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков се првата од трите групи на полициски службеници на кои ќе им се суди во Кривичниот суд. Сите пред судијката Лидија Петровска рекоа дека не се чувствуваат за виновни. Двајца се реонски полицајци, а еден е ...
Историчари на уметност во „Рајкс-музејот“ во Амстердам, Холандија, открија досега непозната слика од холандскиот мајстор на сликарството, Рембрант, објави германски „Ди цајт“ и други медиуми. Музејот денеска соопшти дека, благодарение на најсовремената технологија за скенирање и стилската анализа, истражувачите успеале да ја потврдат автентичноста на сликата од 1633 година. Испитувањата траеле две години. Истражувачите притоа откриле дека ...
Европските цени на природниот гас скокнаа за дури 34 отсто поради неизвесноста колку долго ќе бидат запрени извозите од најголемата светска фабрика за течен гас - ЛНГ во Катар и какво влијание тоа ќе има врз глобалните енергетски резерви. Референтните фјучерси пораснаа втор ден по ред, додека Кина, најголемиот светски увозник на ЛНГ, ги повика сите страни во конфликтот со Иран да овозможат безбедно минување на бродовите низ Ормускиот ...
Бизнис Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt 03.03.2026г Сподели: Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи како дигиталните платформи можат да отворат нови можности за раст на малите, семејни бизниси во Македонија. Ова е приказна за тоа како технологијата може ...
Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во услужни дејности и продажба, информира Државниот завод за статистика. Според податоците од таму, Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %. Во Полошкиот регион стапката на слободни работни места е 2,13%. Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во ...
Ивановиќ пред неколку години лансираше козметичка линија, а кога Бастијан побара половина од профитот од неа за време на разводот, таа одлучи да го затвори брендот. Ана Ивановиќ дефинитивно ќе може да ја класифицира 2025 година како најтурбулентна и најлоша година во нејзиниот живот. Откако го заврши бракот со Бастијан Швајнштајгер, нејзиниот приватен бизнис пропадна на крајот од минатата година по три години бизнис. Како што дознаваме ...
Во четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. На програмата се „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од Камиј Сен-Санс и симфониската скица „Море“ од Клод Дебиси. Ребека Тонг е резидентен диригент на ...
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ. „Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа. Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ. Дури Максо зборува и за ...
3031 Комо – Интер (21:00) Комо и Интер го играат првиот меч од полуфиналето на италијанскиот Куп. Очекувањата се дека крај езерото нема да има многу голови, а патникот во големото финале ќе се одлучува на реваншот во Милано. На последниот меч во Комо, Интер славеше со 0-2, па се очекува слично да биде и вечерва, барем што се однесува до бројот на голови. Предлог тип: 0-1I&1-2II (2.18) 1323 Барселона – Атлетико Мадрид (21:00) Може ли ...
По 11 дена блокада, патниот правец Ќафасан – Елбасан, делницата Либражд – Прењас, е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила. Според објава на Агенцијата за патишта на социјалните мрежи, и тешките товарни возила ќе можат да се движат по овој пат, но со ограничување до 8,2 тона носивост. „Сообраќајот ќе се одвива преку привремена траса изградена веднаш до претходната постоечка, додека не се заврши алтернативната траса на коритото на ...
Првенството влегува во забрзан ритам. По натпреварот против Вардар во саботата, Струга Трим Лум денеска во Струмица, во 21. коло, ќе се соочи со Брера. Арби Воша верува дека неговиот тим ќе стигне до првата пролетна победа, а лично чувствува дека се наоѓа во добра форма. „Нè очекува тежок натпревар против многу незгоден противник. АП Брера е квалитетна екипа, со многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат на секој меч. Знаеме дека ќе биде ...
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди. Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица. Рокот за поднесување ...
Добивај вести на Viber „Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна“, велат од ОЈО. Оттаму додаваат дека денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат ...
Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС. Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси. СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема ...
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2 Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Според ...