Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Новото иранско тело задолжено за следење на Ормуската Теснина го потврди целосното затворање на овој стратешки воден пат „до понатамошно известување“, откако Корпусот на Исламската револуционерна гарда донесе таква одлука во текот на ноќта. Управата на Персискиот Залив (PGSA) објави на социјалната мрежа Икс дека „поради тензиите предизвикани од агресијата на американските сили во регионот и соопштението кое синоќа го дадоа иранските вооружени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека сака да потпише мировен договор со Иран, доколку биде постигнат, во Швајцарија. Трамп ги даде овие забелешки на „Фокс њуз“, наведувајќи дека високи ирански претставници го повикале директно за да побараат прекин на бомбардирањето на САД. Американскиот претседател во среда изјави дека операцијата на Вашингтон против Иран вклучувала распоредување на 49 ракети „Томахавк“, заедно со борбени ...
Европската централна банка денеска ја зголеми својата референтна каматна стапка од два на 2,25 отсто, што е прво зголемување од септември 2023 година, додека банката со седиште во Франкфурт го изложи својот одговор на економските последици од конфликтот во Иран, јави ДПА. „Војната на Блискиот Исток генерира инфлациски притисоци“, соопшти банката, предупредувајќи дека „перспективите остануваат неизвесни“. Се предвидува дека инфлацијата низ ...
Во Владата денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети и следните чекори за спроведување на реформите, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук. – Заеднички ја нагласивме важноста од ефикасна координација меѓу институциите и навремена реализација на предвидените активности – наведе тој во објавата. Дополнува дека била потврдена и заложбата за продолжување на реформските процеси во ...
Добивај вести на Viber Со 56 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК беше по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, таа не пријавила дека една од фирмите ...
За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или една година за да добијат пари за туѓа нега, министерот за здравство Азир Алиу денес кажа дека нема да има потреба од менување на законите. Проблемот најави дека ќе го реши со разговори со сите комисии. „Ние направивме работна група меѓу двете министерства и таа работна група после неколку состаноци, по мое барање да ...
„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема“, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски. Особено загрижува фактот дека од година в година тутунопроизводителите се соочуваат со растечки трошоци, неизвесни услови за ...
Џон Хили поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Велика Британија, обвинувајќи го премиерот Кир Стармер дека не успеал правилно да го финансира Планот за инвестиции во одбраната (DIP). Во писмо до Стармер, Хили наведува дека премиерот „не бил во можност, а Министерството за финансии не било спремно, да ги издвои ресурсите што ѝ се потребни на нацијата за да ја одбрани земјата во ова време на зголемени закани“, пренесе ДПА. DIP, ...
Новиот клинички центар во Скопје најевтино и најдобро ќе биде да се изгради во непосредна близина на Градската општа болница „8 Септември“. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Азир Алиу на брифингот со медиумите по повод една година од преземањето на функцијата, нагласувајќи дека реформите во секторот се веќе во тек, но бараат време. Министерот појасни дека инвестициите во сегашниот комплекс „Мајка Тереза“ нема да запрат, бидејќи ...
„Вчера во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење“, соопштија од полицијата. По пријавата, полициски службеници извршиле службен разговор со мајката на детето, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Куманово, објави 4news.mk Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои ...
Светското фудбалско првенство официјално започнува вечерва со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, кој ќе се игра на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Натпреварот од првото коло од групата А ќе го означи почетокот на најголемото светско првенство во историјата, на кое за првпат ќе учествуваат 48 екипи. Крај за најпознатиот звук од СП 2010 – вувузелите нема да се слушаат на годинешниот Мундијал Мексиканците влегуваат во овој ...
Филмот „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на 66. Krakow Film Festival во Полска. Станува збор за признание што го доделува Меѓународната федерација на филмски критичари, една од најрелевантните професионални организации во областа на филмската критика. Наградата има особена тежина бидејќи доаѓа од меѓународната критичка јавност и претставува признание за авторската вредност, филмскиот јазик и ...
Министерот за здравство Азир Алиу во изјава за медиумите откри дека имаат сознанија од пациент за случај за злоупотреба на листата на чекање. „Оди пациентот да се оперира го враќаат назад да направи нова крна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра“, вели министерот и додава дека е на добар пат да се среди проблемот со листите на чекање за операција. „Листата на чекање веќе е транспарентна, но решението не е потполно или не се ...
На 10.06.2026 во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес, информира МВР. За настанот е известен јавен обвинител, а увид ...
СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно ги менува своите ставови, откако денеска изјави дека парламентарни избори може да има „многу скоро“, иако, според опозициската партија, со месеци уверувал дека нема да има предвремени избори. Од СДСМ велат дека ова не е првпат Мицкоски да испраќа спротивставени пораки до јавноста, посочувајќи дека во минатото имал различни позиции за Преспанскиот договор, членството во ...
Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултати се ...
На 10.06.2026 во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат с.Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, М.Т.(21) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово. На 10.06.2026 во 18:35 ...
Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...
Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит ...
На 10 јуни 2026 година, во 18:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во 83-годишен пешак, по што велосипедистот избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата тешки телесни повреди се здобил Х.А. (83) од Скопје. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош. — реклама — ...
Не е само промена на Уставот, додаде премиерот, ќе следува и Акцискиот план, работата на историската комисија и Протоколот 2, каде што работата на историската комисија е само едно од барањата. Но, додаде тој, ова не се нови, туку барања од самиот почеток Нема нови барања од Бугарија – тоа се истите барања од самиот почеток, од 2022 година, не се нови. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан дали постојат нови барања од ...
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, смета дека Европската Унија треба да назначи еден претставник кој ќе преговара со Русија за завршување на војната во Украина. Говорејќи пред италијанскиот парламент, Мелони порача дека ниту една помала група европски држави нема легитимитет да зборува во име на целата ЕУ. „Потребна е авторитетна личност на која сите земји-членки ќе ѝ дадат доверба и мандат да ја претставува Европа“, изјави таа. Мелони ...
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена ...
Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, денеска ја осуди втората ноќ од немирите во областа Белфаст, велејќи дека настаните претставуваат „расистичко насилство“, а не легитимни протести. Министерот за Скај њуз изјави дека нема сомнение за расистичката природа на инцидентите, наведувајќи дека поединци биле цел поради нивната „боја на кожа и етничко потекло“. „Ако ги напаѓате луѓето врз основа на бојата на нивната кожа, како поинаку ...
Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево–Охрид. Како што информира МВР, на 10 јуни во 17:50 часот, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда и излетало од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила неговата 23-годишна ...
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. Од нашата ...
Тамара Тодевска на музичките платформи ја објави насловната песна од новиот албум „Кукла жива“ која е автобиографска. „Секоја грешка ти ја памтат, од твојата болка пак се хранат, ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават. Ти велат биди помалку своја, светот сака копија, не боја. Никој не сака жена силна, треба да си убава и мила, на светот му треба кукла жива“, се дел од стихопвите кои ги пеам во песната, вели Тодевска. Музиката ...
Американскиот атлетичар Џејкоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки на натпревар во Јуџин, сојузната држава Орегон. Дваесетгодишниот Тарп истрча време од 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, подобрувајќи го за пет стотинки досегашниот светски рекорд од 12,80 секунди, кој од 2012 година го држеше Ариес Мерит. „Знаев дека сум подготвен за добар резултат, но не очекував да се случи токму ...
Вчера во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот Б.Б. од Скопје. Претходно, околу 18:20 часот на булеварот „Партизански одреди“ тој со мотоциклот кој го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле со мотоцикли, и продолжил ...