Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Шеесет и деветгодишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип. Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака. Според информациите од Дарко Коцев пожарникар ...
Газменд Алиу од „Вреди“ денеска на прес-конференција зборуваше за како што рече, сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Алиу посочи дека со години на граѓаните им се тврдело дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата. Меѓутоа, ...
За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“. Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 – Маџари по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) по што учесниците се префрлија на воз од Маџари ...
ВМРО-ДПМНЕ со соопштение остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека Александар Наумоски е последниот што може да зборува за борба против корупцијата. Од владејачката партија потсетуваат дека Наумоски, поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, уште на почетокот на својот мандат ја зголемил градоначалничката плата, а јавноста, како што наведуваат, го памети и по ...
Како што информираа од Царинската управа, по пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен царински тим и царинско куче, коишто презеле соодветни дејствија, при што по тестирање на содржината со специјална опрема е утврдено дека во четирите пратки се наоѓа наркотична дрога, и тоа метамфетамин со ...
Плажа на Сардинија забрани чадори за лица на возраст од 10 до 65 години На Пунта Молентис во Виласимиус, на југоисточниот брег на Сардинија, локалните власти воведоа нови правила за да ја заштитат недопрената животна средина на плажата. Посетителите треба да платат 10 евра за влез на јавната плажа, а право да постават само еден чадор имаат семејствата со деца под 10 години и лицата над 65 години. Мерката е дел од поширока иницијатива за ...
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, испрати порака во пресрет на настапот на неговата репрезентација на Светското првенство, нагласувајќи дека неговиот тим нема намера да биде само обичен учесник на најголемата светска фудбалска сцена. Легендарниот босански фудбалер истакна дека оваа генерација заслужено изборила место на Мундијалот и дека зад успехот стојат карактерот, упорноста и заедништвото на играчите. „Оваа генерација ...
Општина Ѓорче Петров започна со спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, како дел од редовните активности за заштита на јавното здравје и подобрување на хигиенските услови. Од локалната самоуправа информираат дека мерките се преземаат со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста и побезбедна животна средина. — реклама — ...
Прес-конференција на СДСМ , Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески” и Државна награда „Ремзи Несими”. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија. – Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции – истакна ...
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, скопско, бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, во пресметаката учествувале Б.Д.(38) и В.Д.(30), од една страна и С.М.(27), Д.М.(33), Д.М.(38) и С.М.(44), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје било ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница. Тој се сомничи за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да ...
Меморандумот за разбирање на Иран со САД ја вклучува обврската на Вашингтон да ги укине санкциите врз Техеран, да ги повлече своите сили од околината на Иран и да ја укине поморската блокада, објави денес иранскиот весник „Мехр“. Меморандумот, исто така, вклучува повторно отворање на Ормутскиот теснец, укинување на санкциите за нафта и ослободување на замрзнатите ирански средства. Конечните преговори ќе се фокусираат на нуклеарните и ...
Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието. Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството. Не може да зборуваме за ...
Добивај вести на Viber Вработените во Јавнообвинителската служба при сите Обвинителства испрати остра реакција до медиумите во врска со Предлог законот за јавнообвинителска слуќба. - Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во јавнообвинителскиот систем. Особено ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека нагло го променил ставот и сега брза кон брзи предвремени избори. Од опозициската партија порачаа дека Мицкоски со месеци тврдел дека избори нема да има, но сега најавува дека тие ќе се случат „многу скоро“, со што, според нив, уште еднаш докажал дека неговиот збор не вреди ...
Симос Папанас, директорот на Солунската филхармонија на денешната прес конференција по повод изведбата на Кармина Бурана на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје од страна на трите филхармонии од Скопје, Софија и Солун, се осврна на почетоците и како почна ова заедничко патување на музичарите од регионот. -Оваа иницијатива ја започнавме пред три години и најпрво му ја претставивме на министерот за култура на Грција кој безрезервно ја прифти и ...
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем” рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” ...
Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС ...
По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министеротза транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што ...
Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишник од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. – На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган, информираат од СВР Охрид. ...
Подлабоката монетарна интеграција може да одигра значајна улога во намалувањето на финансиската ранливост на регионот на Западен Балкан, особено имајќи ја предвид широко распространетата употреба на еврото во повеќе економии од регионот. Усвојувањето на заедничката валута го намалува ризикот од неусогласеност меѓу приходите во домашна валута и задолжувањето во странска валута, со што се олеснува управувањето со финансиските обврски на ...
Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста. Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски, истакна денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Во 2021 година ВМРО, потсети таа, поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар. „До каде беа подготвени да одат кога беа ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека биле доделени 57 стипендии на најуспешните ученици од основните општински училишта. „Под мотото „Со срце учам, со знаење успевам” ја продолжуваме традицијата која ја започнавме и доделивме парични ваучери на најдобрите наши ученици од општинските основни училишта! Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици“, истакна ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Истанбул се обрати на Бизнис форумот помеѓу двете земји, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка. „Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни ...
Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата, при што бензините поевтинија за 2 денари по литар, додека дизелот поскапе за 1,50 денари. Според новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 86 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 88 денари за литар. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87 денари за литар, што претставува зголемување во однос на досегашната цена. Од полноќ стапија во сила нови малопродажни ...
САД планираат за околу една третина да го намалат бројот на борбени авиони кои му ги ставаат на располагање на НАТО за операции во Европа, јавија светските агенции повикувајќи се на интерен документ. Како што се истакнува, Вашингтон ги известил своите европски сојузници за оваа одлука на почетокот на јуни. Планот предвидува намалување на бројот на ловци Ф-16 и Ф-15E од приближно 150 на околу 100 летала. Истовремено, бројот на авиони за ...
На 11.06.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој ...
Општина Карпош изразува сериозна загриженост за зачестените случаи на вандализам и оштетување на урбаната опрема и детските игралиштата на цела територија на општината. „Во изминатиов период е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема. Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на малолетни деца, дополнително ја ...