Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Притвор до 30 дена е одреден за сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, и уште двајца вработени – директорот на Одделот за благајна и управување со готовина и соработникот за благајничко работење на Алта банка, објави Н1. Судијата за претходна постапка на Високиот суд во Белград – Специјално одделение за организиран криминал денес донесе решение според кое на обвинетите Д.М., Г.М. и И.П. им се одредува притвор, којшто според одлуката може ...
Луксембург беше одличен вовед за македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Нашите момци пред домашната публика остварија убедлива победа од 41-23 и веќе целосно се насочуваат кон следната пречка, а тоа е гостувањето кај Грција. Еден од најефикасните во нашите редови на првиот натпревар беше Александар Петковски, кој одлично ја искористи својата шанса и постигна пет гола. „Среќен ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека со ребалансот на буџетот на градот обезбедени се средства за изградба на две целосно нови средни училишта – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. – Двете училишта ќе ги градиме со сопствени средства на Град Скопје! Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...
Третпат неделава лажни дојави за поставени бомби го нарушија европскиот воздушен сообраќај, а само денеска 27 патнички авиони беа пријавени како цел на безбедносни закани. Дојавите за поставени бомби предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, принудни слетувања, пренасочувања на летови, итни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозивни направи. Ниту една земја или група нема преземено одговорноста за заканите, ...
Нова милионерска добивка во Македонија, Видеолотарија Касинос Австрија исплати кон играчите над 7 милиони денари за една недела. Дарко Ивановски од Кратово е најновиот добитник на МИЛИОНЕР Џекпотот и новиот милионер во Македонија. Тој освои 1.265.797 денари, со среќната игра Ултимејт хот кај деловниот соработник Бет ту мар, на 31 октомври 2026 година. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му ја честита добивката на Дарко, со желби за многу ...
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата значајна улога на транснационално ниво во борбата против недозволена трговија со дрога. Неофицијално дознаваме дека по брза размена на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при МВР и службата за борба против дрога на САД-ДЕА, од страна на германската полиција запленети се над 300 килограми кокаин, кои биле скриени во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на ...
Возачите во Италија наскоро би можеле да плаќаат казни и ако возат пребавно во левата лента на одредени автопатишта. Предложената мерка предвидува минимална брзина од 100 километри на час на автопатите со најмалку три ленти во секоја насока, а прекршителите би се соочиле со парични казни од 40 до 160 евра. Мерката е дел од нацртот на новиот закон за безбедност во сообраќајот, кој италијанската влада го одобри во октомври и го испрати во ...
Во Србија се уапсени осум полицајци поради сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор. Тој бил брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, пренесува „Нова.рс“. Според неофицијални информации, Вишото јавно обвинителство во Ниш би можело да наложи дополнителни апсења. Уапсените се припадници на Одделението за специјални акции при Управата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше Стивен Милер, кој важи за главен архитект на неговата строга имиграциска политика, за нов шеф на кабинетот во Белата куќа на местото на Сузи Вајлс. Оваа персоналан промена доаѓа само неколку дена откако републиканците претрпеа убедлив изборен пораз на конгресните избори во вторникот, на кои демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, добивајќи можност да ја блокираат ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и ...
Општина Карпош по повод јубилејот – 50 години од основањето на Општината вечер со почеток во 21 часот организира музичка забава со Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти. – Со оваа музичка вечер, Општина ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во Албанија не може да се спореди со настаните во Србија, каде што масовното студентско движење доведе до политички промени. Во исто време, албанската полиција почна да применува нови закони против демонстрантите, а за само неколку дена 83 лица кои учествуваа во антивладините протести во Тирана беа казнети. Рама повтори на социјалните мрежи дека е подготвен да разговара со сите што веруваат ...
Вкупно 556 пензионери кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но не поседуваат платежни картички, денеска, 5 ноември, успешно подигнале парични средства на шалтерите во битолската филијала. Исплатата се одвивала во организација на банката, а Народната банка информира дека биле услужени повеќе корисници од првично планираниот број. Според информациите од Народната банка, првично биле предвидени исплати за околу 400 пензионери, кои ...
„Сестра, брат и шахта”, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при” (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот” на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот австралиски режисер Ролф де Хер, при доделувањето на наградата го прочита ...
Американската војска започна нова рунда ограничени напади врз Иран, насочени кон систем за воздушна одбрана, потврди претседателот Доналд Трамп. Тој го опиша нападот како „мал“. Иранските државни медиуми објавија за две експлозии во областа на островот Кешм, кој се наоѓа во Ормускиот Теснец. – Тие поставија некаков вид противвоздушен уред, а ние го уништивме за околу 15 минути, можеби 5 – им рече Трамп на новинарите во петокот. Американската ...
Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во ...
Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во ...
Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на Алта банка АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија. Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Тој посочи дека бараат купувач за банката. Нормално има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, а ...
Светските цени на храната малку се намалија од четиригодишниот максимум во октомври, поттикнати од пониските цени на житарките, месото и млекото, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, изнесуваше 133,9 поени во октомври, што претставува пад од 1,2% споредено со ...
Министерството за образование и наука (МОН) објави нов конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значително унапреден модел на државна поддршка, соопштија денеска од ресорното министерство. Според информациите од МОН, новиот систем носи поинаков пристап кој го вреднува академскиот успех, ја препознава социјалната ранливост и го поттикнува образованието на дефицитарни кадри. За таа цел, ...
Извозот на стоки од земјата во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период е остварен трговски дефицит од речиси 2,56 милијарди евра. Според производите, во извозот најголемо учество ...
До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа, до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд. МИА До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти ...
Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на ...
Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија. Преговорите ги опфаќаат Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Иницијативата ја најави претседателката на Европската ...
Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења (47), е предмет на кривична истрага поради колапсот на големата дигитална банка „Уено“, додека Парламентот покрена постапка за негово разрешување, независно што тој поднесе оставка. Кризата во банката „Уено“ ја сврте против Пења и неговата долгогодишна владејачка партија „Колорадо“, во драматичен пресврт за поранешниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, кој ја уживаше поддршката на најмоќните ...
Полициски службеници од ОВР Кочани, преземајќи мерки и активности, го лишија од слобода Д.С.(43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на Кочани. По наредба од суд, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела. По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична ...
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави мерка со која млади брачни парови до 40 години и самохрани родители што градат дом во Скопје ќе бидат ослободени од 60% од комуналиите. Ослободувањето се однесува на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје и важи за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот. За да се достигне целосно ослободување, потребно е и скопските општини да се ...
СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потенцираат дек функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и ...