Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Едногодишната затворска казна за Стевчо Јакимовски треба да започне да се извршува во текот на следниот месец, откако надлежниот судија го комплетирал упатниот акт. Издаден упатен акт Судија за извршување санкции при Кривичниот суд во Скопје му издал упатен акт на осудениот С. Ј. за издржување на едногодишната затворска казна. Во затвор треба да се јави на 2 јули Според издадениот акт, Јакимовски е упатен на 2 јули 2026 година да се јави во ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н. (60) од селото Волино, општина Дебрца, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според полицијата, пријавениот во периодот од 2017 до 2025 година, додека ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дебрца, не извршил должен надзор и не ги утврдил правните и физичките лица кои биле сопственици, корисници или носители на право на располагање ...
Недостигот од политичка волја за исполнување на преземените обврски го попречува напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, јавува БГНЕС. Петрова нагласи дека договореното не е билатерално, туку европско прашање и дека сите лидери во ЕУ се категорични дека единствениот пат напред за Скопје е исполнувањето на веќе преземените обврски. „Тажно е да се види дека ...
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...
Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри, извести Народната банка. Право на учество на Конкурсот ...
Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ денеска и официјално потврди дека и следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата. Еден од најмладите македонско кошаркарски клубови минатата сезона имаше одличен настап во второто по ранг јадранско натпреварување каде за малку му избега и историски пласман во елитното натпреварување во регионот. ТФТ стигна до финалето каде беше поразен од Широки Бријег, а потоа не успеа ни во баражот против Борац Чачак. Клубот ...
Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува опфат на над 10.000 лица и средства во вредност од речиси 40 милиони евра, со фокус на отворање нови работни места, намалување на невработеноста и поддршка за младите, изјави денеска Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Според Панова, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку овој план настојува да ја зајакне домашната економија, да создаде нови можности за вработување и да ...
„Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на ...
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денес присуствуваше на пуштањето во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода. Ристовски изрази задоволство од тоа што спортистите и рекреативците добиваат уште еден објект кој ќе можат да го користат за подготовка и натпревари. -Од она што некогаш беше руина, направивме сосема солиден спортски храм којшто има пропратни дејствија. Пред салата се наоѓа преубав плоштад на ...
Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода. Премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба посочи дека како Влада секој ден се трудат дел од оние проекти коишто ги започнале да ги завршуваат, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат. -Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е ...
23-то издание на Светското првенство во фудбал започнува денес, кога Мексико и Јужна Африка ќе се сретнат во 21:00 часот. Тоа ќе биде само првиот од вкупно 103 натпревари што ќе се играат од 11 јуни до 19 јули, кога нè очекува финалето. Натпреварувањето се одржува и во САД и во Канада, а целосниот распоред е достапен подолу. Исто така, тука можете да видите сè што ве интересира за Светското првенство , а на нашата веб-страница можете да ја ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП. -Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ ...
Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, 106,9 се машки – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според месецот на раѓање, најголем број ...
Летовите за евакуација на граѓаните од Блискиот Исток во вредност од еден милион евра биле плаќани однапред, над законскиот лимит. Ова го утврдило истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој анализирал три конкретни случаи на „потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки, во кои грижата за јавните пари не била примарна“. Меѓу нив е и тендерот на МНР за закуп на авиони. Евакуациски летови и прекршување на законите ...
Вулканот Марапи во Индонезија повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над Западна Суматра. Властите соопштија дека ерупцијата исфрлила облак од пепел, висок околу два километри во атмосферата. More video of today’s eruption from Russia’s Shiveluch volcano in Kamchatka. The volcano sent ash up to around 12 km into the atmosphere, triggering a red aviation warning. 📹 Марина Коллегова pic.twitter.com/yKs9dEVyOl — Volcaholic 🌋 ...
Кошаркарите на Њујорк никс го совлада Сан Антонио со 107:106 на домашен терен, по голем пресврт, и поведоа со 3:1 во финалето на НБА лигата. Никс имаа негатива од дури 29 поени во натпреварот, но успеаја да се вратат и да се доближат на чекор од освојување на првата шампионска титула од 1973 година. Херој на победата на домашниот тим беше Оџи Ануноби, кој по промашената тројка на Џејлен Брансон, ја испрати топката во кошот на 1,2 секунди до ...
За добивањето на новите лични документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи граѓаните за период од пет години пларите 44 милиони повеќе односно вкупно 7 милиони евра, покажа најновото истражување на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем дел од 73-те милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години. Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска обвини дека власта не го спроведува Законот за употреба на македонскиот јазик и побара од претседателот на Собранието, Африм Гаши, да овозможи одржување надзорна расправа за неговата примена. На прес-конференција, Костадиновска-Стојчевска оцени дека и покрај законската рамка донесена во јануари 2024 година, речиси ништо не е направено за имплементација на одредбите од законот. ...
Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише, да прифати се. Тоа е ...
Горе-долу реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, по официјалното отворање во употреба на салата „Расадник“ -Станува збор за 30% нови луѓе кои сега добиваат можност да покажат, да работат. Не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин, остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во ...
Елизабет Харли го прослави својот 61-ви роденден. За да го одбележи овој настан, британската актерка објави фотографија на Инстаграм на која позира во жолто бикини, насмеана и држејќи големо знаменце во ракав, додека во позадина се протега поглед на океанот. Таа сподели оптимистичка порака во описот. „Среќен роденден! Порано се плашев од стареењето, мислев дека сè ќе стане помалку возбудливо и дека ќе ми биде поуморно од светот… но со ...
Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...
„Јас дојдов, завршено е“ – Сали Бериша тврди дека му е укината „црната листа“ од САД По повеќе од пет години од одлуката за забрана за влез во САД, лидерот на Демократската партија Сали Бериша денес изјави дека мерката е укината, што тој го оцени како негова лична победа. Изјавата ја даде од собраниската говорница за време на седница, без да одговара на новинарски прашања, и беше пречекана со аплауз во Собранието. Засега нема официјална ...
Државниот завод за ревизија во извештај објавен денеска соопштија дека утврдиле бројни слабости и неправилности во системот за остварување, исплата и контрола на правата од социјална заштита во земјава. Ревизијата, која го опфатила периодот од 2022 година до јуни 2025 година, покажала дека постапките не се целосно усогласени со законската регулатива и дека постојат пропусти во контролите, документацијата и размената на податоци меѓу ...
Судската постапка против Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, влезе во последна фаза, а првостепената пресуда е закажана за 18 јуни. Обвинителството бара максимални казни, сметајќи дека родителите сносат кривична и морална одговорност за занемарување на детето и овозможување пристап до оружје, пишува Блиц. Шокантни пораки и ноќта пред злосторството ...
На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки. Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен ...
Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушнс“, кои се однесуваат на организацијата на обезбедувањето на објектот, плановите за надзор, како и на извршените и неизвршените ...
Претседателот на Општинската организација на СДСМ – Карпош, Панче Милевски, денеска побара од градоначалникот Сотир Лукровски јавно да им се обрати на граѓаните и да објасни зошто не се појавува на работното место по истекот на неговото официјално боледување. Според Милевски, боледувањето на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се вратил на работа, ниту пак јавноста добила информација за неговото отсуство и за тоа кој раководи со ...