Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Државниот завод за ревизија во извештај објавен денеска соопштија дека утврдиле бројни слабости и неправилности во системот за остварување, исплата и контрола на правата од социјална заштита во земјава. Ревизијата, која го опфатила периодот од 2022 година до јуни 2025 година, покажала дека постапките не се целосно усогласени со законската регулатива и дека постојат пропусти во контролите, документацијата и размената на податоци меѓу ...
Судската постапка против Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, влезе во последна фаза, а првостепената пресуда е закажана за 18 јуни. Обвинителството бара максимални казни, сметајќи дека родителите сносат кривична и морална одговорност за занемарување на детето и овозможување пристап до оружје, пишува Блиц. Шокантни пораки и ноќта пред злосторството ...
На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки. Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен ...
Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушнс“, кои се однесуваат на организацијата на обезбедувањето на објектот, плановите за надзор, како и на извршените и неизвршените ...
Претседателот на Општинската организација на СДСМ – Карпош, Панче Милевски, денеска побара од градоначалникот Сотир Лукровски јавно да им се обрати на граѓаните и да објасни зошто не се појавува на работното место по истекот на неговото официјално боледување. Според Милевски, боледувањето на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се вратил на работа, ниту пак јавноста добила информација за неговото отсуство и за тоа кој раководи со ...
Центарот за граѓански комуникации во новото истражување за јавна набавка утврдил серија неправилности во постапката што ја спровело Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток во март, по почетокот на воените операции меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна, објави СДК. Според анализата на ЦГК, постојат индиции дека тендерот за избор на економски оператор ...
Неосновани исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при што е нанесена штета на државниот Буџет. Според ...
Во рамки на 14-та седница со одлука на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа им доделува еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец. Општина Карпош изрази искрено жалење за овој трагичен настан и како израз на солидарност кон семејствата, им доделува парична помош во износ од 100.000 денари за секое починато ...
„Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола. Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое одење во продавница значи помалку ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...
Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје. На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини. Настанот ќе се одржи на целосно обновениот ...
Соопштение за јавност на Партија за движење на Турците (ТХП) Фактот што ниту една турска граѓанска организација оваа година не доби поддршка од буџетот во износ од 17 милиони денари, наменет за здруженија и фондации од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, предизвика големо разочарување и оправдана загриженост кај турската заедница. Меѓу 36-те проекти кои добија финансиска поддршка нема ниту еден проект насочен кон турската ...
Центарот за граѓански комуникации денеска го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). Како што инфорира ЦГК, анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку истражувања кои почиваат на ...
Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) денеска да ги зголеми клучните каматни стапки за првпат по 2023 година, во услови на остриот пораст на потрошувачките цени низ еврозоната. Како што пренесе ДПА, Централната банка треба да ја објави својата одлука денеска во 14:15 часот (12:15 GMT). Стапката на депозити, која е важна за штедачите и банките, изнесува 2 проценти од средината на 2025 година. Шокот со цената на нафтата што произлезе од ...
Добивај вести на Viber Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти. Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да ...
По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на Tribeca Festival во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики. Cineuropa: Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот со кој работи. Овој филм покажува дека пред неа сè уште има простор за раст и авторско истражување, но истовремено ја издвојува како талент што вреди да се следи. Уште поважно, нејзината работа придонесува ...
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, извести Царинската управа. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле ...
Врахос е мирно, семејно одморалиште на брегот на Јонското Море, кое во последните години привлекува сè поголем број туристи. Познат по својата долга песочна плажа, чисто море и опуштена атмосфера, тој е одличен избор за семејства со деца подалеку од гужвите. Искуствата на туристите кои летувале во Врахос се претежно многу позитивни, а има само неколку негативни коментари на социјалните мрежи, а тие најчесто се однесуваат на брановите, но и на ...
Турската јавност е потресена од новата полициска операција во Истанбул, во која, според локалните медиуми, 22 лица се приведени како дел од истрага поврзана со наводни кривични дела поврзани со дрога. Локалните извештаи именуваа голем број познати имиња од светот на музиката, телевизијата и социјалните медиуми. Меѓу приведените е актерката Берен Сат од „Ќосем Султан“ (турски: Muhteşem Yüzyıl: Kösem) популарната турска историска телевизиска ...
Светската метеоролошка организација на Обединетите нации официјално соопшти дека започнал нов циклус на Ел Нињо – природен феномен кој се јавува поради затоплување на водите во Тихиот Океан и има влијание врз времето низ целиот свет. Научниците предупредуваат дека враќањето на Ел Нињо најверојатно ќе донесе натпросечни температури во речиси сите делови на планетата. Во период кога Земјата веќе се соочува со последиците од климатските промени, ...
Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. ...
Започнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива „Роаминг како дома“. Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на ...
Цените на нафтата пораснаа во четврток поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран, но подоцна делумно ги намалија добивките бидејќи трговците го проценуваа реалното влијание врз снабдувањето со нафта. Техеран соопшти дека Ормутскиот теснец е затворен, откако САД извршија нови напади врз Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп се закани со уште посилни удари доколку не биде постигнат мировен договор. Фјучерсите на нафтата Брент ...
По исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen. За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше ...
Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски, соопштија од СДСМ. „Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата. Од нашата мрежа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, предизвика многу реакции откако ги коментираше најновите податоци за зголемувањето на цените во САД, наведувајќи дека ја сака инфлацијата, а истовремено тврдеше дека цените повторно ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран. Одговарајќи на прашања од новинарите за податоците на американската влада кои покажуваат дека инфлацијата во мај се зголемила со најбрзо темпо во последните три години и надминала четири ...
Американската војска во текот на ноќта (10/11.06) гранатираше голем број цели во Иран. „Нападите се реакција на неоправданата и континуирана агресија на Иран“, соопшти американската регионална команда за Блискиот Исток, Центком, на платформата X. Како што се вели, се работи за „самоодбранбени удари“. Погодени биле воени надзорни објекти, комуникациски системи и позиции за противвоздушна одбрана низ целата земја. Иранската војска, според ...
Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...
Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, ...
Двата меча од групата „А“ на Светското првенство, како и натпревари од Финска и Шведска, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 46.3, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.45. Квотата од 2.10 за дуелот на Тампере и ОЛС ќе биде добитна само ако домашниот состав не загуби, но и ако нема повеќе од еден гол во првото полувреме. Голови се очекуваат на дуелот помеѓу Хелсинборг и ...