Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Жозе Мурињо и официјално е назначен за главен тренер на Реал Мадрид. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот гигант. „Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана денес, четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, одлучи да го назначи Жозе Мурињо за главен тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година. Жозе Мурињо ќе му се придружи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ги откажал планираните ракетни напади и бомбардирање на Иран што требаше да се случат вечерва. „Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се однесени на највисоките нивоа на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав закажаните напади и бомбардирање на Иран вечерва. Дискусиите и последните точки се ...
Сите евентуални штети кои Иран би ги причинил на американските сојузници ќе бидат надоместени со средства обезбедени од ирански банкарски сметки, порача американскиот министер за финансии Скот Бесент. На својот профил на платформата Икс, Бесент истакна дека сите плаќања на новоформираната Управа за контрола на Ормуска Теснина, тело основано од Иран за надзор на мореузот, ќе бидат покриени од ирански фондови. „Секој непријателски акт од ...
Ел Нињо – природниот пацифички временски модел што ги зголемува глобалните температури – официјално започна, велат американските научници. Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA) објави дека во тропскиот Пацифик се во тек услови на Ел Нињо, при што температурите на површината на морето нагло се зголемија во последните месеци. Многу прогнози сугерираат дека ова би можело да заврши како таканаречен „супер“ Ел Нињо, па ...
Светската банка очекува глобалната економија годинава да го забележи најслабиот раст од почетокот на Ковид пандемијата, поради последиците од војната со Иран. Во извештајот објавен денеска, институцијата ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2026 година за 0,1 процентен поен, на 2,5 проценти. За споредба, глобалната економија минатата година порасна за 2,9 проценти. Причините за ревизијата се високата инфлација и растот на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги, оценувајќи дека Скопје со години се соочувало со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми. Тој во емисијата „Вин-Вин“ посочи дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатокот на ...
Мицкоски сака да распише предвремени избори за да ја скрие празната државна каса, која беше испразнета со грабежи преку тендери. Но, и неисполнетите ветувања кон граѓаните, катастрофалната економска состојба и растечката сиромаштија, се вели во реакцијата на СДСМ. „Нема поле во земјата каде што ситуацијата е добра, напротив, за само 2 години ситуацијата се влоши од лошо. И само ќе се влошува.“ Народот живее полошо, со помалку пари, празни ...
Добивај вести на Viber Собранието денеска даде зелено светло, со 59 гласа ЗА, за предлог-законот за игрите на среќа. Со ова казината нема да смеат да се во растојание од 500 метри до училиштата, забрана за рекламирање на излозите на коцкраниците, се забранува рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин до личен успех, секој апарат мора да има задолжителен систем за локација (GPS) за тековна контрола од страна на УЈП, лиценците нема ...
Три лица, меѓу кои две деца, загинаа денес во тешка сообраќајна несреќа во Холандија кога автомобил удри во група ученици на училиштен велосипедски излет, соопштија локалните власти. Несреќата се случила во близина на селото Фогелварде, недалеку од границата со Белгија, во јужната холандска покраина Зеланд, пренесува Euronews. Според властите, автомобилот удрил во група од 14 деца на велосипеди и двајца возрасни придружници кои учествувале ...
Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата, на местото, како што потврдија од полицијата за „Макфакс“, ...
Најголемиот спортски настан на планетата штотуку започна, а тимот од страницата „U penjanju“ ги откри прогнозите на српските тениски ѕвезди за големото финале, кое ќе се игра на 19 јули. Апсолутен хит е прогнозата на Новак Ѓоковиќ, која предвидува сосема неочекувано финале: „Финале Португалија – Мексико, Португалија победува со 2:0 или 2:1“. Додека Ноле верува во Португалците, Миомир Кецмановиќ очекува Аргентина да го одбрани светскиот трон. ...
Соединетите Американски Држави и во мај ја надминаа Саудиска Арабија во извозот на нафта и нафтени деривати и го потврдија првото место на светската ранг-листа трет месец по ред, покажуваат податоците објавени денеска од компанијата за собирање податоци за поморскиот сообраќај „Вортекса“. Преземањето на титулата најголем извозник претставува пресврт за САД, кои со децении зависеа од блискоисточната нафта и на почетокот на 1970-тите претрпеа ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и ...
Јужна Кореја и Чешка ќе се обидат да постигнат позитивен резултат на почетокот на Светското првенство во 2026 година, на дуелот од првото коло од Групата А на стадионот Гвадалахара кој се игра престојново утро од 04 часот наутро! За Јужна Кореја, ова е 12-то учество на Светското првенство, повеќе од која било друга азиска репрезентација. Во исто време, Корејците играат на своето 11-то Светско првенство по ред, а само Бразил, Германија, ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³, соопштија од оваа иснтитуција. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди ...
Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екипи на штипски јавни претпријатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и ...
– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави се обиделе да испорачаат оружје на иранскиот народ со цел да придонесат за соборување на режимот во Техеран, но дека нивните регионални сојузници, Курдите, „ги изневериле“ и го задржале оружјето за себе наместо да го дистрибуираат. Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека САД испорачале оружје на Курдите, кои се регионални противници на Иран, но оти ...
Голем пожар во близина на штипското Ново Село. Се бара да се дејствува со хеликоптери и авиони за да се локализира овој голем пожар, кој според очевидци зафатил и викендици. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека еден сопстеник на викендица е повреден. Ангелов веќе се упати кон местото, и наскоро ќе се јави со повеќе информации. Голем пожар во близина на штипското Ново Село. Се бара да се ...
Две лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во туристичкото одморалиште Магалуф на шпанскиот остров Мајорка рано утрово, соопштија властите. Пожарот зафати околу дваесет жители, а четворица од нив се хоспитализирани, пренесува „Еуроњуз“ . Според Цивилната гарда, пожарот избувнал околу 5 часот наутро на третиот кат од зградата. Станарите безуспешно се обиделе да го изгаснат, но пожарот се проширил на ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека на листите на чекање за хируршки интервенции се евидентирани и починати пациенти, нагласувајќи дека нивното ажурирање мора да се спроведува рачно и во координација меѓу Министерството и здравствените установи. Тој посочи дека до Министерството пристигнуваат индиции и сомнежи од пациенти за можни злоупотреби со листите на чекање, но дека засега тие не можат јавно да се објават поради ...
Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, велат од „Вреди“. Во двегодишниот извештај што Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, ...
Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска. Наместо ...
УЕФА објави дека Сомалиецот Омар Артан е назначен за главен судија на Европскиот Суперкуп 2026, што претставува историски момент за африканскиот фудбал и судиската организација. На 12 август, Артан ќе го суди дуелот помеѓу победниците на Лигата на шампионите, ПСЖ и победниците на Лигата на Европа, Астон Вила, во Салцбург. Иако е релативно млад, Артан се етаблираше како еден од најпочитуваните африкански судии во последните години. Тој е на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: * за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, * за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, * за третиот мерен ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека утре 12.06.2026 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Од 08:00-12:00 часот на ул Партизански Пат (општина Кисела Вода) ; · Од 08:00-14:00 часот с. Рашче, Хлорна станица Рашче, с Бојане, с Копаница, дел од с.Кондово, о Сарај; · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од ул.Иван Цанкар(општина Карпош); · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром(општина Гази ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе бара одложување на извршувањето на затворската казна, откако денеска од Кривичниот суд информираа дека му е издаден упатен акт на 2 јули да се јави во затворот ,,Скопје”. Информацијата за ,,Фокус” ја потврдил Јакимовски, кој вели дека постојат оправдани причини, а истото ни го потврди и неговиот адвокат, Виктор Цветковски, бидејќи ваква можност дава Законот за извршување на ...
Во просториите на СЕМОС Едукација денеска ќе бидат прогласени победниците на националниот натпревар Microsoft Office Specialist (MOS). На натпреварот учествуваат ученици од околу 20 средни училишта од целата држава, кои ги демонстрираат своите знаења и вештини во користење на Microsoft Office алатките. Победникот на националниот натпревар, заедно со својот ментор, ќе ја претставува Македонија на Светскиот Microsoft Office Specialist натпревар ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја ...
Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека американските воени сили се подготвени за нова серија напади врз Иран. Тој истакна дека планираат да го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „целосна контрола“ над нафтените и гасовите ресурси во оваа земја. Во својата објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека американските сили ќе ...
Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп - Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија за МИА од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место. Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни за МИА дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено ...