Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Пакистан очекува „наскоро позитивен развој на настаните“ во врска со Ормускиот теснец и Иран, по телефонскиот разговор меѓу началникот на армијата Асим Мунир и американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија владини извори. Развојот на настаните следете го на Index Интензивните дипломатски напори на Исламабад го отвораат патот за втор круг американско-ирански преговори, кои наскоро треба да се одржат во пакистанската престолнина. „Очекуваме ...
Најпопуларната алатка за вештачка интелигенција на светот, ChatGPT, моментално е недостапна за голем број корисници ширум светот. Сервисот на компанијата OpenAI се соочува со сериозни технички проблеми, при што алатката воопшто не одговара на прашањата, а кај многумина не се вчитува ниту почетната страница. Засега не е познато колку долго ќе трае овој прекин, но извештаите покажуваат дека сервисот е целосно недостапен или работи со огромни ...
На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за телевизијата „Фокс њуз“, најави дека денеска во Пакистан се очекува потпишување на договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Претходно, во интервју за „Њујорк пост“, Трамп откри дека американска делегација веќе патува кон Исламабад. Високиот тим на преговарачи е предводен од потпретседателот Џеј Ди Венс. Претседателот на САД изрази подготвеност и лично да се сретне со највисоките ...
Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, нагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена. Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки. Таа ја истакна ...
Вистинска драма се случувала вчера попладне на автопатот Скопје – Велес, откако осумдесет и едно годишен возач со своето возило се движел во спротивен правец, загрозувајќи ја безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил околу 17:30 часот. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата успеале да го сопрат возилото марка „Хјундаи“ со кривопаланечки ...
Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор за првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, оценувајќи го како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца. Во јавната реакција, тие посочуваат дека додека семејствата секојдневно се соочуваат со загубата и празнината во домовите, наместо одговорност гледаат обиди за избегнување на ...
Голем пожар денеска изби во објект во скопската населба Шуто Оризари, предизвикувајќи паника и итна реакција кај локалното население. Додека противпожарните екипи биле на пат кон местото на настанот, соседите и случајните минувачи со заеднички сили се обидувале да го локализираат огнот за да спречат негово ширење врз соседните куќи, кои во овој дел од населбата се наоѓаат во непосредна близина. Според првичните и неофицијални информации, како ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и изрази надеж дека формирањето на стабилна влада предводена од Румен Радев ќе отвори простор за изнаоѓање решение за билатералниот спор. Според неа, досегашната нестабилност во Софија и честите промени на владите биле отежнувачка околност за градење на односите меѓу двете земји. Претседателката истакна дека иако со Радев, како поранешен ...
Управата за извршување на санкции најави значително унапредување на работниот ангажман на осудените лица во казнено-поправната установа во Струмица. Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма. Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како ...
Водич за паметно купување свежо месо Купувањето месо во супермаркетите на прв поглед изгледа едноставно, но разликата помеѓу свеж и застарен производ не е секогаш очигледна. Иако декларациите се корисни, многу знаци може да се забележат визуелно или преку мирисот по отворањето на пакувањето. Разбирањето на овие детали може да ви помогне да избегнете месо со слаб квалитет или производ кој предолго стоел на полиците. Боја и изглед на месото ...
Рутинска мисија на НАТО над Северното Море Норвешката војска потврди дека два нејзини борбени авиони од типот F-35 пресретнаа руски поморски патролен авион кој се приближувал до воздушниот простор на земјата. Инцидентот, кој се случи на 13-ти април во вечерните часови, беше опишан од властите како “рутинска операција”. Двата ловци F-35 Lightning II полетаа од воздушната база Ебенес како дел од постојаната мисија за брзо реагирање (Quick ...
Кинескиот претседател повикува на итен прекин на огнот Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на сеопфатно примирје во конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со посебен акцент на обезбедување непречен премин на бродовите низ Хормушкиот Теснец. Оваа порака беше упатена за време на телефонскиот разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. Ова е прв контакт на кинескиот лидер со некој од блискоисточните лидери од ...
Денешното рочиште за судскиот процес „Пулс“, кое се одржа во специјалната судница во затворот „Идризово“, беше накратко прекинато поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко. Интервенцијата на Брзата помош уследи по драматичниот апел на неговата одбрана, која побара итна замена на притворот со мерка куќен притвор поради сериозни постиоперативни компликации. Адвокатката Коцевска во изјава за медиумите појасни ...
На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани. При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна ...
Јапонија предупредува на ризик од разорен мега-земјотрес Јапонските власти ги предупредија северните крајбрежни области на земјата за малку зголемен ризик од таканаречен мега-земјотрес, феномен во кој помал земјотрес може да предизвика многу посилен, катастрофален шок. Владината канцеларија ја процени веројатноста за таков настан во наредната недела на еден процент. Слично сценарио се случи во Јапонија во 2011 година, кога земјотрес со јачина ...
Денес, во кампот за обука „Пепелиште“, со свечена церемонија беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда за операции на НАТО. ...
Со сведочење за начинот на функционирање на општинските инспекциски служби и нивната координација со локалната администрација, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој го опиша организацискиот модел на инспекциските служби во периодот од 2017 до 2021 година, посочувајќи дека иако постоеле ...
ДНК траги пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кои Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција наведуваат дека биолошките вештачења укажуваат оти токму Ристов ракувал со и ги криел паричните средства, кои биле пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Според ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР ...
Вака изгледа водата што тече во санитарните простории во Основното училиште ОУ Крсте П. Мисирков – Бистрица во Битола, според фотографиите што се шират на социјалните мрежи. Од приложеното се гледа дека водата е заматена и со кафеава боја, што отвора сериозни прашања за квалитетот и безбедноста за употреба, особено во училишна средина. Реакциите во јавноста се засилија откако Габриела Илиевска објави дека станува збор за проблем што може да ...
Македонија ја очекува седмица исполнета со променливи временски услови, кои ќе вклучуваат нагли падови на температурата, врнежи од дожд, но и повремени сончеви периоди. Според најновата прогноза, по топлиот почеток на неделата, веќе од утре не очекува значително разладување. Денешниот понеделник е најтоплиот ден во неделата со максимални 23 степени, но облачноста најавува пресврт. Веќе во вторник и среда се очекуваат врнежи од дожд, при што ...
На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот ...
Осуденикот Н.Ѓ., кој издржува казна затвор во траење од три години, ќе биде предвреме пуштен на слобода откако Апелационен суд Скопје ја уважи неговата жалба и донесе одлука за порано завршување на казната. Првично, Основен кривичен суд Скопје донел решение со кое му се одобрува условен отпуст на 20 септември 2026 година, односно осум месеци пред истекот на казната, по претходно поднесено барање и исполнување на законските услови. Сепак, по ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, потврди дека процесот на евакуација на македонските државјани од регионот на Заливот е успешно завршен. Преку организирани чартер-летови, сите граѓани кои побарале помош за извлекување биле безбедно транспортирани, а со последниот авион од Дубаи, државата ги затвори предвидените вонредни активности за евакуација. Министерот нагласи дека оние кои одлучиле да останат во ...
Иранскиот амбасадор тврди дека нападите врз Иран се неуспешни Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран пропаднале. Во интервју за рускиот весник „Ведомости“, тој го предупреди Вашингтон дека нема да успее да изнуди отстапки на преговарачката маса кои не успеал да ги добие преку воена сила. „Најавуваа дека можат да го освојат цел Иран за неколку дена и да спроведат промена на режимот“, истакна ...
Северна Македонија и Казахстан најавуваат засилување на економската соработка и трговската размена, со фокус на конкретни проекти и поголема вклученост на бизнис-заедниците. Ова беше истакнато на заедничката прес-конференција на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и казахстанскиот министер за трговија и интеграции Арман Шакалиев, кој е во официјална посета на земјава. Како клучен чекор кон продлабочување на ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 45-годишниот Б.Д. од селото Ливада, под сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 27 март годинава на локалниот пат меѓу селата Ливада и Биџево, кога пријавениот, заедно со уште едно лице, се движел со патничко возило и шетале куче од расата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека интензивно се работи на пополнување на испразнетите позиции во дипломатско-конзуларните претставништва. На една од изминатите владини седници веќе е помината поголема група кандидати за нови амбасадори и генерални конзули, за кои во моментов се чекаат соодветните согласности, односно агремани од државите каде што треба да бидат упатени. Иако процедурата е во ...
Единаесет градови во јапонската префектура Ивате добија писмена информација за евакуација бидејќи се очекува областа да биде погодена од најголемите бранови. Властите нагласуваат дека предупредувањата не се обврзувачки. Јапонската метеоролошка агенција ги повика жителите во погодената област да се оддалечат од брегот и реките и да побараат засолниште на повисоки места. Исто така, издаде предупредување за можни последователни потреси што би ...