Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Лидл“ продолжува со засилено темпо да инвестира во земјава. Со симболично поставување камен-темелник, компанијата денеска го означи стартот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, лоциран во скопската општина Гази Баба. Продажниот објект ќе се гради на парцела во лесно достапно подрачје и со директен пристап до главните градски сообраќајници. Новиот продажен објект ќе се простира на површина од околу 2.500 квадратни метри, од ...
На 12 март 2026 година (четврток), во малата сала на Македонската филхармонија, М6 Едукативен Центар организира ексклузивен тренинг и настан со меѓународно признатата експертка за лидерство, TEDx говорник и стратегиски советник, Alexandra Panayotou на тема „Менталитетот на издржливост за отпорност, енергија и храбри одлуки“ Во време на постојана неизвесност, брзи промени и зголемен притисок, вистинското лидерство не се мери само со резултати ...
Одлуката ја потврдува забраната за брендот Oatly, кој сакал својот производ да го промовира како „овесно млеко“ и да го заштити слоганот „Post Milk Generation“ како заштитен знак. Oatly ја опиша пресудата како длабоко разочарувачка и предупреди дека создава нерамноправни услови кои фаворизираат големи производители на млеко. Од друга страна, организацијата која ги штити интересите на производителите на млеко, Dairy UK, истакна дека одлуката ...
Пазарите во Југоисточна Европа во последните три децении се трансформираат од заштитени домашни пазари во отворени конкурентски простори каде што глобалните корпорации настапуваат рамо до рамо со локалните компании. Иако мултинационалните влегуваат со капитал, технологија и силни брендови, многу домашни фирми и понатаму успеваат да го задржат својот пазарен удел. Нивната издржливост не е случајна, туку резултат на јасни стратегии, длабока ...
Компанијата „Марс“ најави покренување на Mars Impact Fund, нова филантропска иницијатива на компанијата осмислена да го засили влијанието во заедниците во кои работи компанијата. Mars Impact Fund се надоврзува на децениските партнерства и инвестиции во заедниците во кои работиме, зајакнувајќи и проширувајќи ја работата што веќе е во тек. Тој е осмислен да ја надополни нашата поширока агенда за влијание во корист на луѓето, домашните миленици ...
Трговецот „Идеа“ ќе набави два милиони литри млеко произведено во Србија во наредните недели, обезбедувајќи поддршка на српските земјоделци, домашната млечна индустрија и целокупната економија во предизвикувачки околности, како и сигурно снабдување на граѓаните во наредниот период. Ова количество обезбедува континуитет на откуп на млеко од фармите, стабилно работење на млекарниците и редовно снабдување на продавниците низ целата земја, се ...
„Пепсико“ и „Хенкел“ поднесоа барање за регистрација на девет нови трговски марки во Русија, според податоците од Rospatent. Имено, американската компанија регистрирала пет трговски марки во Русија за продажба на енергетски пијалаци. Сега компанијата може да продава и произведува енергетски, изотонични и со протеини збогатени пијалаци DriveMe под пет различни трговски марки во Русија. „Хенкел“ истовремено регистрираше четири трговски марки, ...
„Атлантик група“ стана првата компанија во Хрватска што го доби LSEG ESG рејтингот, кој го доделува Лондонската берзанска група врз основа на методологија што вклучува голем број сложени и меѓусебно поврзани индикатори. Вкупниот резултат постигнат на „Атлантик група“ е A- (80 од 100), што ја става компанијата меѓу лидерите во индустријата и го потврдува континуитетот на систематска и долгорочна работа во областа на ESG, се вели во ...
Нова, високотехнолошка преработувачка линија беше официјално пуштена во употреба во фабриката за хартија „Палома“ во Сладкогора. Инвестицијата е вредна 12 милиони евра и, како што истакнува Милан Фило, раководител на словачкиот холдинг „Еко инвестмент“, претставува важна пресвртница во модернизацијата на производството на компанијата и зајакнувањето на нејзината конкурентност на европскиот пазар. Јернеј Товшак, извршен директор на „Палома“, ...
Пишува: Горан Теменугов, новинар Издавањето на десеттата еврообврзница помина речиси тивко, без сериозна јавна дебата, иако станува збор за една милијарда евра задолжување. Во момент кога јавноста е фокусирана на дневнополитички теми, суштинските прашања за јавните финансии повторно останаа на маргините. Формално гледано, конструкцијата е јасна. Околу 700 милиони евра од новото задолжување одат за раздолжување – враќање на еврообврзницата од ...
„Лидл“ ја претстави една од првите целосни имплементации на новиот концепт на меѓународна продавница во Полска. Споредбата со блиската филијала отворена само неколку недели претходно покажува дека ова не е промена на дизајнот, туку фундаментално ресетирање на зонирањето, комуникацијата и дигиталната логика. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен аналитичар за малопродажба Новиот концепт на меѓународна продавница на „Лидл“ сега е активен во ...
Со повеќе од 30 години искуство во продажба и управување со пазари, Дамир Перлок денес го предводи порастот на „Рошен“ во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Во интервјуто за InStore тој открива како овој глобален кондиторски бренд ги спојува иновациите, одржливоста и локалниот пристап за да биде успешен во сè поконкурентната FMCG-средина. Дамир Перлок: Глобална сила, локален фокус Разговараше: Јелена Лазариќ, jelena@b2bmedia.org Како ги оценувате ...
Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден од врвните економски настани во регионот со долгогодишна традиција. Првиот човек ...
Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден од врвните економски настани во регионот со долгогодишна традиција. Првиот човек ...
Компанијата „дм дрогерие маркт“ ја лансира платформата „Иднина која инспирира“, иницијатива насочена кон поттикнување општествен ангажман и активно учество на граѓаните во создавање подобра заедница. Преку платформата, поединци ќе можат да споделуваат лични приказни за волонтерство и општествена одговорност, додека здруженија и непрофитни организации ќе пријавуваат проекти што вклучуваат граѓански ангажман. Повикот е отворен до 31 јули 2026 ...
Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со „Волт“ го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација. Во период кога малите маркети најчесто се фокусираат како да ги задржат локалните купувачи, основачот и сопственичка на „Ла Нои“ Марија Тасиќ заедно со своето семејство развива концепт што ги спојува маалската продавница, внимателно селектирана ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во интервју за МИА најави засилување на казнената политика со измени на Законот за забрана на нефер трговски практики, со кои глобите за прекршителите ќе се зголемат и до десет пати. Целта, како што посочи, е да се спречат злоупотребите и да се заштити животниот стандард на граѓаните во услови на високи цени на прехранбените производи. Покрај трговците, за првпат се разгледува можноста санкции да ...
Стапката на рециклирање на алуминиумски лименки за пијалаци во ЕУ, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и во Исланд во 2023 година достигна 76,3%, покажува извештајот на Metal Packaging Europe и European Aluminium. Во споредба со претходната година, количествата лименки пласирани на пазарот се зголемиле за 4%, а рециклираниот алуминиум за 7%, што претставува рекордно враќање на материјалот во циркуларната економија. Со тоа се заштедени 5,7 ...
Асистентите во продавниците на дисконтерот во Велика Британија ќе заработуваат 13,50 фунти на час на национално ниво и 14,88 фунти во Лондон од 1 април 2026 година. Зголемувањето ќе влијае на повеќе од 28.000 вработени во продавниците кои работат на час и е второ зголемување на платите за тимовите на „Алди“ оваа година, по објавувањето во јануари за зголемени стапки и продолжување на породилното отсуство на 26 недели со целосна плата. ...
„Конзум“ отвори нова продавница во рамките на ритеил-паркот „Адриа“ во Томиславград, на улицата Крал Звонимир, бр. 64. Новиот маркет се простира на површина од над 1.000 квадратни метри, а за услугата се грижи тим од 21 вработен. Објектот нуди пространи оддели за пекарница, месарница, рибарница, деликатеси и готови јадења, како и широк избор на свежи и локални производи. Отворањето на новиот „Конзум“ е дел од инвестицискиот циклус за ...
Трговскиот синџир „Универекспорт“ го отвори првиот малопродажен објект во Лозница, на адреса Кнез Милош, бр. 15. Новиот објект, кој се простира на повеќе од 700 квадратни метри, на потрошувачите им нуди повеќе од 6.000 артикли, вклучувајќи производи од сопствено домашно производство, како што се свежо месо и месни преработки од брендот Bačka, органски производи Органа, како и трговските марки Baš Baš, Daj Daj и Naše najbolje. Како што ...
„Хајнекен“ го назначи Ромен Аперт за нов главен дигитален директор и член на извршниот тим на компанијата, почнувајќи од 15 мај 2026 година. Аперт се приклучува на семејството „Хајнекен“ од „Марс“, каде што помина повеќе од две децении и моментално е главен информатички директор во секторот за нега на домашни миленици. Ромен доаѓа во „Хајнекен“ со богато меѓународно искуство во водење на дигитална трансформација во голем обем, стратегија за ...
Минималната плата нема да се зголеми на 600 евра, како што бараше ССМ, туку ќе се усогласи согласно законската формула. Од март 2026 година таа ќе изнесува 26.046 денари нето, односно ќе се зголеми за 1.660 денари. Одлуката беше донесена на седница на Економско-социјалниот совет, врз основа на растот на просечната плата од 9,6 проценти и трошоците на живот од 4,1 процент, што значи вкупно усогласување од 6,86 проценти. Министерот за ...
По преселувањето од трговскиот центар „Планет Копер“, „Туш“ отвори нов супермаркет на улицата 15. Мај, на место каде што некогаш имаше продавница. Како што соопштуваат од трговскиот синџир, по уредувањето на новата продавница посебно внимание е посветено на прегледноста на понудата и пријатниот амбиент, за современо искуство при купувањето. Супермаркетот нуди широк избор свежи и други производи од различни брендови, вклучувајќи локални ...
Цените на нафтата нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување. Американската сурова нафта се зголеми на околу 71-72 долари за барел, додека цената на нафтата Брент се стабилизира под 78 долари, откако претходно скокна за повеќе од 12 проценти. Скокот следува по вестите за нападите на САД и Израел врз Иран. Берзанските индекси, како S&P 500, Nasdaq и Dow, паднаа за околу еден процент, додека акциите на нафтени компании ...
Пишува: Јован Нанушевски, комерцијален директор во Транслог ДООЕЛ Во изминатите години транспортната индустрија тивко, но темелно ја промени улогата во бизнис-екосистемот. Она што некогаш се сметаше за „чиста услуга“ – од точка А до точка Б – денес прерасна во стратешки фактор што директно влијае врз профитабилноста, континуитетот и конкурентноста на компаниите, особено во FMCG-секторот и производството. Глобалните економски промени, ...
Илјадници француски супермаркети почнаа да користат вештачка интелигенција за борба против кражбите, при што софтверот ги анализира движењата на купувачите во реално време и ги предупредува за сомнително однесување, објавува Euronews. Трговците тврдат дека новата технологија значително ги намалила загубите, но исто така покренува сериозни проблеми со приватноста и правните прашања, бидејќи нејзината употреба сè уште не е јасно регулирана. ...
„Лесафре“ - Словенија неодамна прослави 25 години успешно работење на словенечкиот пазар со свечен настан. Јубилејот ги собра деловните партнери, претставниците на компанијата и меѓународните гости, вклучувајќи го и францускиот амбасадор во Република Словенија. Приказната за „Лесафре“ - Словенија почна пред 25 години со основањето на компанијата „Бонопан“ како подружница на групацијата „Лесафре“. Во текот на четврт век работење, компанијата ...
„Алби центар“ официјално ги отвори вратите на својот маркет на нова локација во Лесковац. Од 24 февруари, потрошувачите можат да пазаруваат во модерно уредениот објект на улицата Симе Погачаревиќ бб, во јужниот дел на Србија. Новиот продажен простор се протега на површина од 1.200 квадратни метри и нуди внимателно селектиран асортиман од околу 1.500 производи. Објектот располага со две наплатни каси, а за услугата и секојдневното ...
За групацијата „Подравка“, 2025 година беше историски значајна. Компанијата го прошири работењето во сосема нова индустрија – земјоделството, почнувајќи со активности преку три клучни сегменти: прехрана („Подравка“), фармација („Белупо“) и земјоделство („Подравка агри“). Групацијата го заврши минатата година како компанија со повеќе од 8.800 вработени и приходи поголеми од 1 милијарда евра. Во 2025 година остварени се оперативни приходи од ...