Од 1 март, сите електронски плаќања со картички и кредитни трансфери преку интернет-банкарство или мобилни апликации ќе се извршуваат со засилена автентикација. Како што информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА) целта е поголема безбедност и заштита на корисниците, а секоја банка ќе го примени моделот според своите можности. Од МБА истакнуваат дека во согласност со Законот за платежните услуги и платните системи, со кој во ...

Македонското вино влегува во нова етапа на развој – Вардарска долина станува првата официјална географска ознака што ќе се појави на етикетите. Со ова почнува процесот на јасно брендирање и меѓународно позиционирање на винските региони во земјата, која располага со три главни региони и 16 вински области. Во фокусот е најголемиот регион, Повардарие, каде што се наоѓаат 87% од лозовите насади и 90% од винарниците. Процесот го води ...

Службениот весник на Црна Гора ја објави одлуката на Уставниот суд за укинување на член 35а од Законот за внатрешна трговија, кој пропишуваше неработна недела во продавниците. Бидејќи одлуката стапува на сила на денот на објавувањето. Уставниот суд на 5 февруари објави дека ја доставил одлуката за укинување на член 35а во Службениот весник за објавување. Потсетуваме, на 28 јануари, Уставниот суд на Црна Гора го укина член 35а од Законот за ...

ЕУ и понатаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради примената на правилото 90/180 за влез во Шенген-зоната. Регионалните медиуми пренесуваат дека на последната средба во Брисел биле одбиени предлозите на земјите од Западен Балкан и транспортните здруженија. Од асоцијацијата „Макамтранс“ соопштуваат дека продолжува засиленото лобирање за да ја добијат потребната институционална ...

Трговскиот синџир „Рамстор“ го отвори својот најнов маркет во станбениот комплекс „Ист гејт ливинг“ во Скопје, на улицата Беласица, бр. 2. Новиот маркет се простира на 300 квадратни метри современо уреден продажен простор и нуди асортиман од над 3.600 производи, внимателно селектирани според највисоките стандарди за квалитет, свежина и разновидност. Како што информираат од компанијата, просторот е дизајниран за функционално и пријатно ...

Компанијата „Алкалоид“ го проширува меѓународното присуство на брендот за бебешка нега Becutan со влез на пазарите во Летонија и во Литванија преку малопродажната мрежа на „Лидл“. Производите се достапни во 111 продажни објекти – 36 во Летонија и 75 во Литванија, што претставува прв пласман на брендот во Балтичкиот Регион. Проектот е реализиран во партнерство со „Лидл“ – Македонија и претставува значаен чекор за интернационализацијата на ...

16/02/2026 10:43 - InStore

Пишува: Елизабета Иванова Костовски, шеф на сметководство за „Нестле“ - Македонија и менаџер за парични текови за Адриа Регион Деловниот свет денес се движи со темпо што до вчера беше незамисливо. Дигитализацијата, автоматизацијата и вештачката интелигенција не се повеќе трендови, туку новата нормалност што ја обликува секоја индустрија. Финансискиот оддел, кој традиционално се поврзува со стабилност, контрола и прецизност, се наоѓа во ...

Во 2025 година „Унилевер“ оствари основен пораст на продажбата од 3,5%, од кои 1,5% се должат на волуменскиот пораст, а 2% на цените, со постепено подобрување во текот на годината. Основната оперативна добивка изнесувала 10,1 милијарда евра (пад од 1,1%), додека оперативната добивка се зголемила за 2,4% на 9 милијарди евра, благодарение на пониските трошоци за реструктурирање. Според сегменти, највисок пораст на продажбата е забележан во ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во јануари 2026 година, во споредба со декември 2025 година, изнесува -0,7%, објави Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците за живот во јануари 2026 година, во споредба со јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,2%. Трошоците за живот за храна и безалкохолни пијалоци во јануари 2026 година во споредба со ланскиот ...

Трговскиот синџир „Елида“ најави отворање на пет нови маркети во Штип и во Свети Николе. Компанијата, која почна во Куманово, денес функционира со 30 маркети во Куманово и 5 во Скопје, а со новите локации ќе достигне вкупно 40 објекти. Како што истакнуваат од компанијата, концептот на „Елида“ се базира на достапност и блискост со потрошувачите. Присуството во маалата и фокусот на секојдневните потреби овозможиле компанијата да изгради ...

Компанијата „дм дрогерие маркт“ повторно ги отвори вратите на реновираната продавница dm на булевар Крал Александар 249 во Белград. Овој пат, посетителите повторно ќе имаат пристап до богат и внимателно одбран асортиман на производи за нега и убавина, здравје и домаќинство, како и пријатна атмосфера, велат од компанијата. По овој повод, dm подготви и голем број поволности за купувачите - првите 350 со сметка над 6.000 динари добија чадор од ...

Од 1 јануари годинава „Колид фудс“ официјално го презеде увозот, дистрибуцијата и комерцијалното работење на целосното портфолио на „Монделез интернационал“ и „Фронери“ на македонскиот пазар. Со ова партнерство, „Колид фудс“ во својата понуда ги вклучува глобалните брендови 7Days, Milka, Oreo, Tuc, belVita, Barni и Toblerone, кои веќе имаат силна препознатливост и лојална потрошувачка база на локалниот пазар. Како што посочуваат од ...

Британскиот синџир ги претстави своите амбиции за пораст на мрежата на продавници за 2026 година, откако отвори 60 нови продавници на „Теско експрес“ во текот на 2025 година. Според соопштението на компанијата, „Tesco“ е на добар пат да отвори повеќе од 70 нови објекти на „Експрес“ до март 2027 година. Порастот на синџирот е дополнително поттикнат со аквизицијата на пет поранешни продавници на „Амазон фреш“ во Лондон. Продавниците како ...

Петта година по ред, „Дукат“ го продолжува проектот „Ги сакам шумите!“, најголемиот независен проект за пошумување во Хрватска. Овогодинешното садење ќе се одржи во областа Беловар, во близина на фабриката за сирење на „Дукат“, каде што во март ќе бидат засадени 16.000 садници од дабови стебла. Со годинешното садење, вкупниот број садници засадени во рамките на проектот ќе достигне 79.000, а ќе бидат обновени 17 хектари шуми. Како и во ...

Компанијата „Горска“ и годинава е партнер и спонзор на Македонскиот олимписки комитет и ги поддржува настапите на македонските спортисти на Зимските олимписки игри (ЗОИ), каде што ја претставуваат земјата во нордиско и алпско скијање. Годинава Зимските олимписки игри се одржуваат од 6 до 22 февруари на повеќе локации во северна Италија. Од „Горска“ посочуваат дека поддршката на спортот и олимписките вредности е дел од нивната долгорочна ...

Винарската визба „Тиквеш“, преку Македонска берза, информираа дека е избран нов член во менаџерска структура. Со одлука на Надзорниот одбор на компанијата, Дарко Човиќ е назначен за нов член на Управниот одбор. Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување и надзор: Акционерско друштво за производство и промет на вино ВИНАРСКА ВИЗБА – ТИКВЕШ експорт – импорт АД – Кавадарци, известува дека ...

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ најави дека ќе укине 6.000 работни места на глобално ниво и ќе ги ревидира прогнозите за пораст на профитот во тековната година. Според соопштението на компанијата, кратењата на работни места се дел од поширока стратегија за зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците. „Хајнекен“ во моментов има околу 85.000 вработени низ целиот свет, што значи дека отпуштањата ќе опфатат значителен дел од ...

Хрватското министерство за економски развој најави измени на Законот за занаетчиство во вториот квартал од 2026 година, со кои на семејните малопродажни бизниси ќе им се овозможи да работат во недела без ограничувањата од Законот за трговија. Во моментов, трговците можат да работат само 16 недели годишно во недела. Мерката нема да се однесува на сите мали продавници, туку исклучиво на тие што се со статус на семеен бизнис. Сè уште не е ...

Со повеќе од осумдесет маркети низ државата и континуирано вложување во достапност, квалитет и услуга, синџирот маркети „Жито“ продолжува со проширување на малопродажната мрежа. Денеска (11 февруари) „Жито“ за прв пат отвори маркет во Кавадарци. Новиот објект се наоѓа во новоизградена зграда на улицата 8. Септември, бр. 3/2, со продажен простор од 255 квадратни метри. Како што соопштуваат од компанијата, маркетот нуди богат и внимателно ...

Прехранбениот гигант „Бери Калебаут“ отвори глобален иновациски центар во Сингапур, во рамките на научниот парк „Џинио“. Компанијата е присутна во Сингапур речиси 30 години, каде што ја има најголемата индустриска фабрика за чоколадо во регионот, регионално седиште за AMEA (Азија-Пацифик, Блиски Исток и Африка), а сега и нов глобален иновациски центар. Во рамките на објактот функционираат два центри на извонредност (CoE). Првиот е CoE за ...

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ има нов пристап кон иновациите на производите - и не запира само на една категорија. „Фолксваген“ ги носи готовите супите од својата фабричка кантина во Волфсбург на полиците во супермаркетите. Производите што со години беа исклучиво за вработените сега им се нудат на трговците во околниот регион, проширувајќи го присуството на „Фолксваген“ во малопродажбата на храна. Себастијан Ренак, ...

Како прв спонтан одговор (Top of Mind) се споменати кондиторските производи, оцет, грицки, намази и сосови, млеко и млечни производи, леб и бели печива, масла за јадење итн. А во поглед на цените: секој втор од 5 испитаници смета дека производите од македонско потекло се поевтини од производите од странско потекло. Пишува: Калина Медаровска-Михајловска, управител и истражувач во БРИМА Веќе четврти пат оваа година го презентираме ...

Млекарницата „Милкос“ од неодамна е во сопственост на „АС груп“ од Тешањ, откако групацијата ја купи компанијата од Недим Чаушевиќ. Според официјалните информации, новиот сопственик на „Милкос“ е „УПИ стар“, кој стана познат на јавноста кога „АС холдинг“ ги купи кондиторските брендови на словенечката компанија „Жито“ преку гореспоменатата компанија. „АС холдинг“ веќе има млекарница во Зеница, како и други прехранбени компании, а воедно е ...

Управниот одбор на „Крогер“ го именува Грег Форан за нов главен извршен директор на компанијата, со моментално стапување на функцијата. Тој ќе стане и член на Управниот одбор и го наследува Рон Сарџент, кој од март 2025 година ја извршуваше функцијата привремен извршен директор. Од компанијата наведуваат дека именувањето на Форан е резултат на обемен процес на селекција, насочен кон пронаоѓање лидер со силно искуство во малопродажбата и ...

По продажбата на „Звијезда“ и „Дијамант“, групацијата „Фортенова“ продолжува да продава компании од групацијата кои се надвор од малопродажниот бизнис. Овој пат се продаваат „Јамница плус“ и „ПИК Врбовец“, објавува Јутарњи лист. На прашање на весникот, групацијата „Фортенова“ одговори дека не можат да коментираат медиумски шпекулации и информации што доаѓаат од неименувани извори. Штом имаме релевантни информации за нејзината продажба на ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утрово го блокираа влезот на зградата на Собранието. На две локации околу Собранието, едната на улицата „Даме Груев“ и другата на „11 Октомври“, имаше по 21 работник, кои со знамиња и свирежи го изразија своето незадоволство. Барањата се да се зголеми минималната плата на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањето на минималната плата (од ...

Американскиот производител на чоколада „Херши“ во 2025 година оствари консолидирана нето-продажба од 11,7 милијарди долари, што е пораст од 4,4% на годишно ниво, додека органската продажба се зголеми за 4,2%. Нето-добивката изнесувала 883,3 милиони долари, што претставува пад од 60,3%, а приспособената заработка по акција се намалила за 32,7%, на 6,31 долари. Во четвртиот квартал, нето-продажбата се зголемила за 7% на 3,09 милијарди долари, ...

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) соопшти дека индексот на цените на храната во јануари годинава изнесувал 123,9 процентни поени, што е намалување за 0,4 проценти во споредба со претходниот месец и за 0,6 проценти од нивото од претходната година. Светските цени на храната во јануари се намалуваат петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближиле до историскиот максимум, се наведува во извештајот на ФАО. Цените ...

Германското антимонополскo тело му наложи на „Амазон“ да плати околу 59 милиони евра (69,6 милиони долари) за наметнување нелегални барања за цени врз продавачи од трети страни. Федералното тело за картели соопшти дека „Амазон“ сега може да применува контрола на цените само врз други компании што продаваат на неговата платформа во тесно дефинирани и исклучителни случаи. Ова е првпат највисокиот орган за конкуренција на Германија да преземе ...

Becutan, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“. Детскиот крем во пакување од 100 мл ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција. Тимот на „Лидл“ од Франција го препозна детскиот крем Becutan како производ со значителен пазарен потенцијал во сегментот на детската козметика. Како клучни фактори при оваа ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
73%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1011
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
96%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
66%
1008
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
53%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Родиум

324722.54

Иридиум

253540.09

Рутениум

55395.74

Платина

66712.80

Бакар

12.14

Злато

166450.52

Цинк

3.44

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Паладиум

49215.93

Сребро

2840.84

Калај

49.88