Компанијата „Теско“ во третиот квартал отвори пет нови продавници и забележа ЛФЛ (like-for-like) раст на продажбата од 3,1% на ниво на групација. Компанијата во третото тримесечје забележа раст на онлајн продажбата од 11,2%, благодарение на големиот број испораки за Бадник, додека продажбата на храна порасна за 5,2% на годишно ниво, со особено силен раст во сегментот на свежа храна. Во Централна Европа, компанијата забележа раст во сите ...

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании. Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од ...

Претставници на компанијата „Воли трејд“ и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за докапитализација, со кој ЕБОР инвестира 25 милиони евра во сопствениот капитал на компанијата „Воли“. Инвестицијата ќе овозможи реализација на еден од најзначајните развојни проекти на компанијата, изградба на трет, современ логистичко-дистрибутивен центар во Подгорица, како и дисконтен и Хорека центар, кои претставуваат стратешки чекор ...

Италијанците за храна и пијалаци на божиќната трпеза потрошиле три милијарди евра, при што купувачите ја даваат јасната предност на традиционалната кујна и производите со национално потекло, покажува новото истражување на организацијата „Колдирети“. Според истражувањето, повеќе од девет од десет граѓани, односно 91%, го поминале Божиќ дома или во домот на роднини и пријатели, додека останатите избрале ресторани и агротуризам. Повеќето ...

Кинеските власти воведоа дополнителни царини од 55% на увозот на говедско месо од Бразил, Австралија и САД, кои ќе важат три години. Цените на говедското месо во Кина во последните години покажуваат тенденција на пад, а аналитичарите укажуваат на прекумерна понуда и слабата побарувачка, како последица на забавувањето на втората најголема светска економија, пренесуваат медиумите во Франција. Со порастот на увозот, Кина претставува ...

Германскиот пазар на органска храна покажал значителен раст во 2025 година, и покрај повисоките цени во споредба со неорганската храна, но земјоделското производство заостанува. Продажбата се зголемила за 8%, покажуваат прелиминарните податоци за 2025 година, се наведува во извештајот на Германското здружение на земјоделци, во кој имала увид агенцијата „дпа“. Потрошувачите повторно издвојуваат дополнителни пари за купување органска храна, ...

Трговскиот синџир „Кауфланд“, кој работи во рамките на групацијата „Шварц“, свечено ја отвори првата „Куфланд ХС“ продавница во Чешка, во Форматот на продавници „ХС“ е одговор на потребите на купувачите кои претпочитаат брзо и удобно куповање блиску до своето место на живеење. Дури и во помалиот формат го задржуваме нашиот стандард за квалитет и разновидност на асортиманот, како и иновациите во областа на одржливоста на кои нашите купувачи се ...

Инфлацијата во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4,1%, а цените на мало од 3,6%, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година било различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2%, Рекреација и култура за 6,4%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9%, Храна и безалкохолни ...

Рускиот трговски синџир „Лента“ лансираше нов бренд на пиво под приватната трговска марка Doppelsöldner, пренесува „Њу ритејл“. Ова воедно е и првото пиво на компанијата што се продава во алуминиумска лименка, откако трговецот минатата година го лансираше брендот под приватната трговска марка Shtrassenberg во ПЕТ-шише. Како што соопштија од компанијата, во последно време се забележува намалена достапност и разновидност на увозното пиво, а ...

Од 1 јануари 2026 година во Босна и Херцеговина стапија на сила нови цени на цигарите и тутунот за пушење, соопшти Управата за индиректно оданочување на БиХ. Управниот одбор на Управата за индиректно оданочување донесе одлука за утврдување на минималната и специфичната акциза за 2026 година. Минималната акциза на илјада цигари изнесува 188,50 конвертибилни марки ( 96,39 евра) , односно 3,77 конвертибилни марки (1,93 евра) по пакување од 20 ...

„Амазон“ воведе намалување на надоместоците за продавачите во повеќе популарни категории низ Европа, како и пониски трошоци за услугата за целокупниот процес на обработка и испорака на нарачка до купувачот во многу земји (ФБА). Пониските надоместоци се однесуваат на производи од понизок ценовен сегмент, како што се облека и производи за домаќинството, а целта на оваа мерка е зајакнување на конкурентноста во однос на платформите „Тему“ и ...

Италијанската компанија „Конад“ пријави раст на прометот од 4,43% во 2025 година во однос на претходната година, достигнувајќи 21,8 милијарди евра. Ова воедно претставува и зголемување на прометот од околу 18% во последните три години, соопштија од компанијата. Пазарниот удел на компанијата изнесува 14,84% на ниво на цела Италија, со значајно присуство во сите продажни канали и во сите географски подрачја на земјата. Во услови на забавена ...

Банките заземаат околу 76% од сите финансиски средства, додека следниот по големина сегмент – пензиските фондови – учествува. Во 2024 година банкарскиот систем ја зголеми добивката и забележа подобри показатели за профитабилноста. Приреди: Редакцијата на InStore Во година исполнета со геополитички тензии, инфлациски притисоци и неизвесност на меѓународните пазари, финансискиот систем на Северна Македонија успеа да остане стабилен – дури и да ...

Во пресрет на новогодишните празници, „Кам“ издвои сума од над 1.179.000 денари, за вкупно 5.150 новогодишни пакетчиња кои беа поделени во 29 општини низ Македонија. Со оваа донација сакаме да придонесеме кон зголемување на празничната радост и создавање повеќе насмевки кај децата и нивните семејства, за кои ваквата поддршка има особено значење. Веруваме дека празниците се време кога хуманоста, солидарноста и грижата за заедницата доаѓаат во ...

Продолжувајќи ја седумгодишната традиција на општествено одговорно работење и поддршка на најмладите, компанијата „Конзум“ годинава на Здружението „Срце за деца заболени од рак“ му додели донација во износ од 12.073 конвертибилни марки (6.173 евра). Донацијата е резултат на овогодишната детска програма за лојалност „Ѕверчиња 3“, а е собрана од дел од приходите од секоја купена кадифена играчка во продажните објекти на „Конзум“ и „Меркатор“. ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со ...

„Нестле“ го продава својот преостанат удел од 40% во компанијата „Херта фудс“ на „Каса тараделас“. Со тоа завршува заедничкото вложување по шест години, пренесува „Ритејл дитејл“. Како што пренесува порталот, пред шест години „Нестле“ продаде 60% од брендот Herta на шпанската групација. Двете групации имаа намера брендовите за тесто и месо да ги претворат во заедничко претпријатие кое ќе се надоврзе на „значајното присуство и лидерската ...

„Амазон“ соопшти дека одлучиле да не продолжат со плановите за достава на стоки со дронови во Италија, истакнувајќи дека, иако постигнале значаен напредок со регулаторите за воздушен сообраќај, пошироките деловни регулаторни прашања не го поддржувале проектот. Италијанскиот одбор за цивилно воздухопловство (Енак) ја нарече одлуката неочекувана, додавајќи во соопштение дека потегот е мотивиран од политиката на компанијата, поврзана со ...

Федерацијата на Босна и Херцеговина наскоро би требало да добие апликација за следење на цените на основните прехранбени производи, по примерот на веќе постојната апликација за следење на цените на горивата. Ова неодамна во подкастот на Vijesti.ba го потврди Амир Хасичевиќ, федерален министер за трговија, објаснувајќи дека сè ќе се одвива во рамки на Законот за заштита на потрошувачите. Апликацијата ќе се вика UsporediCijene.ba, која од 31 ...

Во рамки на „Ара плаза парк“ во Аранѓеловац, на адреса Занаетлиска 112 Н, пред неколку дена беше отворена новата продавница „Идеа супер“. На речиси 800 квадратни метри продажен простор, купувачите можат да најдат свежо овошје и зеленчук, богата понуда на деликатеси, свежо месо со проверен квалитет и потекло, како и многу други намирници неопходни за подготовка на празничната трпеза или за секојдневно снабдување на домаќинството, се наведува ...

Виното е промотивно најактивно во споредба со другите поткатегории, а од брендовите промотивно најактивни се: Тikveš, Badel, Stobi... Извор: „Фокус марктфоршунг“ „Фокус рисрч“ повеќе од 30 години прави годишни анализи на пазарот врз основа на учеството на брендовите во летоците. Овие анализи овозможуваат интересен преглед на категориите и даваат приказ на промотивната активност на поткатегориите и брендовите во летоците на одредени трговски ...

Народната банка ги објави информациите за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција за крајот на третиот квартал од 2025 година. На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, ...

Екстремните временски услови ја загрозуваат иднината на плантажите со какао низ целиот свет, претставувајќи сериозна закана за иднината на индустријата за чоколадо. Затоа, научниците истражуваат други култури кои се поотпорни на климатските промени, од кои би можел да се направи нов десерт, пренесува „Евроњуз“. Поголемиот дел од какаото (околу 60 проценти) доаѓа од Западна Африка, од влажни земји како што се Брегот на Слоновата Коска и Гана, ...

Британскиот финансиски регулатор спроведува истрага против „ВХ Смит“ поради можни прекршувања на правилата за котација и обелоденување информации, откако сметководствени грешки го принудија овој малопродажен синџир повторно да ги прикаже своите финансиски резултати, пренесува „Ројтерс“. Акциите на компанијата паднаа и до 7 отсто по веста за истрагата, како и откако таа пријави годишна добивка која беше нешто под очекувањата и ја намали ...

Германците важат за најголеми обожаватели на пенливото винo, просеко и шампањот, но, во пресрет на Новата година статистиката покажува дека се намалува конзумирањето на овие вина во однос од пред една деценија. Минатата година Германците потрошиле 255,3 милиони литри пенливи вина, што е за речиси една петина помалку отколку пред 10 години, соопшти германскиот завод за статистика, „Дестатис“. Во просек, граѓаните на Германија постари од 16 ...

Компанијата „АБ Инбев“ ги потврди плановите за затворање на две пиварници во Соединетите Американски Држави и за продажба на уште една, наведувајќи дека таа одлука ќе ѝ овозможи „да инвестира повеќе во преостанатите операции, пренесува „Фудбев“. Компанијата ги затвора погоните во Ферфилд, во сојузната држава Калифорнија, и Меримак, во Њу Хемпшир, додека нејзината пиварница во Њуарк, во Њу Џерси, ќе биде продадена на компанијата за недвижности ...

Италијанската компанија „Валсоиа“ презеде 70% удел во словенечката млекарница „Келе & Келе“, која управува со млекарата „Крепко“, најпозната по производството на кефир, за износ од 5,4 милиони евра. Млекарата „Крепко“ е водечки производител на кефир во Словенија и единствената компанија која во Словенија и во Европската Унија произведува кефир од природни кефирни зрна. Годинава ќе откупи и преработи два милиони литри органско млеко. Минатата ...

14% од потрошувачите го консумираат виното со иста фреквенција, укажувајќи на поформален или поредок пристап кон неговата употреба. Ракијата, иако има пониска вкупна пенетрација од пивото и виното, забележува релативно висока зачестеност на неделна консумација. Пишува: Боге Божиновски, генерален менаџер на „Индаго“ boge.bozinovski@indago.mk Алкохолните пијалаци, особено виното, се познати по нивните опојни и социјални ефекти кога се ...

Програмата за лојалност на трговскиот синџир „Гомекс" од Зрењанин на корисниците им овозможува инстант заштеди и собирање бонитетни поени при купувањето во мрежата на малопродажните објекти на компанијата и на надворешните партнери. Со услугата „Селектор на попусти", корисникот може самиот да ја креира листата на производи што сака да бидат на акција. Приреди: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs Tрговскиот синџир „Гомекс" од Зрењанин на ...

Изборот на храна е еден од најголемите ризици за здравјето на потрошувачите. Лошиот избор на храна, во многу случаи придонесува за развој на болести, а честопати и до појава на прекумерно дебелеење. Автор: Проф. д-р Владимир Какуринов, „Клуч" Постојат безброј начини за компромитирање на безбедноста на прехранбените производи што потрошувачите ги купуваат од минимаркетите и од супермаркетите. Во претходниот број на InStore беа објаснети ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1001
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1005
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
84%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1001
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
83%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1001
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.34
89%
1002
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
66%
1008
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.08

Паладиум

58707.26

Родиум

311058.47

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Злато

143662.56

Цинк

3.11

Калај

44.58

Сребро

2492.14

Платина

72143.25

Бакар

11.76