Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Екипата на Куманово и официјално обезбеди опстанок во македонската ракометна елита откако славеше на гостувањето кај Струга со 27-25 во рамки на плеј-аут фазата на македонската ракометна Суперлига. Со оваа победа, кумановчани стигнаа до 17 бодови и го зацврстија четвртото место, со што дефинитивно го потврдија својот статус во Суперлигата и за следната сезона, додека на друга страна, Струга остана на девет бодови на петтата позиција и ќе ...
Рома ја победи Болоња со 0-2 на гостински терен во натпреварот од 34. коло од италијанската Серија А и ги оживеа своите шанси за место во Лигата на шампионите. Големите потреси во римскиот клуб, кои доведоа до заминувањето на легендарниот Клаудио Раниери, очигледно не влијаеја на настапот на тимот на Џанпјеро Гасперини. Така римскиот клиб освои исклучително важни три бода во трката за место во Лигата на шампионите на тежок гостински терен. ...
Ракометарите на ГРК Охрид претрпеа пораз од Целје (27-26) во првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ. Одиграа избраниците на Борис Ројевиќ еден многу чуден натпревар, со огромни подеми и падови, а на крајот покажаа карактер и се вратија резултатски, но не успеаја да извлечат позитивен резултат. Сепак, ако се согледа фактот дека во еден момент беа на „минус седум“, поразот за Охрид е доста поволен пред реваншот дома на 2 мај. ...
Новиот четврти тренер на Еурофарм Пелистер оваа сезона, Алексо Лембанов, дебитираше со победа на клупата на актуелниот шампион. Битолчани демонстрираа моќ против Тиквеш и извојуваа триумф со 44-23 (22-13). Со оваа победа битолчани останаа во трката за второто место, а за таа мисија да биде успешна им требаат четири победи во преостанатите четири натпревари. Тиквеш дојде со млади сили и парираше само во првите пет минути, Потоа Тајник ...
Јувентус се обидува да се врати меѓу клубовите кои ќе се борат за скудетото, а фановите се надеваат дека тоа ќе се случи уште следната сезона и во проектот предводен од Лучијано Спалети. Остварувањето на таквите амбиции е важно и во однос на иднината на дел од фудбалерите, нешто што го потврдува и последната изјава на Глејсон Бремер. Одличниот дефанзивец директно порачал дека очекува враќање на „бјанконерите“ на некогашното ниво, бидејќи во ...
Пелистер ја оправда улогата на фаворит против ГРК Охрид, на домашен терен го совлада со 44-23 во натпревар од 6. коло во плеј-офот во Супер-лигата. Битолчани отворија со 7-2, после 20 минути игра запишаа двоицфрена предност од 17-7. На одморот резултатот беше 22-12. Кавадарчани беа немоќни во продолжение, додека пак Пелистер не се штедеше. На голот на Пелистер беше Давид Брестовац кој запиша 114 одбрани, додека прв стрелец беше Петар ...
Ракометарите на Е. Пелистер, откако ги загубија претходно битките за трофеј во домашните натпреварувања, сега во трка единствено за втората позиција на табелата со Охрид, славеа убедливо против Тиквеш во плеј-офот со 44-23. Уште во првото полувреме, кое им припадна на битолчани со 22-13, беше јасно кој е кој на натпреварот. Вториот дел беше само рутина за конечна победа на „пелистерци“. Најефикасен во победничкиот тим беше репрезентативецот ...
Во рамките од 26. коло во домашниот кошаркарски шампионат, тимот на Кожув кој што е дел од плеј офот го совлада Тиквеш во Кавадарци со конечни 90:97. Гостите на овој дуел може да се каже дека имаа подобро второ полувреме, кога реално и го добија дуелот. По првичните 24:22, односно 26:20, до полувреме домашните имаа не само резултатски баланс, дури имаа и водство. Сепак, во продолжението, третата делница Кожув ја доби со убедливи 19:32, по ...
Ракометарите на ГРК Охрид загубија (27:26) на првиот натпревар од двомечот со Целје во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ, но имаат солиден резултат во пресрет на реваншот. Македонскиот претставник одлично го започна натпреварот во Словенија и водеше со фантастични 0:6, но Целје полека се враќаше во натпреварот и со голем пресврт стигна до 15:11 на полувреме. Во вториот дел домаќините стигнаа и до плус шест при резултат 22:16, но тоа не го ...
Македонија Ѓ.П. го совлада Работнички со 2:1 во натпреварот од 29. коло во Првата МФЛ и освои исклучително важни три бода во битката за опстанок. „Лавовите“ со овој триумф остануваат во игра за зачувување на прволигашкиот статус. Домашниот тим поведе уште во втората минута, кога по едно нафрлување Кабаркас најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Работнички. Гостите се обидоа брзо да возвратат, па во 14. ...
Односите меѓу Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Синдикатот на фудбалери „ФИФПРО“ повторно се затегнуваат, откако двете организации влегоа во нова фаза на несогласувања околу влијанието и правата на играчите. ФИФПРО, кој ги претставува професионалните фудбалери ширум светот, ја обвинува ФИФА за носење одлуки без доволна консултација со синдикатот и за обиди да се намали неговото влијание во клучните процеси поврзани со фудбалот. Од друга ...
Тимот на Гостивар со конечни 80:94 го победи тимот на Ангели во новото коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Во дуелот на двете последнопласирани екипи од плеј аутот, Гостивар сепак на терен го покажа повисокото ниво на квалитет и обезбеди триумф. Првата четвртина заврши со водство на домашните од 26:22, за да до полувреме Гостивар направи резултатска рамнотежа и ја добие втората делница со 12:19. Клучните десет минути на овој меч ...
Барселона продолжува со сигурен чекор кон титулата во шпанската Ла Лига. Денеска каталонскиот тим ја забележа својата 28-ма победа во сезоната, победувајќи го Хетафе на гостински терен со резултат од 2:0, со што ја задржа убедливата предност на врвот на табелата. Пет кола пред крајот на сезоната, тимот на Ханси Флик има дури 11 бода повеќе од Реал Мадрид, што ги става во исклучително удобна позиција во борбата за титулата. Барселона поведе ...
Од Фудбалски сојуз на Босна и Херцеговина потврдија дека сите билети за натпреварот против Македонија се целосно распродадени. Босна и Херцеговина ќе ја пречека македонската селекција на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, кој, поради одредени проблеми со статиката, нема да биде исполнет до последното место, но се очекува силна поддршка од трибините. Уште претходно, од сојузот информираа дека се продадени околу 22.000 билети и дека останале ...
Фудбалерите на Баерн Минхен приредија вистинска драма и покажаа зошто важат за шампионски тим, откако од негатива од три гола успеаја да направат целосен пресврт и да слават со 4-3 на гостувањето кај Мајнц. Домашниот состав имаше фантастично прво полувреме и на пауза замина со убедливи 3-0 благодарение на погодоците на Кор, Небел и Беренс. Сепак, второто полувреме донесе сосема поинаква слика на теренот. Баварците тргнаа офанзивно, а ...
Екипата на Наполи ја оправда улогата на фаворит и славеше над Кремонезе со 4-0 и со тоа направи исчекор кон заокружување на оваа сезона со Топ 4 пласман во Серија А. Тренерот Антонио Конте беше задоволен од остварениот резултат и играта, но во исто време ја искористи оваа прилика да порача дека е разочаран од Ромелу Лукаку. Напаѓачот требаше да биде силен адут за наполитанците во тековнава сезона, меѓутоа се случи сосема обратно, постојано е ...
Одличен настап за македонските репрезентативци Милан Ристовски, Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски во најсилниот шампионат на Чешка. Офанзивецот Милан Ристовски имаше извонреден натпревар, издвојувајќи се како најдобар фудбалер на мечот во победата на Бохемијанс од 2-0 против големата Спарта Прага. Ристовски најпрво во 60. минута стрелаше за водство од 1-0 на својот тим… Bohemians se ujímají vedení! 🦘🔥 pic.twitter.com/wdw7vWWaCT — ...
Голем скандал е активиран на италијанската фудбалска сцена, а во главна улога е првиот човек на судиската комисија, Џанлука Роки. Често критикуван поради грешките кои ги правеа судиите последните сезони, Роки сега е под криминална истрага и најавените докази можат да донесат сериозен удар врз неговиот, но и угледот на италијанска Серија А. Обвинителството соопшти дека Роки е под истрага за измама и се соочува со обвиненија какви што на ...
Во таборот на светскиот првак едноставно владее хаос. Челзи е во агонија, ама за тоа виновно е раководството на гигантот кој го донесе некој си Лиам Росениор за менаџер. Не дека со Енцо Мареска беше идеално, ама овој Росениот едноставно беше катастрофа. А хаосот можеше да се види на натпреварот против Брајтон каде „галебите“ можеа да постигнат најмалку пет гола, честопати голманот Санчез го спасуваше својот тим од вистински катастрофи, а ...
Во 71. минута, третиот голман на „црвените“, Фредерик Вудман, остана да лежи на тревата по еден дуел и се чинеше дека има сериозна повреда. Домашните фудбалери запреа, очекувајќи прекин од судијата Ендру Медли, но свиреж немаше. Ситуацијата ја искористи Даниел Муњоз, кој без двоумење шутираше кон празната мрежа и постигна гол, иако противникот практично не играше. Бидејќи немаше прекршок, туку само прашање на фер-плеј, погодокот беше признат. ...
Лидерот во шпанскиот шампионат, екипата на Барселона успеа да слави над Хетафе со 2-0 во вториот натпревар од денешната програма во Ла Лига. Ова гостување е доста тешко, незгодно за каталонците и најдобра потврда за тоа е што ова за нив беше прво славје по седум години, односно по 2019 година кога славеа со истиот овој резултат со головите на Суарез и Фирпо. Избраниците на Ханси Флик успеаа да го отворат резултат пред крајот на првиот дел, ...
Натпреварите од 26-тото коло во Втора македонска фудбалска лига не донесоа изненадување, со оглед дека сите екипи кои се борат за врвот забележаа победи, па состојбата на табелата во горниот дел остана речиси иста. Брегалница убедливо ја совлада Слога Виница со 4-1 и остана лидер со 61 бод. Шкендија Арачиново на гостински терен во Гевгелија минимално славеше против Кожув со 0-1, додека Скопје исто така запиша сигурна победа на гости кај ...
Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола денес и утре играат на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“ кој е 7. по ред, а се одржува во Словенија, на терените во Крањска Гора. Овој пат, на 7. турнир 18 екипи и тоа од домаќинот Словенија, а има и од Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина. -Се надевам на добри резултати, иако поради зимата и обврските на сите помалку трениравме. Но, за нас, како и ...
Фудбалерите на Брегалница го одбранија врвот во Втората македонска фудбалска лига, откако ја победија Слога Виница со сигурни 4-1 (2-1). Резултатот на „Градскиот стадион“ во Штип го отвори Дино Михолов, а израмнување за гостите донесе Давид Спасов. Сепак, пред паузата Аљбан Мемеди ја врати предноста на домашните. Во вториот дел победата ја потврдија Стефан Костов и Бранимир Иванов. Брегалница - Слога Виница 4-1: Второпласираниот Охрид ...
Екипата на Барселона денеска дојде до уште една победа во овогодинешниот Примера шампионат. Лидерот на оваа конкуренција денеска на гостувањето кај Гетафе, забележа триумф од 0:2, со што уште повеќе си ги забетонира шансите да ја освои титулата сезонава. Творци на победата денеска за Каталонците беа Фермин кој погоди во 45. минута, односно Маркус Рашфорд кој што резлизираше во 73. минута. Со ова, Барселона по 33. кола има 85. бодови и има ...
Ливерпул го совлада Кристал Палас со 3-1 на домашен терен. Избраниците на Арне Слот ја оправдаа улогата на фаворит и практично го завршија натпреварот уште во првото полувреме, кога стекнаа недостижна предност. Во 35-та минута, Александар Исак се снајде одлично по ударот на Алексис Мекалистер и ја затресе мрежата на Дин Хендерсон. Само пет минути подоцна, по добра одбрана на Вудман, Ливерпул изведе брза контра преку Кертис Џонс, а акцијата ја ...
Деновиве се одржаа мастерс турнирите како дел од Државното првенство во билјард, на кои учество зедоа најдобрите играчи од “А“ и “Б“ лига според сезонскиот пласман. Конзули од Битола имаше свои претставници во двете конкуренции и оствари максимален успех. На овој мастерс турнир, Конзул настапи со своите најдобри играчи: во “А“ дивизијата со Христо Василевски и Златко Ицаноски, а додека во “Б“ дивизијата со Димитар Јованоски, Мартин Муловски, ...
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров изборија супер важна победа над Работнички од 2-1 во рамките на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига. Скопските ривали водат жестока борба за опстанок во елитната фудбалска конкуренција во нашата земја, а „лавовите“ со ова славје испратија јасна порака дека не се откажуваат иако остануваат на претпоследното место на табелата. Колумбиецот Кабаркас донесе предност за домаќините на самиот старт на ...
Денешната програма од Премиер лигата донесе мечеви кои што имаат влијание исклучиво на битката за опстанок. А во неа, тимот на Вест Хем забележа огромна победа на свој терен против тимот на Евертон со конечни 2:1. И тоа на каков начин. Соучек погоди во 52. минута за водство, но Евертон израмни преку Киран Десбјури Хол во 88. минута. Домашните не ги фати паника, туку тргнаа по нов погодок и среќата ги погледна. Ветеранот Калум Вилсон во ...
Откако обвинителството во Милано покрена истрага против поранешниот арбитар Џанлука Роки поради сомнежи за влијание врз натпревари во Серија А. Според наводите, 52-годишникот се товари за криминална завера и спортска измама, со индиции дека директно влијаел врз одлуките на ВАР-судиите. Еден од клучните случаи е натпреварот меѓу Удинезе и Парма од март 2025, кога првичната одлука да нема пенал била сменета по реакција од ВАР-собата, каде ...