Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров изборија супер важна победа над Работнички од 2-1 во рамките на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига. Скопските ривали водат жестока борба за опстанок во елитната фудбалска конкуренција во нашата земја, а „лавовите“ со ова славје испратија јасна порака дека не се откажуваат иако остануваат на претпоследното место на табелата. Колумбиецот Кабаркас донесе предност за домаќините на самиот старт на ...

„Лавовите“ го отворија мечот одлично и поведоа уште во 2. минута преку Хозе Кабаркас, а по ВАР-проверката погодокот беше признат. Во продолжението, 16-годишниот Мартин Џангаровски зголеми на 2-0, пред Сухејл Муарем брзо да намали и да внесе неизвесност. До крајот, Работнички не ја искористи шансата за израмнување, па домаќинот ги задржа трите бода. Македонија ЃП останува претпоследна со 27 бодови, односно има само еден помалку од Работнички и ...