Останаа уште три кола до крајот на фудбалското првенство на Холандија, но таму шампионската трка одамна е решена. ПСВ Ајндховен се прошета до титулата, веќе неколку недели игра крајно растеретено. Последната важна задача што ќе ја имаат избраниците на Петер Бош до крајот на оваа сезона е наредната сабота од 20:00 часот да го победат и, по можност да го понижат, својот најголем ривал Ајакс во рамките на 32. коло од Ередивизие. Сите квоти во ...

Директорот на Башкими, Бурак Хида, испрати силна порака пред важниот натпревар против лидерот на табелата Вардар, нагласувајќи дека неговиот тим ќе одигра максимално ангажирано и без калкулации. Во изјава пред мечот, Хида потенцираше дека и покрај сомнежите и коментарите во јавноста, Башкими останува фокусиран исклучиво на сопствениот настап. „Знаеме дека денес имаме многу тежок натпревар против лидерот на табелата, но ние сме помотивирани од ...

Орландо испушти предност од 24 поени во третиот период и со неверојатна серија промашувања му овозможи на Детроит да се врати во натпреварот и да избори мајсторка во НБА плејофот. Пистонс влегоа како фаворити во серијата, а сега се на чекор на неверојатен пресврт бидејќи ќе ја играат мајсторката на домашен терен. Орландо врза 23 промашувања во 12 минути, што е нов антирекорд во НБА плејофот и според „ЕСПН“ не успеа да постигне цели 45 минути ...

Евролигата повторно зазеде цврст став кога станува збор за дисциплината, а овој пат санкциите го погодија еден од најпознатите и најконтроверзни фигури во европската кошарка, сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос. По инцидентите забележани за време на вториот натпревар од плејоф серијата против Валенсија, Евролигата одлучи да му забрани на Јанакопулос да присуствува на следните три натпревари на неговиот клуб. Заедно со ...

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан следната сезона ќе настапува за Алкалоид, со што ќе стане дел од четврти македонски клуб во својата кариера, објави „Моцарт Спорт“ повикувајќи се на свои извори. По периодот поминат во Вардар, а потоа и кратката епизода во ГРК Охрид, искусниот лев бек повторно се враќа во Скопје, овојпат во тимот од Автокоманда, каде тренер е Кирил Лазаров. Борозан во моментов се опоравува од повреда и нема да може да ...

Првото историско европско ракометно финале за Охрид е на дофат, но шансата треба да се зграпчи со победа над словенечки Целје кој истотака има амбиции да се најде во мечот за титула во Европскиот куп на ЕХФ. Некогашниот европски првак го доби првиот меч со минимални 27-26, тоа е резултат кој со право им дава надежи на охридските Гладијатори дека може да дојдат до посакуваното финале. Првиот меч мина со големи осцилации на двата тима, а сега ...

Еден од најпочитуваните играчи на АТП турнејата, Кеи Нишикори, официјално соопшти дека ќе се пензионира по завршувањето на натпреварувачката 2026 година. Јапонскиот тенисер ја сподели својата одлука преку социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина реакции од навивачите и колегите ширум светот. pic.twitter.com/gDdZDjce3N — Kei Nishikori (@keinishikori) April 30, 2026 Историски резултати во најсилната тениска ера Нишикори ќе остане запаметен ...

ФИФА објави дека ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на билети за Светското првенство во 2030 година откако се соочи со критики поради вртоглавото зголемување на цените на билетите за претстојниот мундијалски турнир во САД, Канада и Мексико. Генералниот секретар Матијас Графстром им изјави синоќа на новинарите по конгресот на ФИФА во Ванкувер дека високите цени на билетите за Светското првенство 2026 ја одразуваат „реалноста на ...

Малку неверојатна вест ни доаѓа од Премиер лигата, откако Брајтон се реши за досега невидено решение. Имено, тренерот Фабијан Хирцелер покани ММА борецот да учествува на тренинзите на тимот за да му помогне во вежбањето на одбраната при прекини. Германскиот стручњак, кој со 33 години е најмладиот тренер во Премиер, јавно потврди на прес-конференција пред натпреварот на гости против Њукасл дека ММА борец навистина учествувал во тренинг пред ...

Главна тема на фудбалскиот свет оваа недела се првите полуфинални натпревари од Лигата на шампионите. Поточно, разликите помеѓу оној во Париз и оној во Мадрид. Во првиот, го гледавме незаборавниот спектакл ПСЖ – Баерн 5:4, полн со голови, пресврти, напаѓачки игри и игри за повеќе голови. Во вториот, Атлетико – Арсенал 1:1, само два гола постигнати од пенали и многу претпазливост, нервоза и, пред сè, внимание да не се прими гол. Фудбалските ...

Во една од најдраматичните плејоф вечери во поновата НБА историја, видовме неверојатни пресврти, исклучителни индивидуални партии и триумф на „домашниот терен“ кој на две серии им донесе одлучувачки седми натпревар. Лејкерс со фуриозна серија ги збришаа Рокетс и закажаа дуел со Оклахома Лос Анџелес Лејкерс ја завршија својата серија од првата рунда на Западот на импресивен начин, елиминирајќи го тимот на Хјустон Рокетс со победа од 98:78 во ...

Џорџ Расел ќе ја започне денешната спринт трка во Формула 1 од шестата позиција, нешто што веројатно не го очекувал ако се има предвид изјавата која ја дал по квалификациите. Мерцедес доминираше од почетокот на новата сезона, но дел од ривалите вметнаа одредени промени на болидите за гран при викендот во Мајами, што донесе ефект на резултатите на Мекларен и Ферари. – Навистина сум изненден од напредокот кој го направија Мекларен и Ферари. Тоа ...

Тоа се случи на меч меѓу Овиедо и Барселона при изведување на еден корнер. Снимките од инцидентот биле јасни, и брзо процесирани до надлежните органи. Судот му изрече затворска казна на навивачот, кој може да се „спаси“ само доколку плати 2.000 евра, присуствува на задолжителна програма против расизам и прифати тригодишна забрана за присуство на фудбалски натпревари. Тоа се случи на меч меѓу Овиедо и Барселона при изведување на еден корнер. ...

Познатиот италијански возач и парациклист Алекс Занарди почина во петок на 60-годишна возраст. Човекот кој ќе остане како симбол на пркосот кон инвалидитетот почина на крајот од долгогодишна борба со здравствени компликации по сериозна несреќа во 2020 година. Поранешниот возач на Формула 1 и двократен шампион во серијата CART ги загуби обете нозе во сериозна несреќа на патеката во 2001 година. Речиси почина, но успеа да се врати на патеката ...

Денешните натпревари (почеток 16 часот) од Првата македонска фудбалска лига, Башкими – Вардар и Работнички – Пелистер може да најават две големи работи околу конечниот пласман. Вардар ако победи во Гостивар (теренот во Куманово е под суспензија и Башкими реши да го нагости Вардар во Гостивар), ќе дојде на чекор од титулата, бидејќи на три кола би имал големи шест бодови предност пред Шкендија. Тетовци минатото коло киксираа против Башкими и ...

Работнички денеска игра еден од решавачките натпревари во битката за опстанок. По поразот од Македонија ЃП во Ѓорче Петров, избраниците на Муарем Муарем се наоѓаат пред голем предизвик, затоа што состојбата на табелата дека едноставно мора да го победат Пелистер во денешниот дуел од 30. коло во Првата лига, доколку сакаат да продолжат да се надеваат на останување во елитата. Тимот ќе биде под голем психолошки притисок, но и максимално ...

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе го пропушти првиот натпревар од нивната плејоф серија во втората рунда против Сан Антонио Спарс поради повреда на коленото. Едвардс е надвор од теренот од 25 април откако претрпе контузија на коската и хиперекстензија на левото колено во четвртиот натпревар против Денвер Нагетс. За среќа, беше избегнато оштетување на лигаментите. Во текот на целата сезона, Едвардс беше јасен лидер на ...

Пелистер е во добра серија, во обид клубот од Битола да обезбеди дури и директен опстанок ако денеска победи во Скопје кај Работнички. Не било до екипата, до тренерот било кај „зелените“ каде со враќањето на Маријан Секуловски се вратија и резултатите. Но, сепак, таму во Пелистер има едно добро „дете“, дете пантер – голманот Андтреј Јовчевски. Најдобриот млад чувар на мрежите во земјава кој тоа го докажува на теренот но секогаш е во сенка не ...

Ермин Махмиќ, 21-годишен играч од средниот ред на чешкиот клуб Слован Либерец, одлучи во иднина да игра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Веста ја потврди директорот на репрезентацијата Емир Спахиќ. Пазарната вредност на Махмиќ се проценува на 2,5 милиони евра, а тој може да покрие неколку позиции во средниот ред. Роден во областа Линц, Махмиќ ги поминал младинските школи на Рапид Виена и ЛАСК Линц, а минатото лето пристигнал во ...

1303 Валенсија – Атлетико М. (16.15 часот) Јасно е дека Атлетико со мислите е во Лондон и реваншот од ЛШ против Арсенал, па ова е шанса за Валенсија да победи и речиси сигурно да обезбеди опстанок, можеби и да проба дури и да се пробие до местата кои водат во Европа. Атлетико ги загуби последните три лигашки гостувања, а речиси имаат обезбедено место во ЛШ за следната сезона. Атлетико ги доби последните четири дуели против Лилјаците, ...

Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а кои соочувања ќе решаваат за второто место на табелата. Во Струмица ќе се соочат Тиверија Брера и Каменица Саса, меч каде струмичанки ќе мораат до трите бодови со цел да го сочуваат второто место, додека пак „рударите“ и со три бодови од Струмица нема да може да напредуваат на табелата односно ќе останат петти. На Пржино ќе се игра дерби меѓу Истатов и Љуботен, борба за ...

Алекс Ѕанарди починал вчера на 59-годишна возраст, објавија утринава италијанските медиуми, пренесувајќи ја кратката информација соопштена од семејството на италијанската спортска икона. Италијанецот се појави на спортската цена како голем талент во автомобилизмот, настапуваше во Формула 1, а вистинска слава доживеа со начинот на кој се претстави во Инди кар серијата, каде освои две титули со атрактивен начин на возење и стана миленик на ...

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами, што му даде поттик во одбраната на титулата. Во пресрет на викендот во Флорида, светскиот шампион е 47 поени зад лидерот Кими Антонели од Мерцедес, а неговата ситуација беше уште потешка поради неговото повлекување во Кина поради дефект на моторот. Успехот на Норис на сончевиот стадион Хард Рок е првиот показател за рамнотежата на моќта меѓу тимовите од Формула 1 по долга пауза, ...

Сензационално враќање на легендарниот Спачак: Нов електричен модел ќе се продава за само 15.000 евра и повторно ќе ја донесе револуцијата на патиштата Цитроен го најавува спектакуларното враќање на најиконичниот автомобил – Спачакот, сега како целосно електричен модел инспириран од оригиналот! Овој ретро модел ќе биде меѓу најевтините електромобили на пазарот и ќе промени сѐ што знаевме за пристапна мобилност во градовите. Француската ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за стомачниот вирус што ги принуди неколку играчи да се повлечат од турнирот во Мадрид. Според прелиминарните извештаи, тие можеби биле отруени од такос со ракчиња. -Досега кај мене сè е во ред. Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос. Се држам до истата диета, истите јадења што ги јадев од почетокот на турнирот – пилешки гради, ориз и салата, изјави Сабаленка за „ESPN“. Дваесет и ...

Арсенал сè уште живее два сона - титулата во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите. „Топџиите“ се живи на двата фронта, но се соочуваат со тестови за зрелост за да го ослободат својот ореол на „вечен губитник“. Тимот на Микел Артета ќе се соочи со првиот од четирите последни чекори во нивната битка со Манчестер Сити за титулата што се чека повеќе од две децении на „Емирати“. Фулам честопати беше коска во грлото на „топџиите“, но ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги негираше гласините дека преговара со Реал Мадрид. Со денови името на трофејниот Португалец се поврзува со поранешниот клуб, како еден од кандидатите со искуство на кои се фокусира претседателот на „Кралскиот клуб“, Флорентино Перес. „Никој од Реал Мадрид не ме контактирал. Ви го гарантрам ова! Толку години сум во фудбалот, навикнат сум на такви гласини, но немаше никаков повик од Реал Мадрид“, изјави ...

И на 43 години љубовта кон кошарката сè уште е огромна. Едис Нури, капитенот на ТФТ Скопје, уште еднаш покажа дека годините се само бројка за него и на натпреварот со Кожув направи потег кој што ретко се гледа на македонскиот паркет. Највозрасниот кошаркар во Суперлигата во самата завршница од првото полувреме подели асистенција во стилот на кошаркарскиот великан Никола Јокиќ, откако од зад грб проигра соиграч кој беше сам пред рекетот и ...

Тотенхем викендов има тешко гостување кај Астон Вила и влегува како аутсајдер во натпреварот од кој секој бод може да му биде круцијален во тешката борба за опстанок во Премиер лига. Избраниците на Роберто Де Ѕерби имаат два бода помалку од Вест Хем, а менаџерот вели дека целата ситуација во клубот е дополнително отежната поради негативните мисли кои кружат во екипата. – Најважниот предизвик во моментов е да ги исклучиме внатрешните гласови ...

Голема трагедија ја потресе Америка откако мал авион што превезувал членови на пиклбол клуб се урна во Тексас. Сите пет лица во авионот загинале во несреќата. Иако идентитетот на жртвите сè уште не е официјално објавен, клубот Амарило потврди дека меѓу загинатите има долгогодишни членови на неговиот тим. Според локалните власти, пилотот и четворица патници загинале на местото на несреќата, која се случила околу 23 часот во планинска област ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
82%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.39
96%
1014
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
72%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
94%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
87%
1014
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
0.45
71%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1016
Currency

61.635

Currency

52.2502

Currency

71.2794

Currency

37.8886

Currency

38.2176

Currency

67.2664

Currency

7.68341

Currency

0.70384

Currency

0.33353

Currency

0.52473

Currency

1.15224

Currency

0.55338

Платина

66101.93

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Злато

151875.00

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Бакар

12.64

Алуминиум

3.50

Сребро

2583.47

Калај

54.78

Паладиум

48065.37