Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал сериозен ризик за здравјето на луѓето и за безбедноста, информираше денеска на прес-конференција директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Отпадот во моментов е безбедно дислоциран и ...

Во Собранието денеска се одржа пригодна седница по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, за правата и можностите на жените, достигнувањата и перспективите. Непосредно по немилиот настан кој неодамна ја потресе јавноста, смртта на Ивана и Катја, претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека тешко е да се доживее 8 Март како ден на жената. Статистиката нотира пораз на институционалната превенција и навремената ...

На собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, пратеничката Јована Мојсоска, имаше излагање во кое посочи дека зад празничните честитки стои СУРОВА реалност на институционална негрижа кон жртвите на семејно насилство и длабоко нефункционален систем кој со години не успева да ги заштити најранливите. ,,Сѐ додека се ШТИТАТ оние кои биле должни да постапат, а не постапиле, сѐ додека персоналната одговорност се крие ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали преку Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе има ново ангажирање на асистенти за стари и изнемоштени лица, бидејќи за некои општини сè уште се чека, изјави: „Да, да, апсолутно и огласот е распишан и очекувам таа процедура да биде завршена. Средствата се одвоени, така што сето она коешто претставува добра пракса, ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“. Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе создадат уште ...

На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик. Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, ...

Од Националната опера и балет известуваат дека за операта Тоска од Пучини, која ќе се реализира на 6.март 2026 година, поради здравствени причини, во насловната улога на Флорија Тоска наместо Злата Тошевска Димовска ќе настапи Валентина Бои од Италија. Тоска“ е вечер кога сцената гори од страст, а секоја одлука носи судбина. Величествена музика, врвни солисти и приказна што држи во напнатост до последниот миг. „Тоска“ Џакомо Пучини 6.3.2026, ...

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска Биондиќ, учествуваше на 20-тата НАТО конференција за контрола на оружјето за масовно уништување, разоружување и непролиферација, која се одржа во Берлин, СР Германија од 3-4 март 2026 година. Наша определба останува посветеноста на имплементацијата и почитувањето на мултилатералните договори за контрола на оружје, разоружување и ...

Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја ...

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 – синдромскиот систем за брзо ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори панел-дискусијата на тема „8 милијарди причини за дејствување против дебелината“. Настанот беше организиран по повод 4 Март – Светскиот ден на дебелината и се одржа во основното училиште „Кочо Рацин“. Од стручен аспект говореа проф. д-р Антони Новотни и доц. д-р Александар Савески, советници на Општина Центар. Во дискусијата активно се вклучија и ученици, кои поставуваа прашања ...

Собранието, на денешната 90. седница, со 71 глас „за“ и 11 „против“, за заменик-министер за одбрана го избра Адмир Шабани, а за заменик министер за образование и наука, Дритон Сулејмани. “Предлагам за заменик министер во Министерството за одбрана да биде избран Адмир Шабани. Министерството за одбрана е столб на националната безбедност и на нашата меѓународна позиција како држава членка на НАТО. Во време на сериозни безбедносни предизвици, ...

Ремек-делото на Џакомо Пучини, операта „Тоска“, ќе биде изведена на 6 март со почеток во 19:30 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Станува збор за музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги, ќе диригира ...

Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство. Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога. Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната ...

Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДС во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош. Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани. Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè ...

Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските. Постапувајќи согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија. Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи ...

Поранешната министерка Славјанка Петровска, пратеничката од редовите на СДСМ на својата официјална ФБ страна, во врска со немилиот настан во Карпош, посочи дека убијците имаат име и презиме – инспектори и вработени во МВР и Центарот за социјални работи. “Се додека велиме системот е виновен, ситемот убива, да го промениме системот, се дотогаш ќе имаме нови “Кочани”, нови “Фросина на Партизанска”, нови “ Мајка и ќерка убиенти” нови “Росица од ...

Во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа: координаторите и заменик-координаторите Никола Мицевски, Јованка Тренчевска, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски; шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Драган Ковачки и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Претседателот ...

Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување! Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во прва официјална посета. Сиљановска-Давкова и Руте одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Според претседателката, посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во време на растечки непредвидливи ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска престојува во официјална посета на Македонија. Првиот човек на НАТО, Руте ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести. Закажани се тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и делегацијата на НАТО, а нешто пред 13 часот попладнево Сиљановска-Давкова и Руте ќе одржат заедничка прес-конференција. Ова е негова прва посета на ...

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ порача дека државата мора да стави крај на двојните стандарди и „репризите“ од минатото. Осврнувајќи се на одлуката за притвор за Артан Груби, Димитриевски истакна дека испратена е јасна порака дека институциите мора да постапуваат еднакво за сите, нагласувајќи дека министерот за правда Филков постапил принципиелно и ...

Нема ништо од зголемување на минималната плата, само законско усогласување од срамни 1.660 денари. Владата на Мицкоски ги изигра работниците кои едвај врзвуваат крај со крај, реагираат од СДСМ. Со волку ниско ниво на минимална плата работниците се доведени на раб, бидејќи не можат да ги покријат трошоците за основни потреби на своите семејства, за храната и сметки. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра има за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата. Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски стории за 2025 година на тема: „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Прва награда му се додели на Михаил Милошевски за сторијата „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот, ...

Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година. Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година. Целта на повикот е поттикнување на користењето ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Загреб

5ᴼ / -1ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.21
62%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.34
81%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / -1ᴼ
0.51
91%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
73%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
57%
1026
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
100%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Сребро

2704.52

Платина

69606.37

Алуминиум

3.35

Родиум

368126.05

Паладиум

52823.68

Злато

166049.28

Иридиум

221848.72

Кобалт

66.14

Калај

51.64

Цинк

3.28

Бакар

11.80

Рутениум

45750.51