Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот ...
Цените во продавниците, маркетите и на пазарите растат секој ден, граѓаните едвај врзвуваат крај со крај. Дури и пиперките стануваат луксуз со цени од 300 денари за килограм, доматите над 200 денари. Зејтинот е 118 денари, јајцата над 110 денари. Цените до плафон – рејтингот до плафон. Во маркетите – шок а во фрижидерите на граѓаните – празнина. Доаѓа Велигден, следат подготовките. Е тогаш, секое македонско семејство ќе го провери ...
Како дел од континуираните активности за сузбивање на неформалната економија и унапредување на фискалната дисциплина кои Управата за јавни приходи ги спроведува во изминатиот период, започнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема. Имено, согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена ...
На 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од с.Липец, виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско. По преземени ...
По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки. Ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението, информираат од ОЈО. Јавното обвинителство е единствен орган и ...
Централниот совет на Демократски сојуз одржа седница на која се расправаше за геополитичките и безбедносни состојби и рефлексиите врз безбедноста, енергетската и економската стабилност на Македонија. Македонија е мирна, стабилна и безбедна држава, но влијанието на војната во Иран се одразува на енергетската и економската состојба. Ваквите состојби бараат соодветни и издржани мерки од страна на Владата, зголемена мобилност на сите институции ...
Секоја нова иницијатива која има за цел да го заобиколи директното спроведување на Законот за употреба на јазиците во испитите за кандидатите правници, претставува голема измама и обид да се избегнат обврските што произлегуваат од законот, реагираат од ДУИ. Прашањето за употребата на албанскиот јазик во овие испити не е прашање што бара нови решенија, нови иницијативи или нови толкувања, туку бара само спроведување на постоечкиот закон. ...
На четириесетата седница одржана денеска, Советот на јавните обвинители на РС Македонија, го усвои објавениот дневен ред со измена само во однос на редоследот на точка 2 и 3, така што изборот на јавни обвинители во ОЈО ГОКК ќе се разгледува под точка 2. Под точка 1 ги усвои записниците од 38-ма и 39-та седница на Советот. Под точка 2 од дневниот ред, Советот донесе одлука за избор на 4 јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за ...
Претседателот на СДСДМ, Венко Филипче, реагираше на вчерашната изјава на Христијан Мицкоски во која тој ја коментираше платата на лекарите и дека со помош на еликсири работеле, истакнувајќи дека ваквите изјави се мизерни и навредливи за медицинските професионалци. „Христијане, за разлика од тебе, што ништо не си работел ние сме работеле и дежурале и 24 часа и повеќе денови конститутивно во неделата, и моите колеги имаат право со работа да ...
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор. -Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и ...
По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Министерството за култура и туризам упатува честитки до сите театарски уметници, професионалци, културни работници и љубители на театарската уметност, кои со својата посветеност ја одржуваат жива оваа исклучителна форма на уметничко изразување. Овој ден традиционално се одбележува со порака од истакната светска театарска личност. Годинава, автор на меѓународната порака е Вилем Дефо, кој ја ...
Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на ...
На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети. На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна ...
На денешниот настан организиран од Швајцарската амбасада по повод Светскиот ден на водите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, официјално ја отвори јавната дискусија за Извештајот за значајни прашања во управувањето со водите за сливот на реката Вардар. Станува збор за клучна фаза во изработката на Планот за управување со речниот слив, а процесот е отворен за сите засегнати страни. ,,Ова што го започнуваме ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот најави воведување на брз, модерен и целосно еколошки автобуски ...
Пролетта се буди! Дрвјата отвораат нови листови, а ние нови страници. На 28 март (сабота), од 10 до 18 ч., во книжарница во ГТЦ ќе се случи распродажба што ти ветува дека ќе најдеш сè што одамна сакаш да го имаш. Што се подразбира под сè за еден вљубеник во страниците? 50, 90 и 150 денари Последни примероци Подарок книга Она што е трифт-сесија за љубителите на модата, тоа е оваа распродажба за читателите. Вистински лов на помалку познати или ...
Д-р Велковски ја поздрави иницијативата на Универзитетската клиника за психијатрија за вдомување куче кое е активно вклучено во работата со пациенти, а вработените задолжени за грижа на Роџер имаа можност да добијат исклучително корисни информации за неговата грижа и благосостојба. Посебен акцент беше ставен на активностите во кои се вклучени децата и адолесцентите кои се соочуваат со потешкотии, како и на придобивките од присуството на ...
На седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување. „Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е ...
Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој. -Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ истакна дека очекува новиот обвинител Савевски да работи професионално и во интерес на граѓаните, оценувајќи дека станува збор за личност без дамка во кариерата, на кој Движењето ЗНАМ му даде поддршка и очекува доследно да го применува законот. Во однос на постапката поврзана со Артан Груби, тој нагласи дека случајот треба да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од ...
Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, од 14.04.2026 година, ќе започне со реализација на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите. Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи. Имено, обуките ќе се одржуваат секој вторник во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав ...
Летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година, во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година, во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Летното сметање на времето започнува на 29 ...
Во врска со реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува дека во комуникацијата со медиумите неопходно е почитување на професионалните стандарди. Новинарските прашања претставуваат составен дел од демократскиот процес и не смеат да се третираат како напад, ниту ...
По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, Драмскиот театар, во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, организира хуманитарна акција за дарување крв. Акцијата има цел да ја подигне свеста за значењето на крводарителството и да помогне во спасување човечки животи. Со еден чин на дарување, секој може да даде надеж, да биде дел од синџирот на добрина и да ја покаже човечноста во заедницата. Актерите од Драмскиот ...
Со последните измени на Правилникот за урбанистичко планирање, донесени од Министерството за транспорт, се проширува категоријата „објекти од државно значење“, така што во неа влегуваат и хотели и супермаркети. Станува збор за одлука која суштински го менува значењето на јавниот интерес во урбанизмот и отвора СЕРИОЗНИ прашања за начинот на кој се управува со просторот, се вели во реакцијата на Левица. Категоријата „објекти од државно ...