Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
САД и Иран се договорија за двонеделно примирје. Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ова е голем ден за светскиот мир откако САД и Иран, со посредство на Пакистан се согласија на условно двонеделно примирје, проследено со отворање на Ормускиот Теснец. И тој и Белата куќа го прогласија примирјето за голема победа на САД. Иранскиот Национален совет за безбедност соопшти дека се согласни со примирјето и најавија отворање на Ормускиот ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка во име на Собранието на Република Северна Македонија и во негово лично име. “Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и ...
Во текот на месецот март, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош. ЈП Комунална хигиена-Скопје ...
Демократски сојуз ги осудува политички мотивираните протести поради наводно ускратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница. Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и ...
Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ова прашање повеќе не може да се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. “Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се ...
По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...
Денеска на прес-конференцијата која се одржа во Работничкиот Дом на ССМ, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го најави следниот голем работнички протест закажан за 1-ви Мај, што ќе значи одбележување на Меѓународниот ден на трудот и следниот чекор во борбата на ССМ за зголемување на работничките плати. “Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на седниците заедно со Советот на ССМ кој се одржаа во текот на ...
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа јавна расправа на која се дискутираше за Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033, чија основна цел е намалување на родовите нееднаквости и унапредување на системот за превенција и заштита од родово базирано насилство. Како појдовна основа за изработка на стратегијата беа земени анализата на меѓународната ...
Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку живеат во други држави, е многу значаен културен елемент. Ова е главното мото под кое од 16 до 19 април во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб ќе биде реализиран мултимедијалниот проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција. Проектот се реализира со поддршка од ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по преземањето на новата градска администрација. Според него, тоа е ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, предупреди дека во буџетот недостасуваат средства за редовна исплата на плати и пензии, поради лошо поставените економски политики на владата на ВМРО. „Нашите анализи кои што потекнуваат од експерти во финансии, кои се реални прогнози, покажуваат дека ќе има огромен недостаток на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии, затоа ...
На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал закани. На 07.04.2026 околу 00:30 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека во ...
На Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција. Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација Кипар, информираат од Царинската управа. Непријавената стока е запленета, а ...
“Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика извади еден податок којшто е, би рекол охрабрувачки, но тој е за првите два месеци, за јануари и февруари, пред да почне кризата. Практично во февруари се нивелираше тоа што се пропушти во јануари поради протестот на превозниците. Имаме пораст на извозот во февруари за 12 отприлика проценти во евра, споредено со претходната година. И отприлика 10% увозот е зголемен во евра, споредено ...
И оваа година, традиционално, по 34. пат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна на учениците од општинските ...
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, денска оствари работна средба со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, м-р Ненад Савески. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбите во правосудниот систем и владеењето на правото, како и за улогата и одговорностите на двете институции во насока на нивно унапредување и градење функционална правна држава. Соговорниците ја истакнаа важноста од обезбедување ...
Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“. На овој потег воведен е привремен режим на сообраќај во период од 30 дена, при што едната ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул, вечерва, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова. Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични општествени и ...
Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Официјално почнува да работи во 1976 година, по две години од усвојувањето на Законот за формирање на Кинотека на Македонија (29 април 1974). ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги посетија хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде изминатиот период се комплетно реконструирани шест операциони сали од кои две на Клиниката ТОАРИЛУЦ (оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија. -Извршена е комплетна реконструкција и реновирање, комплетна замена на ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања. Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои. Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква злоупотреба на деца, ниту принуда, ниту политичка активност, ниту било каков ...
денес од печат излезе новиот роман „Есента на животот“ од омилениот писател на македонските читатели, Бернхард Шлинк, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Германскиот автор е еден од оние чие објавување на нова книга секогаш предизвикува фино чувство и врвна читателска возбуда. Токму затоа многу читатели кај нас со нетрпение го очекуваат секое негово дело. Романот е уште едно ремек-дело од мајсторот на пишаниот збор и одличниот проникнувач во скриените ...
Катастрофалните економски политики на Владата на Христијан Мицкоски оставаат илјадници македонски семејства без работа, без егзистенција, на улица. Додека брутално се пумпаат пари преку криминални тендери, над 1.500 работници во изминатиот период останаа без работа. Тоа се 1.500 човечки судбини, празни трпези и неизвесна иднина за илјадници граѓани. Минатата недела „Артекс“ од Кочани престана со работа – 100 текстилни работници и работнички ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, ...
Претставата „Народен пратеник“, по текст на комедиографот Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, на 6 април ќе гостува на 5. издание на фестивалот „5-РЕ“ во Велес. Веднаш потоа, ансамблот заминува за Србија, каде на 8 април ќе настапи на јубилејното 30. издание на фестивалот Актерски свечености – „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, кој годинава се одржува од 3 до 9 април. Претставата „Народен пратеник“ бележи значајна меѓународна сценска ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека интензивно продолжуваат градежните активности за воспоставување на градски воз на релација Драчево кон центарот на Скопје, кој ќе овозможи значително побрз и поефикасен јавен транспорт за граѓаните. Во рамки на проектот се врши рехабилитација на железничката делница Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри. Активностите опфаќаат целосна модернизација ...
Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022. Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за Албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 метри квадратни. ВЛЕН одамна предупредува дека зад лажната грижа на ДУИ за правата на Албанците всушност се кријат тесно партиски интереси за богатење на ...
Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ, по премиерата на „Берлинале“, продолжува со фестивалскиот живот во април на три интернационални фестивали: на 8 април на 50. Интернационален филмски фестивал во Хонгконг и на 44. Интернационален филмски фестивал во Уругвај, а на 13 април на 39. Филмски фестивал во Болцано, Италија. Фестивалот во Хонгконг, најстар меѓународен фестивал во Азија, го вклучи „17“ во главната натпреварувачка програма „Младо ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски соопшти дека на итна седница на Владата се донесени нов пакет вонредни мерки за ублажување на последиците од глобалната енергетска криза, со кои се намалуваат акцизите на горивата и се продолжува намален ДДВ. “Продолжуваме со намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 проценти, истовремено донесовме одлука со којашто се овозможува намалување на акцизите на дизелот за 4 денари, а за безоловните бензини 95 ...