Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена Женска трка, го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички. Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно. „Со 14. Авицена Женска трка, со 3400 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка ...
За овие речиси две години во опозиција, ДУИ не остави ништо без да злоупотреби, само за да ја спаси сопствената политичка кожа, дури и грижите на студентите. Денес, без никаков морален кредибилитет, се обидува да инструментализира прашање што самата го држеше како заложник. Истата партија, со неколку министри за правда, денес пролева крокодилски солзи за проблем што не го реши кога ја имаше целата моќ во свои раце. Во исто време, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка до сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден по грегоријанскиот календар. Во мое лично име и во име на Владата, со голема радост и искрена срдечност им го честитам најголемиот и најрадосниот празник во христијанската вера. Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта. Нека веста за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос ги исполни вашите срца ...
На 03.04.2026 од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство со САЕ Тигар беше спроведена оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. “Ми претставува особено задоволство, Вам и на сите верници од католичка вероисповед, да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Најискрено, посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост, ...
Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Воскресението на Исус Христос е празник што ја симболизира победата на животот над смртта. Вчера во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје беше отслужена Воскресна литургија која ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. – Драги браќа и сестри! Велигденскиот пост, во римскиот ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод Велигден до сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција. “Дозволете ми, од мое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција, да им го честитам Велигден. Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се ...
И порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи ...
Новиот јавен обвинител, Ненад Савески, работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели. Последно, ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше прунудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше а потоа и ја исфрли. Савески ...
Според работната динамика, во завршна фаза се одвиваат активностите за наскоро отворање на Центарот за дневен престој на лицата со попреченост, кој ќе биде стациониран во населбата Козле во скопски Карпош. Станува збор за дневен центар кој ќе нуди инклузивно и функционално опкружување, каде што лицата со попреченост ќе добијат стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини. Инаку, овој центар е резултат на ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и ...
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, во рамки на заедничката посета со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и на Судскиот совет, Александар Камбовски остварија повеќе работни средби со високи претставници на правосудните институции на Република Грција, насочени кон зајакнување на владеењето на правото и унапредување на меѓуинституционалната соработка. Делегацијата се сретна со претседателката на Судот за ревизија, ...
Подготовките за деценискиот план на Мицкоски за изолација на земјата и грабеж на граѓаните се во тек. Јавното обвинителство и судството се под контрола на власта, со подобни обивнители и судии блиски до Мицкоски, следува брутална партизација и на МВР. Додека криминалот и корупцијата царуваат насекаде, скандали со 5 тони дрога кои водат до врвот на власта, во МВР се случува операција за отстранување на неподобните професионалци и ставање ...
Вечерва, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур. Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на ...
Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Средствата се наменети за следните сервиси и услуги: -Индивидуализирани услуги со асистивна технологија за деца, млади и лица со ...
На 02.04.2026 во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- с.Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(37) од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(40) од Берово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило ...
Според изјавите на министерот Николовски за хотелот-дивоградба на Мијалков, очигледно ДПМНЕ уште мислат дека се опозиција, иако две години имаат апсолутна власт на централно и локално ниво, изјави членот на Левица, Круме Богев. Целосна лага е дека хотелот на Мијалков во Охрид се гради согласно урбанистичките правила и тоа министерот за транспорт добро го знае. Фактите се следни: Прво, хотелот на Мијалков нема решение за одобрување на ...
Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој во реално време ќе можеме да следиме што се случува во областа на сајбер безбедноста и навремено да реагираме на потенцијалните закани“, истакна министерот Андоновски. Одговарајќи на прашање за значењето на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода. Оваа донација ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој. “Не постои повистински начин да се одбележи Денот на свесноста за аутизмот, од тоа да се вложи во подобрување на условите, поддршката и ...
По период на застој, денеска започнаа градежните работи на еден од најголемите електроенергетски проекти во последните десетина години. Поставувањето на камен-темелникот на 400 kV интерконективен далекувод меѓу Северна Македонија и Албанија го означува рестартот на проектот кој е од стратешко значење за енергетската стабилност и регионалната интеграција. Проектот е дел од паневропскиот Коридор 8, кој ќе овозможи директно поврзување на ...
На 8 април, во Филхармонијата ќе се одржи Велигденски концерт, со почеток од 20 часот. Како солисти ќе настапат сопранот Катерина Стојановска, тенорот Исмет Вејсели и баритонот/бас Иван Наумовски. Ќе диригира Најден Тодоров од Бугарија, кој важи за еден од најистакнатите диригенти во регионот. Ќе учествува и хорот „Про арс“, подготвен од диригентот Сашо Татарчевски. На програмата се две познати дела од светската класична музика. Вечерта ќе ...
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 4. април 2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот. Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз. ...
Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата беа донесени следните заклучоци: Денес во Министерството за економија ...
Во вчерашното гостување на Телма, Александар Николоски повторно го посочи прстот кон Левица како виновник за растот на цените на квадратот, тврдејќи дека поради нашата ʼхистеријаʼ квадратот ќе достигнел и над 5.000 евра. Ова е чист обид да се замагли реалноста со апсурди алиби за неспособноста на ДПМНЕ да ја раскине врската со урбанистичката мафија, рагираат од Левица. Го потсетуваме Николоски и јавноста: Во Македонија секој трет стан е ...
Во недела, на 5. април ќе се одржи 14. издание на „Авицена Женска Трка“. Стартот и целта на трката ќе биде во 10 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Во периодот од 9 до 11 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а ...
Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и Народниот правобранител, Фатон Сељами, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и институцијата Народен правобранител. Со Меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на поефикасна заштита и почитување на човековите права и слободи, јакнење на владеењето ...
На 02.04.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.04.2026 околу 18 часот во домот физички го нападнал неговиот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 01.04.2026 во СВР Скопје, 30-годишна жена пријави дека околу 17:30 часот во домот на подрачјето на Карпош била физички ...
„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој ...
На 02.04.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.04.2026 околу 18 часот во домот физички го нападнал неговиот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 01.04.2026 во СВР Скопје, 30-годишна жена пријави дека околу 17:30 часот во домот на подрачјето на Карпош била физички ...
“Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите”, изјави Јавниот обвинител Ненад Савески. “Но, она што сакам да го истакнам е дека Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе ...