Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
По повод 80-годишнината од основањето, Драмскиот театар ја најавува својата најнова премиера. На 21 април ќе се одржи праизведбата на претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Ликови и актерска екипа во претставата „Мачкина глава“ се: Спиридон – Рубенс Муратовски, Марија – Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ѕвездан – Филип Трајковиќ, Симон – Александар Степанулески, Сара – Сара Климоска, Џорџ – Игор Ангелов, ...
Македонскиот стрип ќе биде претставен на меѓународниот фестивал „Цртани романи шоу“ (CRS), што ќе се одржи од 17 до 19 април во Загреб, Хрватска. Во рамките на настанот, со поддршка од Министерството за култура и туризам, ќе учествува стрип-промоторот Томе Трајков. Трајков, заедно со хроничарот Александар Стеванов, ќе одржи панел-промоција на тема „Македонскиот стрип има минато, сегашност и иднина“. Фестивалот ЦРС (CRS) е еден од ...
Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и континуирано работиме на подобрување на процедурите и зголемување на довербата во здравствениот систем, изјави министерот за здравство Азиру Алиу. Согласно извештајот – во здравството уделот на жалбените решенија изнесува 2,43%, што е под вкупниот државен просек од 2,88 отсто. При тоа најголем дел од спорните точки се поврзани со ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и соодветно вреднување на нивниот труд. Фактот што луѓето кои ја создаваат и чуваат културата се принудени да протестираат е јасен показател за негрижата и потценувањето што со години го трпат од институциите. Наместо системска поддршка, сведоци сме на импровизации, партизација и игнорирање ...
На 15.04.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, 23-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А.. На 16.04.2026 во 03:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода З.Ј.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. На 15.04.2026 во 16:50 ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, дека на 17.04.2026 со почеток од 15.00 часот и 18.04.2026 со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба чија цел е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се ...
СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење на сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Пријавата е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, како и управителите на „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“ ДОО, поради основано сомнение за сторени повеќе кривични дела. Постојат основани индиции дека: Во ...
Општина Чаир ја информира јавноста дека сите ангажмани се реализираат врз основа на јасни законски процедури, договори и конкретно извршени услуги. Секоe ангажирано лице има дефинирани обврски, а секоја исплата е евидентирана, документирана и целосно проверлива. Општината не практикува, ниту ќе дозволи фиктивни ангажмани или исплати без реална основа. Во обид да се пренасочи вниманието од суштината, се пласираат политички конструкции кои ...
На 18 април 2026 година, во Парк „Авионче“, ќе се одржи Sakura Festival, културно-едукативен настан, кој има за цел да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена програма. Настанот ќе се реализира од 12 до 15 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на интернационални култури. ...
Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства. Ова не е прв пат, истото Мицкоски го правеше и во Собранието. Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против политичките неистомисленици. Наместо да се занимава со обезбедување услови за ...
Делегација на Собранието во состав на пратениците Петар Ристески и Фатмир Битиќи учествуваа во работата на седниците на Постојаниот комитет и на Генералната комисија за економија, инфраструктута и енергетика на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) што се одржа на 15 април 2026 година во Софија, Бугарија. Седниците се одржуваат во рамките на Бугарското претседателство со ПСЈИЕ 2025-2026. Со ...
„Образованието е најмоќното оружје кое можете да го искористите за да го промените светот.“ Долго време во нашата држава се правеа експерименти со нешто што не смее да биде предмет на импровизација, со образованието. А токму образованието е фундаментот врз кој се гради секое општество. Кога се прават погрешни чекори тука, последиците ги чувствуваат генерации, не само денес, туку и утре. Долго време, високото образование трпи големи штети ...
Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Министерот нагласи дека во партнерство со „K&S Скопје“ веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување ...
По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија. Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски, реагираат од СДСМ. Според информациите со кои располагаме, Никола Груевски нема да добие азил ...
Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте и тоа не само меѓу земјоделците, туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реагираат од Левица. Деновиве до Левица пристигнаа сведоштва од внатре, според кои десетици вработени се прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како форма на одмазда и ...
Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Денеска – 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Во петок – ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA. Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал ...
Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Без иднина“, изработена според делото „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд. Претставата ја обработува темата за растењето, првите судири со себе и со светот, како и тишината што често ги следи тие моменти. Низ спомени и фрагменти од минатото се отвора простор за разбирање на младоста, промените и неизговорените прашања. Приказната на сцената се раскажува и преку движење, ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково ...
Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, денес со воена свеченост беше одбележан Денот на Командата за обука и доктрини (КОД), ден кога во 1992 година е примен првиот регрут во редовите на Армијата. На свеченоста, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска постхумно го одликува Анастас Коцарев со орден „Илинден – 1903 година“. “Имам особена чест постхумно да го одликувам Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот исклучителен придонес во афирмирањето на идејата, заложбата и борбата за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Коцарев е човек од знаење, научник од светски глас и неспорна почит, творец и истражувач чии ...
Скопје денес беше домаќин на висока меѓународна делегација од европските градови Кемниц, Гориција и Нова Горица, потврдувајќи ја својата посветеност кон зајакнување на европската културна соработка во пресрет на титулата Европска престолнина на културата 2028. На средбата присуствуваа градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна и Џозефин Хаге, како и вршителот на должноста амбасадор при Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау. ...
Изложба “Тефтер Гари” на Виолета Силјан, КИЦ Скопје, 16.април, 20 часот Нашата уметница Виолета Силјан возљубената штитеничка на духовноста на Гари, природата ја дарувала и заштитила токму заради мисијата што ѝ ја доверила, па преку состојбата на духот и свеста сопствена, ликовно „проговори за истите чувства на предците и гордоста нивна и опстојот нивни. Значи, возвишен момент за чувствата и пркосот вечен, за непокорот, восхитот кон ...
Грејната сезона официјално завршува утре, на 15 април и почнува т.н преоден период кој ќе трае до 30 април. РКЕ известува дека греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура ќе биде еднаква или пониска од 12 степени, тогаш снабдувачот ќе мора да обезбеди греење од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да ...
На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 19 часот, во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи. Изложбата опфаќа 30 дела изработени на картон и алуминиумски лим, со мотиви инспирирани од крстови, пејзажи и кочанското поле. Драган Верговски-Алпи е советник конзерватор и автор со богато творештво и долгогодишно искуство во заштита на културното наследство. Изложбата е ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со тоа дека Груевски треба да одговара и пораката до опозицијата, изјави: „Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен ...
Дебитантскиот игран филм „17“ на Косара Митиќ ја доби наградата за најдобар филм во натпреварувачката програма „Нови режисери“ на 44. Интернационален филмски фестивал на Уругвај што се одржа од 30 март до 12 април. Годинава на Фестивалот, традиционално организиран од Кинотеката на Уругвај на локации во Монтевидео и во уште неколку градови, како што се Флорида, Канелонес, Роча и Сан Хозе, беа прикажани над 200 филма од 67 различни земји, меѓу ...
Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше за улогата на дијаспората во демократскиот развој и институционалното застапување. Во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи важноста од справување со причините за миграција, подвлекувајќи ја потребата од креирање на одржливи политики што ќе обезбедат поголема застапеност на ...