Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. ,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...
За бизнис интересот на Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка. Кога Мицкоски вели децении дека е спремен да чека, еве ја позадината. Антикорупцискиот тим на СДСМ открива уште една алка во мрежата на Мицкоски и министерката за енергетика Божиновска. Додека државната ЕСМ генерира загуби од над 100 милиони евра годишно, увозот на струја расте, граѓаните плаќаат поскапа струја власта тера црни бизниси. Сања ...
ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и остана – само формална одлука без никаква ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ...
Денес станува сè појасно дека со Вреди на власт, не само што нема развој, туку се уриваат и проектите и достигнувањата градени со години. Секој неуспех се прикрива со слаби оправдувања, со фабрикувани изговори и со пропаганда која ги третира граѓаните како да не разбираат што се случува. Откажувањето на делницата Требеништа – Ќафасан од Коридорот 8 е јасен доказ. Пред еден месец велеа дека шириме невистини, дека проектот не е загрозен и дека ...
„Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (14 – 17 век) – Патувањето на парите“ е насловот на изложбата подготвена од м-р Даниела Николова што ќе биде отворена денеска во 17 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Белград. Присутните ќе ги поздрават директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, директорот на турскиот Институт „Јунуз Емре“ во Белград, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл и авторката Николова. ...
Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и ...
На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...
На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и ...
Од Хавана до Скопје – Ален Перез заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција „Ла Оркеста“ на 16 април во Националнаа опера и балет ќе не’ понесе на незаборавно патување низ салса, тимба и џез. Скопје ќе биде дел од „Ла фиеста тур“ на Перез, музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени. Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...
Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Mathias Corvinus Collegium“ (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција. На средбата со премиерот Орбан беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Разговорите се одвиваа во ...
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал ДЕТЕЛИНКА“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите, “, порача градоначалникот на Општина Центар, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Н.Е. Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката на Република Македонија, Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, претседателот Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...
Агенцијата за филм промовираше значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно.“ Проектот се реализира во соработка со Cineplexx и предвидува бесплатни кино-проекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно. Секој понеделник во 18:00 часот, љубителите на седмата уметност ќе имаат можност ...
Утре, на 31 март, во 12 часот во градската библиотеката ќе се одржи промоција на делото: „Не правете го тоа во мојот автомобил“, чиј автор е Емил Крстески, наш познат новинар, политиколог, прозаист и сликар, доктор на политички науки. Крстески досега има објавено шест дела на тема: меѓународни односи и надворешна политика и две збирки: „Три дена во Париз“, (преведена и на српски јазик), и „Флик ен флак“. Има реализирано и три самостојни ...
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, што ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Северна Македонија. Манифестацијата ќе започне денеска во 20 ч. со ...
На 29.03.2026 во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно ...
Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети. “По усвојувањето на записникот од 36-тата седница на Советот на јавните обвинители, под точка 2 од дневниот ред Советот го разгледа известувањето за нарушување на самостојноста во извршувањето на функцијата поднесено ...
„Длабоко во себе“ е изложба која е дел од инклузивен креативен проект по повод Меѓународниот ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам. Изложбата ќе биде отворена на 31 март (вторник) во 11 часот во Чифте амам. Ликовната уметност е важна за развојот на децата. Тие ги развиваат својата имагинација и способноста за креативно размислување, учат да комуницираат преку цртежи и бои и на невербален начин се искажуваат подобро и поубаво ...
Годинашното издание на Саем на мебел, кој се одржа од 25 до 29 март во комплексот Борис Трајковски под слоганот „Инспирација за секој дом“, привлече бројни посетители – над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот. Во текот на петте саемски денови, манифестацијата ја потврди својата позиција како еден од најзначајните настани во областа на домувањето, дизајнот ...
Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини ,потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација помеѓу институциите преку софтверската платформа Меморандумот има за цел да обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните ...
По дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната D12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок, информираше Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите на граѓаните. Паралелно, во тек е ...
Априлската програма на Кинотека на Македонија претставува внимателно куриран филмски мозаик во кој се преклопуваат историската меморија, авторската естетика и современите општествени дилеми. Овој репертоар не функционира само како календар на проекции, туку како концептуална мапа што го исцртува континуитетот и трансформацијата на македонската и европската кинематографија, од нејзините пионерски чекори до актуелните авторски изрази. Уште на ...
Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна. Можат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва. Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања. Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во ...
На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом, со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа ...