Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед. “Дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба. По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитки до сите граѓани, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба во секое семејство. Тој истакна дека овој празник доаѓа по еден месец посветеност, жртва и размислување, како момент со посебна духовна и општествена вредност. „Рамазан Бајрам е повик за зајакнување на вредностите што нè обединуваат – солидарноста, разбирањето и грижата за еден со друг. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека официјално е отворен нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство. Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош. Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки ...
На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од КЗ. В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел ...
Денеска кога се одбележува Денот на екологијата и Денот на пролетта , во галеријата на НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 12.30 часот, со промоција на збирката хаи[бун]накуа „Разбудена вода“, ќе биде отворена „Будна вода“- изложба на слики од Дијана Петкова. Циклусот „Будна вода“ опфаќа четириесет дела, но само дваесет слики работени во техниката акрилик на платно и комбинирана техника, но ќе бидат изложени само дваесет дела. ...
По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна ...
Додека државата плаќа 239 денари по оброк за најранливите категории граѓани, или 1,5 милиони евра за 375.000 оброци годишно, реалноста откри срамна и понижувачка слика каде наместо топли оброци корисниците на „народните кујни“ добиваат суви оброци, паштети, нарезок и сокчиња што не одговара на договореното мени меѓу државата и „Парти сервис лео“, фирма која го добила тендерот. Ова отвара сериозни сомнежи за злоупотреба на државни средства и ...
Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, момчето кое ја прегази Фросина Кулакова. “Врховниот суд на РС Македонија, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата ...
Постои Платформа за рушење на СДСМ осмислена од ВМРО, фатени во криминални скандали и без резултати, повторно се обидуваат да го рушат СДСМ од внатре, истакна денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа посочи дека по разоткривањето на бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“, следува координиран обид за дефокус и рушење на СДСМ од внатре. „Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација. Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа ...
Бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката се шири со нова алка. Поранешниот градоначалник од ВМРО, Ацо Ристов, чија сопруга Данка Ристова е избрана за членка на Судскиот совет, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. И Ристов како Мицкоски имал бизнис со хидроцентрали. Своите луѓе Мицкоски ги става во клучните институции, сега и во Регулаторната комисија за енергетика – телото кое директно одлучува за цената на ...
Собранието денеска ќе ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. Ненад Савески е роден 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, каде што ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Од 2016 година е судија во Основниот ...
Протестот на ССМ организиран и логистички поддржан од СДС доживеа целосно фијаско. Протестот е доказ дека граѓаните не паѓаат на евтини политички сценарија и злоупотреби на СДС, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ. Според ВМРО-ДПМНЕ, Синдикалниот протест се покажа како лошо режирана партиска претстава на СДС во кој ССМ послужи како параван за очајните обиди на СДС да проба да се врати во игра. Наместо вистински работници на протестот беа партиски ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка и Крушево како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи, со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари. По спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, до ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против две правни и седум физички лица за ...
Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар денеска ја отвора официјалната програма на фестивалот (Seoul International Monodrama Festival 2026) во Сеул, Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март во организација на театарот (Samilro Changgo Theater) од Сеул. Овој театар е историски исклучително важен „мал театар“ кој се смета за центар на алтернативната и современа сцена во Јужна Кореја. Со меѓународниот фестивал посветен на ...
На 16.03.2026 во 22:20 часoт во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Ј.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна вонбрачна 35-годишна партнерка дека ѝ упатувал закани. На 16.03.2026 во 20:30 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.И.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна сопруга дека ...
Денес од Дубаи се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток, информираат од Министерството за надворешни работи. Летот е предвидено да слета попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје. Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605. Претходно беа ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи, ...
На 18 март, од 19 часот, во „Лабораториум“, целовечерен поетско-музички настан по повод Светскиот ден на поезијата, во организација на Издавачкиот центар ТРИ. Градот доаѓа на сцената на „Лабораториум“ – 30-тина истакнати македонски поети од сите генерации ќе настапат со своите стихови. Ноќта е посветена на зборот, а секако, неразделна од зборот е и музиката. “Ќе ја оживееме оваа врска обединувајќи ги стиховите на поетите со музиката на ...
Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. “Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март ...
На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од ...
На новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Петре Шилегов одработува за ВМРО и за внатрешна поделба на партијата. „Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, поради тоа што и тоа мислење беше сослушано. Тука станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. После сите наши проверки на информации стигнавме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со ...
“Очигледно дека постои договор, кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДМНЕ да истера два мандата, за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Исто така, се докажа и второто мое тврдење дека, за жал, партијата е кадровски целосно исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе ...
Во големата сала на галерискиот простор Чифте амам, на 17 март 2026 во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „А“ на уметницата Олгица Антовска. Поставката е конципирана како долг полиптих од осумнаесет платна, поставени на бела позадина, продолжени во нишите на просторот и четири поврзани циклусиво кружни и елипсовидни форми кои претставуваат своевидно движење, патување на водата, интегрирана како жив субјект. Основната идеја врз ...
Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Шилегов, од членството на партијата. Во живо од Кочани на 4ТВ, Шилегов нагласи дека одлуката на Извршниот одбор на СДСМ да иницира негово исклучување од членството на партијата ќе ја коментира во текот на денешниот ден. „Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, ...
Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека ...
„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието. Според податоците на ОЕЦД, повеќе ...
Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените. Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата. Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување на ДДВ на основните прехранбени ...