Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека првин во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. На 15.03.2026 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(45) од кумановско село затоа што физички ја ...
Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Кочани, по повод една година од згаснувањето на 63 млади животи. Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на ...
Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на ...
На 16 март 2025 година во трагедијата во дискотеката „Пулс“, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денеска 16 март, 2026 година се поставени 63 празни столчиња во сеќавање на големата трагедија и големата загуба. Општина Кочани организира тридневна комеморативна и духовна програма: богослужби, отворање на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“, симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ и мурал „Ѕид на ...
Дентов синдром/Dent syndrome МКБ N 25.8 Преваленца (распространетост): непозната Дентовиот синдром е ретко генетско нарушување на бубрезите кое се карактеризира со појава на повеќе протеини во урината, покачени нивоа на калциум во урината, калцификација во бубрезите (нефрокалциноза), повторливи епизоди на бубрежни камења (нефролитијаза), и на крајот, хронична бубрежна болест. Симптомите обично се појавуваат во детството, но некои пациенти ...
Со силна енергија, креативност и голем интерес од публиката, во Скопје успешно се одржува првата регионална tattoo конвенција Artist Republic 2026, која викендов ги обединува најдобрите тату артисти од регионот и светот. Настанот се одржува во хотел „Александар Палас“, каде десетици уметници и љубители на тату културата создаваат уникатна атмосфера исполнета со уметност, креативност и инспирација. Во текот на првиот ден од конвенцијата, ...
Стенд ап на Душка Мушиќ во Паблик рум, “Мали су ми на врх главе” 16 април, со почеток од 20.30 часот. Со новиот стенд ап на Душка Мушиќ “Мали су ми на врх главе” ќе имате прилика да се запрашате за сексот тоа што никогаш не сте се прашала, а таа ќе ви објаснам дали е подобро да имаш мал и широк или голем и долг, која поза е најдобра ако сте а) машко преку 100 килограми и б) женско преку 100 килограми, зошто питата кромпируша е единствен ороз ...
Во текот на изминатото деноноќие на подрачја на повеќе градови во државата евидентирани се седум пријави за семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода. На 14.03.2026 година, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека подоцна и сопругот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти. Во своето обраќање, Муцунски ...
На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДС. Ова е само доказ дека синдикалците не се организирале ...
Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката. Мрежа која Антикорупцискиот тим на СДСМ континуирано ја открива пред јавноста. Иван Куковски е човек близок до семејството на Мицкоски, а претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска. Мицкоски систематски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетиката – неговиот омилен ...
Министерот за здравство, Азир Алиу одржа завршно обраќање на денешната Меѓународна конференција посветена на „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. Оваа конференција ни покажа дека заедничката интерсекторска соработка е двигател на промените во системот. Имавме можност да слушнеме различни аспекти и механизми на справување со настани од ваков тип, а ги споделивме и лекциите кои нашата ...
На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“. Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се носи детална урбанистичка документација за просторот околу Калето, со што се отвораат ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со австриска делегација предводена од Амбасадорката Елизабет Корнфајнд, генерален директор за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од Југоисточна Европа. Средбата беше уште една потврда за посветеноста на двете земји кон ...
Левица ја изразува својата целосна поддршка за утрешниот работнички протест. Во услови на континуиран раст на цените на храната, енергенсите и основните животни трошоци, барањето за зголемување на минималната плата не е политички каприц, туку елементарно прашање на опстанок за десетици илјади работници и нивните семејства. Според податоците на Управата за јавни приходи, околу 160.000 работници во Македонија живеат со плати под прагот на ...
„Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20%, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој ...
Домашни и природни производи, лековити билки и традиционални вкусови од рурална Македонија пристигнуваат во градот. Билкилајф-Центар за хербализам, туризам и одржлив развој го организира настанот „Од рурално до урбано“ – Саем на домашни и природни производи, кој ќе се одржи на 14 март 2026 година во Јавна соба во Скопје. Настанот има за цел да ги приближи руралните производители до урбаната публика, создавајќи простор за промоција на ...
На 14 и 15 март, Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција Artist Republic 2026, која ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Настанот ќе ги обедини најталентираните тату артисти од регионот и светот, претворајќи го главниот град во вистински центар на тату културата, уметноста и креативноста. По две години настани со сличен концепт, годинашното издание го надминува локалниот формат и прераснува во регионална конвенција ...
Утре, на 14 март, во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во разговор во поткастот „Каде се парите,” со новинарот Горан Теменугов, зборуваше за актуелни прашања поврзани со работењето на Уставниот суд, за предмети кои се од висок интерес на јавноста и за приоритетите во неговиот мандат. Во врска со предметот во кој е оспорен член 218 од Законот за извршување, а се однесува на можноста физички и правни лица да си ги наплатат долговите од ...
Театарот за деца и младинци од Скопје утревечер во 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – девојчето од Хирошима кое, по трагичните последици од атомската бомба, стана светски симбол на мирот, надежта и волјата за живот. Низ ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. ...
Денеска во Собранието се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани, на која Претседателот Африм Гаши имаше свое обраќање. “Драги и почитувани семејства, пријатели и роднини на жртвите од трагедијата во Кочани, Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки туку изгубија и ...
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел ...
Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина слета третиот авион со патници кои беа успешно евакуирани од земјите од Блискиот Исток. Станува збор за патници од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин, кои кризниот регион го напуштија од King Khaled International Airport во Ријад, до каде што беа транспортирани по копнен пат со организиран превоз. На аеродромот во Приштина патниците ги пречека министерот за ...
АЛПОРТОВ СИНДРОМ/ALPORT SYNDROME MKБ-10 Q87.81 ПРЕВАЛЕНЦА – ИНЦИДЕНЦА – инциденцата на овој синдром е приближно 1/5 000 до 1/10 000 новороденчиња. Алпортовиот синдром е сериозна, ретка, наследна генетска состојба која се карактеризира со заболување на бубрезите, губење на слухот и абнормалности на очите. Луѓето со Алпортов синдром доживуваат прогресивно губење на бубрежната функција. Речиси сите погодени лица имаат крв во урината ...
Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија. На изложбата ќе биде претставено современото австриско сликарство инспирирано од пејзажи, урбани мотиви, флора и фауна. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорот на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. ...
Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен Суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот Суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца, реагираат од ВЛЕН. Употребата на албанскиот ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го промовираше помошното игралиште изградено на стадионот на ФК Шкупи, инвестиција реализирана целосно од буџетот на Општина Чаир, која создава современи услови за тренинг и развој на фудбалот. Игралиштето е изградено на површина од околу 3500 м² и е опремено со вештачка трева според современи стандарди, систем за дренажа и целосно осветлување, што овозможува негово користење во текот на целата ...