Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури. Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање. Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот ...
На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...
Изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели претставува прв програмски проект на Националната галерија за 2026 година. Проектот ќе се реализира во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Хрватска на покана од ...
Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Ете толку од „мерката“ на Мицкоски. Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант, се наведува во соопштението на СДСМ. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Вово Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија. Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на своите последни активности на оваа локација ...
Промоција на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски во Бистро Комедија (бистро на Театар Комедија), на 25.03.2026, во 18 часот. „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски е несекојдневен роман од повеќе причини. Ако ништо друго, барем од причина што ретко се случува во книжевноста времето како физичка категорија да е главен лик. Токму ова се случува во оваа книга, а нам ни преостанува да му дадеме неколку дена „време“ на времето ...
На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) упати итно предупредување до јавните здравствени установи во Македонија кои располагаат со апарати за магнетна резонанца, да направат проверка на своите резерви на хелиум и навремено да обезбедат дополнителни количини. Причината е можен прекин во снабдувањето на европскиот пазар, како и значителен раст на цените поради актуелните геополитички тензии поврзани со ситуацијата во Иран. Хелиумот е клучен ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати. Цената на дизелот се зголемува за 3,5 денари, а бензините остануваат со непроменета цена. Максималната малопродажна цена за ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 86,5 ден./литар, а цената за ЕУРОСУПЕР БС 98 изнесува 88,5 ден./литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 92 ...
На барање на Министерството за внатрешни работи, Фондот контролираше 80 лица со вкупно 514 боледувања. Од Фондот за здравствено осигурување соопштија дека се контролирани 80 лица и вкупно 514 боледувања, од кои се: -утврдени неправилности кај 100 случаи (19,5%) – неправилности кај 29 лица (37%) Контролирани се и: 105 приватни здравствени установи, јавни здравствени установи, ПЛК/ВЛК комисии. Најчести неправилности се детектирани се: ...
Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион. Конкурсот е отворен од 24 февруари до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо верзија (mp3 формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови – односно ...
Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња Лајка ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се ...
Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство ...
Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје. Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на ...
Денес Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерство за животна средина и до Министерство за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Ова не е апстрактно правно прашање. Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат. Билјанини извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка ...
Проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар не е нов. Тој постои повеќе од 30 години. Не затоа што комплексот бил лошо испланиран, туку затоа што градот се развил околу него, а со тоа драматично се зголемил притисокот врз просторот. Дислокацијата на Клиничкиот центар се споменува најмалку 20 години. Но дури и утре да започне изградбата на нов комплекс, реално би биле потребни околу 20 години за постепено да се префрлат сите клиники и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи со остатоци од кашест снег се бележат на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Владата вчера на вонредна седница одлучи да се намали данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок. Премиерот Мицкоски даде одговор на прашањето зошто Владата го избра моделот на намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, наместо барањата за намалување на акцизата. “Слободниот проток на нафта е нарушен. Постојат држави кои се соочуваат не само со ценовни шокови, туку и со недостиг на нафтени деривати за ...
Во текот на продолжениот викенд 19/22 март, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници. Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични ...
Пред неколку дена објавеното истражување на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ ни соопшти бројки покрај кои не смееме да поминеме како да станува збор за обична статистика. Истражувањето, спроведено на примерок од 1.040 полнолетни испитаници, покажува дека 37 отсто од граѓаните малку веруваат дека можат да добијат еднаков третман во јавното здравство без познанства, плаќање или друг вид коруптивни практики, ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од ...
Во Културно-информативниот центар во Белград утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ од Ангел Коруновски. Серијата дела е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, делата даваат визуелна форма на човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава. ...
Туристичкиот сектор во Македонија продолжува да бележи значајни успеси. Најнов пример за тоа е Konak Hilltop Lodge & Villa кој во соработка со Sky Macedonia официјално влезе во реномираниот Good Travel Guide за 2026 година. Проектот успешно го помина процесот на евалуација „GTE Scan“ со максимален резултат од 100 поени, што значи дека понудата е целосно усогласена со принципите на одржлив туризам. По повеќемесечна подготовка, анализа, ...
На 21 март, на Самот на книга во Лајпциг ќе се одржи промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин. Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води германскиот новинар Ерик Мар. Романот „Одбројување“ во издание на Или-Или е добитник на наградата ...
Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. Таа го поздрави холистичкиот пристап во работата на здружението во функција на континуирано унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром. Во поддршката на родителите и ...
“Процесот на обединување на ВЛЕН сега влезе во фаза на смели и неповратни одлуки. Она што се сметаше за политичка неопходност сега добива конкретна форма како резултат на консолидираната волја за изградба на единствен, заеднички и репрезентативен субјект. Одлуката на Алтернатива да се придружи на новиот политички субјект ВЛЕН, само го потврдува она што веќе им е јасно на сите што го следеа овој развој одблизу. Процесот на обединување започна ...
Министерот за здравство, Азир Алиу на заедничката прес-конференција со претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев и шефот на Канцеларијата на СЗО во Македонија, д-р Аким Али, како и претставници на УНИЦЕФ и УНФПА ги презентираа резултатите од најновиот извештај на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценка на смртноста кај децата за 2025 година. – Согласно наодите од извештајот, нашата ...
На 22.03.2026 (недела) во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од ...
Верниците со исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и милоста. Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во Македонија. ...