На вчерашната седница на Централниот одбор, претседателот Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата. Преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните ќе биде подготвена финалната верзија на Програмата која ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот Конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи на 7 јуни. За нови членови на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на маргините на 14-тиот состанок на Специјалната работна група за реформа на јавната администрација, кој за првпат се одржува во Брисел. На средбата се разговараше за напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформата на ...

На 27 март 2026 година, на Светскиот ден на театарот, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи премиерата на современата танцова претстава „Диво месо“. Претставата е сценска адаптација на култното драмско дело од Горан Стефановски. Режисер и концептуален автор е Борче Начев, кореографијата ја потпишуваат Александра Кочовска-Начева и Елена Антонова-Петровиќ, а музиката е дело на композиторот Албин Сопа, кој го ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра. Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 ...

Од самото формирање на Регулаторната комисија за енергетика, па сè до денес, изборот на нејзините членови континуирано се одвива по партиски клуч, под превез на наводна независност и експертиза, реагираат од Левица. Наместо институција што ќе биде коректив на пазарот и заштитник на јавниот интерес, РКЕ се трансформираше во механизам преку кој се носат одлуки со директно влијание врз цената на струјата, горивата и услугите, но на штета на ...

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за ...

Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби. Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат: Безбеден простор за споделување Емоционална поддршка Техники за справување со стрес и ...

На 25.03.2026 во 08:40 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Г.(42) од Скопје по претходна пријава дека на 24.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг. На 24.03.2026 во 23:00 часот во охридско, полициски службеници ...

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираат на односот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кон новинарот на ТВ Канал 5, кој на вчерашниот јавен настан наменет за медиумите, наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, избра потценувачки и дисквалификувачки однос кон новинарите. На директните новинарски прашања, Славески изјави дека ...

Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, што не беше случај со последниот настан поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово, случај што Советот ...

На 28 март, во 12 часот, “МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева на интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Изложбата „Истокот е сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, која се отвори во февруари 2025 година во Музејот на современа уметност „Метелкова“. Куратори на изложбата се: Бојана Пишкур, Мартина Воук (МГ+ММСУ, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна дека се дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети. „Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе ...

Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда (01.04.2026), организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст. Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 година. Со оваа проектна ...

СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законски императивниот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески, реагираат од СДСМ. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог ...

Денес јасно се потврди дека еден политички субјект, односно ДУИ, се обидува да ја манипулира јавноста со неточни информации за Плоштадот „Скендербег“ и територијата на Општина Чаир информираат од општината. Објавените снимки од страна на наведениот субјект не се однесуваат ниту на овој плоштад, ниту на територијата на Општина Чаир, туку на друг сегмент во зоната на поранешниот „Мост“, кој е надвор од надлежностите на Општина Чаир. Ова е ...

„Ние играме многу тивко, анализираме, мериме пред да пресечеме и не правиме естрада од ништо. Едноставно ги движиме работите напред, тоа е нашата стратегија. Значи не сакаме премногу естрада, галама, бука, туку едноставно сето тоа да биде одмерено, и да не се случува некоја хистерија со која ние ќе станеме здодевни кај граѓаните и претенциозни, тоа не ни е желбата. Тоа не е добро. Затоа се трудиме на овој начин да ги водиме политиките“, вели ...

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година. „Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за ...

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец, претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER. Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...

Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. „Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме ...

Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје. Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и ...

Општина Карпош во соработка со лиценциран психолог/гешталт психотерапевт, м-р Тиана Ивановска, од следниот месец организира бесплатни анонимни групи за поддршка на жени жртви на семејно насилство (физичко, вербално, психолошко, емоционално, социјално и економско насилство). Проектот ќе ги опфати сите засегнати жени жртви на семејно насилство кои се жителки на Карпош. Заинтересираните ќе може да се јават на 071/771-420 и на 075/431-572 да го ...

Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор. Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да ...

Општина Карпош во соработка со лиценциран психолог/гешталт психотерапевт, м-р Тиана Ивановска, од следниот месец организира бесплатни анонимни групи за поддршка на жени жртви на семејно насилство (физичко, вербално, психолошко, емоционално, социјално и економско насилство). Проектот ќе ги опфати сите засегнати жени жртви на семејно насилство кои се жителки на Карпош. Заинтересираните ќе може да се јават на 071/771-420 и на 075/431-572 да го ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со ...

На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. -Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е договорено намалување на цената на горивата со ОКТА, изјави: „Да во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор до генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што денеска ќе имаме, од денеска практично 3 денари попуст на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Рутениум

55395.74

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Калај

49.88

Сребро

2840.84

Родиум

324722.54

Иридиум

253540.09

Паладиум

49215.93

Цинк

3.44

Злато

166450.52

Платина

66712.80

Бакар

12.14